Home Археологија Црква на плоштад треба да има, ама не било каква

Црква на плоштад треба да има, ама не било каква

3,859 views
6

 

Навистина се загрижив за културното наследство на Република Македонија, откако го прочитав последниот пост на Жарко. Имам чувство дека нешто пропуштив во целата оваа папазјанија со  градењето на цркви на плоштадот во Скопје. Си мислев дека протестот на 28 Март 2009 бил организиран за да го изразат луѓето своето мислење за одредени архитектонски решенија, а излезе дека бил против црквата. Написот на сајтот на МПЦ кој е посочен во постот, а извесува за настанот од саботните протести е навистина комичен. Директен доказ за twisted side of the history. Има многу траекторија од моментот кога ќе се потегне идејата да се обнови еден храм како Св. Константин и Елена чии темели и денеска стојат под ГТЦ, се до паролата на студентите “Не го силувајте Скопје“. И не ми е јасно само од каде се создаде прашањето за возобновување на храмот до чии остатоци може да се пристапи преку подземната гаража на ГТЦ, наспроти она што се случува сега, или би требало да се случи, а тоа е градење на потполно нов храм под закрилата на “Св Никола” со локација која воопшто не кореспондира со гореспоменатата.

“Постојат” ли доволно стари скопјани кои го паметат времето пред да биде изграден Градскиот Трговски Центар (ГТЦ) во Скопје? И како тој изгледал со сите свои пропратни архитектонски објекти. На местото од денешна Стопанска Банка и Орка Спорт на влезот од ГТЦ постоела црквата Св. Елена и Константин. Нејзиниот влез гледал во куќата на Мајка Тереза чии маркери и денеска фала богу постојат на плоштадот. Една од ретките работи кои вистински сведочат дека оваа жена физички живеела во едно Скопје чиј дух никогаш нема да се врати. И не треба, затоа што е страшно кога историјата се повторува и се врти во круг. Ама како тргнала работава и овие маркери многу бргу ќе ги прегази времето со проектите кои се предвидуваат во иднина. Па кога веќе зборуваме за нив и за тезата дека црква на плоштадот треба да има, би сакала луѓето прво да си одговорат на прашањето:

1. Дали сакаат да се возобнови црквата Св. Елена и Константин која постоела на местото од денешниот влез во ГТЦ и не била никогаш дел од она што сега се нарекува плоштад Македонија? или

2. Дали сакаат да се изгради било каков објект на она што е сега плоштад Македонија, а кој би ги задоволувал критериумите да биде црква?

Повеќето од ентитетите кои се засегнати (како оние кои работат во МПЦ и во заштита на културното наследство) и дебатираат на оваа тема внимаваат што ќе одговорат, не се конкретени и претежно се трудат да завземат неутрален став. За оние кои научиле што сакаат во животот, одговорот е едноставен и не се движи помеѓу ДА или НЕ.

Јас не сум за црква на плоштад, барем не нова. Ако не постои храм на “сред село”, не значи дека духовноста е оттуѓена од луѓето. Впрочем до сега храмовите ги граделе луѓето. Од луѓето за луѓето. Она кое останало во колективната свест тешко се брише, исто како што тешко се бришат обичаите, имињата и некои топоними кои живеат со столетија и покрај тоа што физички престанале да постојат. И во таа колективна свест стои запишано дека се додека постојат оригиналните темели на некој црква, како што е случајот со Св. Елена и Константин, таа се возобновува над нив. Ни полево, ни подесно. А да не зборуваме за фактите ако под неа уште и постојат темели од постар храм. Тука гледам се освен религиска неутралност, со проект при кој ќе падне секуларноста на една држава која потоа ќе треба да го разгледува прашањето за возобновување на Бурмали Џамија чии остатоци (изграфитирани и уништени) се уште се наоѓаат во Градскиот парк. Елем, и тоа е дел од наследството на овој регион сакал некој или не.

Не сакам нова црква на плоштад! Ако веќе треба да постои црква, тогаш сакам да се возобнови “Св. Константин и Елена” чии темели се уште постојат под сегашниот ГТЦ-Скопје. До нив се стигнува преку една врата од подземната гаража и тоа е еден проект кој долго стои заташкан по лавиринтите на МПЦ, додека низ Скопје се подигнуваат разно разни градби кои личат на божемни храмови.

Што значи – не треба да градиме ново. Само ќе треба да “срушиме” дел од старото и пак ќе го имаме истото. Епа, наздравје!

Bonus track (во 2 варијанти): Данило Коцевски – Црквата „Свети Константин и Елена“ е одраз на минатото на Скопје (1, 2)

Клучни зборови: плоштад, протест, реакција, поддршка, архитектура, црква, Св. Константин и Елена, медиуми, политика, Скопје, Македонија, square, demonstration, reaction, support, architecture, church, St. Konstantin and Elena, media, politics, Skopje, Macedonia

6 COMMENTS

  1. Го прочитав твојот текст и да ти кажам искрено до вчера го делев твоео мислење,што се однесува на оној дел, дека не ја гледам итноста да се гради црква на плоштадот. За темелите на некоја стара црква во ГТЦ сега прв пат прочитав.И би сакала да знам зашто баш мора да се гради црква секагаш на остатоците од претходно постоечка црква.Можеби сум лаик за оваа тематика но моето мислење е дека би требало да може да се изгради црква на некое ново место без црквени корени. А што се однесува до протестите пред некој ден ,е тука навистина не можам да бидам начисто со мотивите ,ниту на оние што протестирале ,а уште помалку на оние што поддржувале.Тука многу работи не се јасни и сега останува само на медиумите да ја надуваат работата, да и дадат некое значење, па така народот да фати некоја страна што зависи,нормално ,од тоа која телевизија се следи.

  2. Pottiknat od napisot se javuvam so svoe mislenje. Roden sum vo Skopje i vo periodot 1953-1963 ziveev vo Vlaskoto sokace, potocno na ul. Kozjacka br.3, na potegot megu t.n. crkva Sv. Nikola i crkvata Sv. Konstantin i Elena. Ubavo e da moze da se obnovi crkvata Sv. Konstantin i Elena no toa ne e mozno bidejki nejzinite temeli denes ke gi najdeme pod GTC. A ako nekoj saka da gradi druga crkva i na drugo mesto togas toa e nesto drugo. Znaci da ostavime na strucnite lica da si go kazat svojot zbor

  3. Колку само прекрасни работи може да се направат од тоа разрушено црквиче. Да имаше некој акл па да ставеше подземен тунел во ГТЦ уште горе кај продавниците што те води до црквичето заградено од сите страни како во пештера, совшрена тишина во центарот на центарот на градот. Па може и да му акнеш горе стакло да придушува звуци и да пропушта светлина и да може да се гледа од горе ГТЦ. Би било вистински бисер и атракција.
    Ама неее, наместо тоа – удри на мегаломански зданија, испрчи се насред плоштад да те серат гулабите, збутај византиска архитектура среде модернистичка и наокласична (тоа ли е Ристиќиева палата?), па додај уште и антички храм од страна и 30-метарски Александар што пее песни од Тоше и добиваш Забавен Парк Грујоленд.

  4. […] Не сакам нова црква на плоштад. Јавно се изјаснив и тоа го елаборирав во еден прилично долг пост, каде објаснив кои се причините за мојот став. Исто така повеќе блогери напишаа свое видување на оваа тема (1, 2, 3, 4). Но, ако веќе некој запнал да гради храм во сред центарот на градското јадро веројатно ќе се соочи со неколку факти, а тоа се: […]

Leave a Reply to Nikola Stolev Cancel reply

Please enter your comment!
Please enter your name here