Home Антропологија Научен симпозиум за “Деновите на Јустинијан I”

Научен симпозиум за “Деновите на Јустинијан I”

1,729 views
0

 

Четврти пат по ред во Скопје помеѓу 11-24.05.2009 ќе се одржи веќе традиционалната културно-историска манифестација “Денови на Јустинијан I“. Во организација на Културно-информативниот центар (КИЦ), а во соработка со Институтот Евро-Балкан, на 11-12.05.2009 во рамките на овој настан ќе се случи научниот симпозиум под наслов “Византиското-културно историско наследство и Македонија“. За жал Институтот Евро-Балкан кој стои зад овој собир има разочарувачки непрегледен и неапдејтуван сајт, на кој воопшто не можете да ја пронајдете годинешната програма.

Од она кое јас го добив како агенда за овој дводневен симпозиум, можам да кажам дека ќе биде мошне интересно бидејќи има два момента. Теми кои на необичен начин го третираат византиското наследство во Македонија и групација на текстови кои хронолошки опфаќаат скоро се, освен секако византискиот период. Па ќе сретнете презентации на тема: “Јазични и образовни споредби”; “Стереотипи за Балканот како хронотоп во современата народна политика”; “Науката во служба на политиката – Одредување на линијата на грчки интереси во османската Македонија” итн … Навистина не знам што бараат наведениве реферати во склопот на византиското наследство во Македонија, меѓутоа знам дека хајлајт на целата конференција ќе биде презентацијата “За зборовите антиквизација и букефализација“, додека во меѓувреме Јустинијан I во чија чест се одржува целата манифестација, ќе се превртува во гробот.

Во секој случај ги поканувам сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат. Ако не друго, барем ќе научат што не треба да направат кога самите ќе се пријават на некој симпозиум со зададена тематика.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here