Home Археологија Писмо од Македонија – Како да го поседувам Александар Македонски

Писмо од Македонија – Како да го поседувам Александар Македонски

1,700 views
3

 

Во едно од најпознатите и најпрестижните списанија на интернет за археологија Archaeology Magazin, пред извесно време се појави едно Писмо од Македонија. Авторот кој е freelance новинар се осврнува на неколку проблематични точки од осамосталувањето на Република Македонија, кои ја допираат и археологијата како наука. Нашиот спор со јужниот сосед за името, ветото за влез во НАТО, правото над територијата на Кралството на Античките Македонци, трагањето по нашиот идентитет пред се антички за сметка на долго прокламираниот словенски, застарената методологија на македонските археолози, одбивањето на соработка со другите земји, катастрофални изјави со плеткање на политиката во археологијата и склоност кон сензационализми.

Имајте во предвид дека е ова само краток абстракт, а напишано е многу време пред да се случат пронаоѓањето на гробот на Александар Македонски и детектирањето на неговиот дух со помош на сомнителни енергетски ентитети. Претставени сме како некоја недоџија, таму богу иза трегера со фејкерско третирање на археологијата како наука, кое е застарено дури и за некои минати системи.

Па добро бе да му се сневиди, ова Писмо од Македонија никогаш не би требало да биде објавено, посебно не во списание од рангот на Archaeology Magazine. По интернетов ќе сретнете едно чудо коментари и реакции на него, што агресивни, што издржани. Но писмото немаше да биде напишано, да не беше реалната апсурдност на ситуацијата со која се соочуваме во однос на политизација на археологијата. Од моја страна би бил излишен било каков коментар, освен следниот:

Во Македонија постојат уште 400 други археолози чие мислење не допира до јавноста, а уште помалку се почитува и веќе тапреку-напреку само од двајца-тројца кои даваат интервјуа и изјави во името на сите македонски археолози. Тоа не прави уште понеспособни отколку што сме, оти за воља на вистина македонската археологија е моментално на кристални нозе. Да не речам на кристална штикла. И тоа античка.

Во моментов се срамам што сум македонски археолог. Ќе одам некаде да се скријам, да се покријам преку глава и да си ја скршам титулата.

3 COMMENTS

  1. […] “На многу од овие склуптури им недостигаат раце или гла…“(цитат). На што ли се симбол овие фусноти во македонската историска одисеја на својот пат кон вечната транзиција, кога ова се зборови запишани како констатација од страна на најпопуларното списание на интернет за археологија. Треба многу да внимаваме како ја презентираме нашата археологија и историја, оти во спротивно ќе бидеме сфатени несериозно, со делување кое во голема мера се приближува на карикатуралноста која ете вака сегментирано ја отсликува мудрата маркетиншка кампања во складот со девизата на Линколн – Стори што  можеш, каде и да си, со тоа што го имаш. […]

Leave a Reply to Архео пресек низ 2009 » Археолошки дневник vol.2.1/2 © Cancel reply

Please enter your comment!
Please enter your name here