Home Архитектура Предавање – Архитектурата на Чикаго Тогаш и Сега

Предавање – Архитектурата на Чикаго Тогаш и Сега

1,638 views
0

 

На 12 мај, вторник во 18:00 ч. во просториите на Американското катче (American corner) кое е сместено во Библиотеката Браќа Миладиновци, професорот Rolf Achilles од Art Institute of Chicago, ќе одржи предавање на тема:

Chicago Architecture Then and Now

 Buckingham Fountain Harold Washington Library

Чикаго е веројатно еден од ретките места во тој дел од светот кои би сакала да ги посетам, посебно што лајт мотив уште додека студиравме на факултет ми беше архитектурата. Како град на модерната архитектура, асоцијацијата веднаш ме упатува на некои клучни зборови: домови, места, паркови, фонтани, куќи, музеи, делата на Луис Саливен (Louis Sullivan) и Френк Лојд Рајт (Frank Lloyd Wright) …

Emil Bach House, by Frank Lloyd Wright

Можам да наредам едно чудо филмови чие дејствие се случувало помеѓу оваа волшебна архитектура, или барем бил снимен дел од сетингот. Меѓу последните на кои ми текнува е The Lake House со Кијану Ривс (Keanu Reeves) и Сандра Булок (Sandra Bullock) кој како филм не е ништо посебно, но сепак плотот сместен помеѓу гордата и секогаш своја архитектура на Чикаго му додава една топла нишка на целото дејствие. Посебно една од најдраматичните сцени која е снимена на скалите од Фондацијата за архитектура која и самата нуди преку 70 различни тури за посетителите кои како туристи секоја година доаѓаат од различни делови на светот за да го посетат овој град. Верувам дека ова ќе биде интересно предавање, какви што се впрочем и многу често настаните во Американското катче.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here