Home Антропологија Glocal 2009 – Inside Social Media (call for papers)

Glocal 2009 – Inside Social Media (call for papers)

2,670 views
2

 

Трета година по ред во организација на Њујорк Универзитетот Скопје се распишува конкурс за текстови во рамките на Glocal конференцијата овој пат под насловот: Inside Social Media. Темите се со прилично широк дијапазон кој овозможува мултидисциплинарен пристап, па верувам дека како секоја година и оваа ќе има неверојатно интересни и скокотливи  презентации. Според официјалната агенда на сајтот, а и според дел од организаторите, се очекува предлозите за текстовите да пристигнат до 10 јуни, додека настанот е планиран  за 15-17 октомври 2009.

Минатата година на Glocal2.0 отидов со темата ,,Blogging Archaeology: Creating an Open Access Source for Knowledge (PDF)“. За сите оние кои не беа во можност да присуствуваат лани, се течеше во најдобар ред, со добра организација, одлични презентери, многу забава и дружење, и overload информации од светот на блогирањето, комуникациите и медиумите. Очекувам годинава настанот да биде на уште повисоко ниво, знаејќи го тимот кој стои зад организацијата на конференцијата.

Овој пат фокусот на мојот интерес се врти околу топикот “From transition to antiquization, beyond the New media in Macedonia. Навистина би било штета да се пропушти ваквото архивирање на цела една плејада медиумски  on line харикири текстови за археологијата, со чија помош презентацијата ми е веќе направена без да мрднам со прст.

Повикот е отворен за сите кои се заинтересирани да учествуваат како партиципанти. Верувам дека повеќето ќе се пронајдат во некоја од предложените теми.

2 COMMENTS

  1. Фала за убавите зборови, си поставивме тешка задача, и нешто ми кажува дека сме на пат да ја исполниме, ама сепак рано е. Ќе праиме муабет на есен за детали 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here