7th April 2009

Кои не сме ние

posted in Археологија, Историја, Лично |

 

Материјалната култура е елемент врз кој во голема мера се темели археологијата и како таква е основниот извор на знаење за општествата од минатото и од сегашноста. Но археологијата како наука може да биде сфатена и како знак, стил, идеологија, митологија, друштво, текст… Ова последното е веројатно и најпроблематичниот став, најмногу поради тоа што самата историја на археологијата во голема мера се темели на отсуството на писмо (записи), а најмногу врз присуството на предметите.

Кога ќе се пронајде еден артефакт на археолошко ископување, тој веднаш се документира. Покрај фотографија, обавезно му се земаат должината, ширината и висината. Но сите археолози по ископувањето всушност ја забораваат и четвртата димензија на артефактот. Таа димензија не зборува, но ни покажува каде е местото на тој предмет во долгиот континуум од човештвото и колку може да биде долга човечката меморија. Времето е релативно, исто како и нашите мисли, додека предметите се конкретни. Концепцијата предмет -> време тогаш би  ја опфатила обсервацијата – дека предметите имаат две природи. Онаа која ја гледаме и допираме, и онаа која стои во позадината на оваа перцепција.

Ако е времето четвртата димензија, тогаш веројатно петтата би била концептот за неговото создавање. Така синтезата на еден археолошки запис ќе се состои од место, време и човек. Зад секој предмет стои човек кој го создал. Во отсуство на историски записи, неговата спиритуалност и мисли се заробиле во него и оставиле доволно отпечатоци во реалниот свет за да бидат дешифрирани. Но постои еден недопирлив дел од материјалното наследство кое го генерира она допирливото и низ чија иницијација се постигнува нивна сублимација. Релацијата помеѓу недопирливото и опипливото културно наследство е нераздвојна. Вистинското депо за едно наследство всушност е човечкиот мозок, а телото е само инструмент со кое тоа стапува на сила и се материјализира. Кога сме веќе кај телото, како посебна тема на мој интерес во овој контекст е: ,,Човечкото тело низ историјата како културно наследство“, но видена низ призмата како процес на инкорпорирање на нематеријалното (умот) во материјалното (телото).

Ако историјата делумно и во ограничена мера може да ни одговори на прашањето “Кои сме ние”, тогаш археологијата дефинитивно во многу поголем обем а со многу помала контроверзност, ни кажува “Кои не сме ние”. Но нели доблеста беше во различноста? Или можеби во сличноста … Или само не потсетува на тоа дека културните разлики се она што не прават “луѓе”.

Bookmark and Share

There is currently one response to “Кои не сме ние”

Why not let us know what you think by adding your own comment! Your opinion is as valid as anyone elses, so come on... let us know what you think.

  1. 1 On April 7th, 2009, ribaro said:

    антропологија на човечкиот ум од археолошки аспект.

Leave a Reply

Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes