Дома Археологија Духови, гробови и останати салтанаати

Духови, гробови и останати салтанаати

12,074 views
16

Постои еден сајт за кој сите блогери одамна знаеме дека е фејк. Служи за забава и на него секој може да си направи вест и да ја дистрибуира како вистинска, прележувајќи ги на пример своите пријатели за 1ви април. Но ова што се случува изминатиов ден навистина го досегна дното на македонскиот медиумски простор. Имено, на истиот овој сајт со граматичка неписменост во падежите од српскиот јазик, измислени топоними и “археолошки грешки во чекори” беше лиферувана вест дека е откриен гробот на Александар Македонски. Покрај тоа што “некој” од непозната природа си поиграл со јавноста, најголемата трагика е што наседнаа сите посериозни медиуми во Македонија. Ако воопшто постои медиум кој би можеле да го наречеме сериозен.

A1 – Пронајден гробот на Александар Македонски?
Кирилица – Пронајдена гробницата на Александар МакедонскиП
Форум – Сензација или лага: Пронајдена гробницата на Александар Македонски?
Net Press – Гробот на Александар Македонски откриен на македонско-грчката граница?
MINA – Gravesite of Alexander the Great found?
Dragan Varagic – Srpski blog prvi objavio vest o pronađenom grobu Aleksandra Makedonskog

Живееме во епоха кога само ни се чини дека контролата на информациите е огромна. Новите медиуми се меч со две оштрици и треба крајно да се внимава со шпекулациите. Не смееме да заборавиме дека тие се бесплатна алатка до која сите имаат пристап. Така секој може во исто време да конзумира, но и да “произведе” информација. Станува невозможно да се контролира протокот на информации кој доаѓа од толку многу различни извори. Живееме во време кога секој прави или пишува сопствена историја. Дајте ми и на мене 2-3 податока, и јас ќе ви конструирам каква сакате археолошка вистина.

За да биде се во знакот на нашата антиквизација, пред некој ден во медиумите се појави уште една несериозна вест која му оди во маркетиншки прилог на историчарот Донски за неговата нова книга. Имено, тој минатата година посетил извесен медиум во Америка кај кој отишол на спиритуална сеанса и притоа се појавил духот на Александар Македонски во својство на негов предок. Духот зборувал на “разбирлив” јазик и кажал се, освен каде се наоѓа неговиот гроб. Пу јаз`к, а можевме стварно да го најдеме.

Како прво секоја информација се проверува од најмалку три различни независни извори. Побогу, па тоа го знам дури и јас, а не сум ни новинар. Да се дистрибуира вест од рангот на било што поврзано со археологијата без одење на терен, па макар тоа биле гробот и духот на Александар Македонски химселф, е на границите од небулозата. Додека не се проверат сите опциии и не се отстрани било каква можност за сомнеж, научната јавност треба да биде лишена од вакви турбулентни емоционални медиумски опсервирања.

Претпоставувам дека историчарите и археолозите ќе молчат и за овие настани, како што молчеа за Првата плескавица во светот, Бакарната книга, Хунзите и Калашите, Каменот од Розета итн… А нема ништо полошо од молчењето и игнорирањето, бидејќи на тој начин молкум се потврдуваат нечии хипотези и теории. Полека но сигурно чекориме кон аксиомата “Како земјата од секогаш била наша” која има за цел на општата публика да и пружи една прошетка низ историјата на Македонија од палеолита до Тита. Само што во неа временските исечоци не се занимаваат баш со “безбедни теми”, па настануваат куршлуси како горенаведените.

Она што заслужува критика е разбирањето на историјата како наука на митови без грешки и ломови и вметнување на елементи кои доволно ја реметат и онака кревката “пропишана наша македонска еволуционистичка шема”. Немаме потреба да лажеме – вистината ни е сосема доволна, ма каква и да е таа. Иако, националните митови на сите европски земји од Грција до Шведска, се скоро идентични. Сепак, со вакви несериозни информации на светот му даваме погрешна претстава дека го јакнеме својот идентитет (пред се античко-македонскиот), но во отсуство на наука, научни трудови и археолошки ископувања. И не ми е јасно зошто мораме преку техника на самодефиниција низ порекнување, да потврдуваме било каков идентитет.

За крај, мислам дека е редно македонските новинари од редакции за култура кои пишуваат на тема историја–>идентитет, да се едуцираат малку повеќе на полето на археологијата како наука за минатите, но и за сегашните општества. Еве јас се нафаќам да им одржам еден семинар или работилница. Ако треба и гратис. 😀

Апдејт (15.04.2009): Медиумската топка почна да се спушта на земја:

Фокус [Бг] – Паско Кузман: Твърдението за намерен гроб на Александър Македонски е невярно
Фокус [Бг -eng.] – Pasco Kuzman: Allegation for found tomb of Alexander of Macedonia is incorrect
Канал 5 – Пронајден гробот на Александар – патка на српските интернет медиуми
Дневник – Српски блогер се пошегува со Македонија
Вечер – ШЕГА, ПРОВОКАЦИЈА ИЛИ… Пронајден гробот на Александар Македонски?!
Утрински – Сензација околу, наводно, откривање на гробот на Александар Македонски

Текстот e поставен на интерактивниот сервис Кајмак.от. За постот можете да гласате тука.

Клучни зборови: Василка Димитровска, археологија, ископување, блог, информација, гроб, Александар Македонски, сензација, дух, новости, медиуми, нови медиуми, Македонија, Vasilka Dimitrovska archaeology, excavation, blog, information, grave, Alexander the Great, sensation, spirit, media, new media, Macedonia

16 КОМЕНТАРИ

  1. обавезно семинарче – нешо ко омекшивач .. само со тоа нема да имаме чисти алишта .. овде ќе треба даска за перење и сапун у рака – па трлај трлај трлај …

  2. Не семинар, не работилница, вечерна школа треба! Само прво треба да се деконтаминираат од турбо-патриотизам и да повторат основни лекции од новинарство и мајчин јазик.
    Многу добар текст, секоја чест.

  3. Новинарите се дел од Т.Н.Р. главен ток во општеството и во ситуација на општа моронизација и банализација не може од нив да очекувате чуда. Обука е добар старт.
    Но, потоа треба да следи сериозна деконструкција на главниот ток, кој во моментов е диктиран од политиката. Единствената таква деконструкција може да се изведе само со помош на стручни дебати. Тие мора да бидат фацилитирани од страна на медиумите, но да не заборавиме дека медиумите во суштина се плитки и секоја медиумска активност која се одработува само еднаш речиси и да нема ефект. Особено ако се земе предвид дека „Бранителите на идентитетот“ веќе се добро распоредени.
    Тоа не смее да застане тука. Мора да се оди подлабоко. Јавната дебата не може да ја замени стручната затоа што само таквата може да навлезе подлабоко и со научна методологија да се порази дискурсот на создавање на виртуелна историја која потоа создава виртуелна стварност која речиси сите ја прифаќаме како реалност.
    Но, од некаде мора да се почне.
    Ќе се почне ли?

  4. @ Џаман

    Кај и да е домаќинскиве препораки ќе треба да почнат да се спроведуват, нема друго чаре. Само после тоа да не отиде се “низ водата”.

    @ Љубо

    фала за коментарот, сметам дека пред овакви настани не треба да молчат ниту професионалците ниту засегнатите институции. Но испаѓа дека кај нас “молчењето е злато” и тоа некој дебело го наплаќа. Да навистина ни е потребно ДДД – Дезинсекција, Дезинфекција и Дератизација во идеологиите но и во матриците.

    @ Роберто Беличанец

    Не се толку медиумите криви, колку што е отсуството на археолозите во јавноста со свои ставови и изјави, како лица кои се професионално платени од државата да се грижат за нејзиното културно наследство. За дебатите си апсолутно во право бидејќи јас не се сеќавам дека во последно време имало некоја јавна археолошка дебата на одредена тема. Кога ќе размислам добро, не се ни сеќавам дека воопшто имало било каква јавна дебата, посебно на темите кои се од социјално-политичкиот интерес за држава како Македонија. Треба да се почне, ама како? Кога секој наш чекор напред, “традиционално” не води кон три наназад.

  5. Медиумите мене многу ме изненадија со крајно непрофесионалниот однос, а мислев дека не можат да ме изненадат / зачудат веќе. Па си мислам, намерно вака се однесуваат, оти во спротивно ќе мора да се согласиме дека се ептен „боси“, а со такви медиуми…

    И како доказ дека сагата продолжува, ете денешна вест од А1, која би требало да се однесува на природните науки, но кога со начинот на кој што е пренесена е безнадежно уништена. Коментирав таму да вработат барем научник . новинар кој би знаел што да напише, ама слабо слушаат. Толку.

  6. […] Од друга страна, научно-ориентираниот блог Археолошки дневник ја документираше целата афера, нудејќи преглед и на сензационалистичкото покривање (вклучително и од највлијателната национална телевизија А1 ТВ), како и на потрезвените вести за настанот. Авторот на овој блог, археологот Василка Димитровска, напиша: […]

  7. Se soglasuvam so vas za seto ona sto go procitav,no samo edno da vi kazam ova drzava uste ne funkcionira i nema da profunkcionira se dodeka imame vakvi novinari i vakva opozicija.Ne sum partiski oboen no samo lud covek moze da kaze deka onie na Branko bile podobri od ovie na Nikola.Luge moi koga ovaa vlada ja prevzema vlasta , prezama drzava na “stakleni noze” vo koja se bese unisteno pa zar da ne e taka jas koj imam 32 godini i ni eden den staz i seuste sum nevraboten vaka bi razmisluval. Dajte luge osvestete se, sega e sansa da gi kaznime site onie sto prvo mislea deka Makedonija ne treba da bide nezavisna drzava, a potoa namesto da ja nadgraduvaat tie ja unistija. Da gi ostavime ovie da si ja rabotat svojata rabota bidejci od avion se gleda deka ne se site isti i deka ima posteni luge vo ovaa mala no ubava drzavicka.

Leave a Reply to Архео пресек низ 2009 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име