Дома Археологија Археолошкиот дневник слободен за симнување под лиценцата на Криејтив Комонс

Археолошкиот дневник слободен за симнување под лиценцата на Криејтив Комонс

14,845 views
6

Кон првиот македонски археолошки он-лајн дневник

Во експанзијата на блоговите во Македонија, не се јавија премногу разновидни блогови, оттаму зачудуваше што многу други науки немаат свои “блог-експозитури“, а има блог за археологија. Оваа археологија онлајн  не привлече само стручњаци од нејзината област, привлече и многу луѓе чии афинитети се мистиката, историјата, религијата – теми кои се нужно испреплетен и со самата археологија.

Многу наши поафирмирани археолози може да и завидат на авторката на нејзината пишувачка дарба, која нејзините лични “откритија“ умее да ни ги напише на еден “научно-популарен“ стил, многу префинет, многу јасен и прецизен, пред се,  разбирлив за пошироката интернет публика. Често дополнето  со “артефакти“, како фотографии, аудио-видео материјали, направија нејзиниот блог да се стекне покрај научната, едукативната и со атрактивна димензија.

Лично, причината поради која прифатив да напишам неколку зборови за “археолошкиот дневник“ на Василка е и нејзиниот светоглед  кој е на високо естетско ниво, пра-етички , неоптоварен од провинцијалното мегаломанство, идеолошката преоптовареност или вулгарната политизација која, како и во останатите општествени сегменти е прилично присутна.

Од рецензијата на
Алекс Букарски
(http://bukarski.com)

Летото господово 2000-та година во Струга добив една книга со Амин да ја прочитам. Пораката која ми беше притоа кажана (истата која ја пишува и на нејзината задна корица), се обидов да ја пренесам во модифицирана форма во контекст на овој медиум. Мислам дека успешно ја одбегнав замката сите овие години да бидам само уште една репликација на македонските весници и секојдневието кое не опкружува. Се надевам дека преку Археоблогот успеав барем делумно во обидот на сите вас да ви ја пренесам идејата оти археологијата не е само наука за минатото и мртвите луѓе. Дека е присутна помеѓу нас во секое време и во секаков облик. Всушност с(ветот)е` околу нас е археологија.

Сметам дека (не)грижата за културното наследство претставува лична карта за интимната хигената на една персона и на една нација кон своите корени. Но во богатиот и колоритен свет на визуелната перцепција, јас сум само една алатка во методолошката постапка при откривање, евидентирање и презентација на културното наследство кое му припаѓа на целиот свет. Мојата работа не е да ви се допаѓам на вам, ниту на било кого. Мојата работа е да бидам археолог. Затоа и се нафатив да го демистицирам полека македонскиот етнос кој како хард-диск со текот на вековите апсорбирал кодови и ги вткал во сопствениот фолклор.

Официјалното лого на Археоблог made by
Panta Rei

Во оваа книга се наоѓаат избрани текстови кои се напишани на arheo.blog.com.mk во рок од 7-8 месеци додека блогирав на таа платформа. Тие не го отсликуваат во целост моето мислење, заради тоа што во конципирањето на книгата повеќе се одеше на научно-популарни текстови. Со сите пропратни печатни и граматички грешки нормално е дека книгата има мани, но 21 век кога светот стана глобално село, знаењето не треба да се крие, туку за се споделува. За еден подобар свет. Затоа оваа книга е подарок од мене до сите вас. А ќе ги има и понатаму, во хард копи или е-форма.

Караници по блогосферата, контроверзии, селења на повеќе платформи, едно чудо кодови, паѓање на севрвери, губење на постови, повеќе филијали на археоблог од кои некои на моите колеги како и на организацијата која ја создадовме … Сепак издржав и после 4 години сум се уште тука. Им благодарам на сите луѓе кои изминативе години ме читаа, ми коментираа, ме подржуваа,  оф лајн ме дружеа, посебно на оние кои березервно ми помагаа, ме советуваа и направија Археоблогот да добие една форма приемчива за секого. Ја добив првата битка во игрите без граници на војните без солзи. Show must go on …

За оние кои сакаат хартиена верзија истата можат да ја нарачаат тука. Печатеното издание го објави издавачката куќа „Аквариус пет“ во едицијата „Блог записи“. За останатите Археолошкиот дневник конечно во електронски формат, со додадена рецензија од Букарски и под лиценцата на Криејтив Комонс слободен за симнување од сајтот на www.cc.org.mk.

Симни ја книгата во е-верзија
Формат: пдф/2.9 МБ – Превземи

Додаток:

Kраток осврт на: www.metamorphosis.org.mk и на www.mk.wikipedia.org за книгата. И фала на Ирина Шумадиева за целата помош околу обработката и поставувањето на делото на сајтот на cc.org.mk.

[youtube]QUOT_jCOtLc[/youtube]

 Интервју за SKY NET (сега НАША) телевизија по повод промоцијата на Археолошки дневник.

Клучни зборовиАрхеолошки дневник, Арвена, блог, археологијакултурно наследство, книга, превземање, лиценца, Криејтив Комонс, Метаморфозис, Македонија, Archaeological diary, Arwena, blog, archaeology, cultural heritage, book, download, licence, Creative Commons, Metamorphosis, Macedonia

6 КОМЕНТАРИ

  1. Zdravo,jas sum Milan Pacemski ziveam vo skopje inaku sum po poteklo od Vladimirovo -Berovo.Bi sakal da mi pomognes okolu edna rabota od tvojata struka.Mojot tatko e honoraren novinar vo vesnik i kako i sekoja godina i ovaa bese vo Vladimirovo i resil da pisuva revija za seloto,vo razgovor so nekoi od postarite selan doznal deka vo okolina na seloto imalo sedum ili osum arheoloski lokaliteti pa bi sakal da mi kazes dali nekade si sretnala takov podatok,porakata ti ja pisuvam jas bidejki toj e postar i tesko mu odi so kompjuterive,a i sakam da mu pomognam.Te molam ako nesto doznaes pisi mi na mail milanpacemski@yahoo.com.
    odnapred blagodaram

Leave a Reply to GoodBytes

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име