Инфо
За мене
Vasilka Dimitrovska
Skopje, Macedonia
Archaeologist
and professional tourist guide
e-mail: info@arheo.com.mk


Следи ме
впиши ја твојата e-mail адреса


Препорачливо е сајтот да се гледа со Mozilla Firefox
Videos|Channels|Community





View milozvu4na's profile on slideshare



www.flickr.com
This is a Flickr badge showing photos in a set called Саат кулата во Прилеп. Make your own badge here.


Free PageRank Checker
Кажав и направив
Археоблог дел од:
Списанија




Join to my Facebook ARHEO Network

PostHeaderIcon Le temps du sacré (Свето време) – репринт

Или во поднаслов “ЗОШТО НЕ САКАМ ЦРКВА НА ПЛОШТАД“. Ова е репринт на еден мој постар текст како поддршка на истоимениот Протест закажан за 28 Март 2009.

Се што имам во животот сакам еднашка,
а се што сакам го губaм два пати.
Сонце или месечина
дуализам на природата.

Во мојот свет го живеам
моментот на посебноста.
Свето е тоа или профано
во истиот момент доловено.

Оваа моја дамнешна песна ме потсети на тоа дека кај старите народи покрај многу други детерминации, времето се делело на ,,Свето” и ,,Профано”. Веројатно најдобро од сите интелектуалци овој аспект го има елаборирано Мирча Елијаде во неговата истоимена книга каде преку антрополошки, феноменолшки и психолошки аспекти ни го претставува човекот како homo adorans.

Она што мене ме интересирало отсекогаш е како луѓето ги доживуваат сакралните објекти кои се наоѓаат насекаде околу нив. Светите места не само во Македонија, туку било каде, не постојат на страна од луѓето. Тие се градени од луѓе за луѓе. Во внатрешната природа на човекот е неговото тежнеење да ги спои профаното (историското, друштвеното, обичното) со сакралното (духовното, светото, мистичното, бесмртното) чие всплотување најчесто се одвива за време на празниците, кога во овие свети објекти е присутен човекот. Ова е веројатно и најголемата причина зошто тие претставуваат исклучителни примери на ,,живо културно наследство”.

Жртвата на Аврам - црква Св. Софија, фреска од XIII

Жртвата на Аврам – црква Св. Софија, фреска од XIII век

Сакралното културно наследство постои насекаде во светот. Но во Македонија, каде што се уште живеат припадници на голем број религии, сакралните објекти опстојувале и опстојуваат едни покрај други со векови како редок, ако не и единствен пример на коегзистенција во Европа и светот. Кога луѓето едно место ќе го означат како свето, тоа е ,,вакавско” од вајкада. Овој термин сепак не би го именувала како проколнато, бидејќи е тоа многу јак збор. Но би го детерминирала како – ,,предодредено”.

Постои една непишана прикаска кај археолозите која и порано ја имам раскажувано. Ако се пронајде некоја средновековна црква, под неа е голема веројатноста да постои “базилика”. Ако се ископува подлабоко одоздола ќе се најде “антички храм”, а ако се копа уште подлабоко можеби ќе се налета и на “неолитско светилиште”. Накратко – сакам да кажам дека она кое останало во колективната свест на луѓето тешко се брише, исто како што тешко се бришат обичаите, имињата и некои топоними кои живеат со столетија и покрај тоа што физички престанале да постојат. Многу е тешко со малку зборови да се успее да се долови светоста на едно место. Прашајте ги вашите родители за урбаните легенди кои кружат околу мистериозното умирање на работниците кога и да почнело на местото од возобновената Св. Богородица во Скопје да се гради друг објект кој не бил свет храм.

Шарената џамија - Tетово, XVIII век

,,После утринска молитва “, Шарената џамија – Tетово, XVIII век

Tретманот на еден сакрален објект во културен предел е од огромно значење. Покрај тоа што еден објект ќе се реконструира (значи ќе му се врати неговиот поранешен познат облик), исто така е од огромна важност каква ќе биде неговата функција во урбаниот простор на едно место, на пример во овој случај во едно градско јадро кое функционира самото за себе како сакрално-профано-културен пејсаж. Т.е. простор кој е од материјално, духовно и културно значење за една заедница. Во природата сите работи одат во пар, така да е скоро невозможно да се издвoи сакралното од профаниот простор кој го опкружува и со кој се сродил. Во 21 век со сите благодети на модерното време, светите места многу тешко го задржуваат својот автентичен карактер. А би требало. Инаку која би била причината повторно да се возобновуваат.

Духовноста во еден сакрален објект секој од нас ја чувствува на најразличен начин и со различен степен на интензитет. Според мене, секој човек носи по еден храм во своето срце. Тогаш зошто би му бил потребен објект на сред град, секому експлицитно да му го покаже тоа.

***
Во текстот се користени фотографии од каталогот за изложбата ,,Свето време” од Панче Велков.

Bookmark and Share

4 Responses to “Le temps du sacré (Свето време) – репринт”

  • „Според мене, секој човек носи по еден храм во своето срце. Тогаш зошто би му бил потребен објект на сред град, секому експлицитно да му го покаже тоа.„

    Најчесто, најдалечен е патот до сопственото срце…

    Не му треба на овој храм на духот, на светото, не се возгордува светото овде, не му треба нему споменик…

    Знаеш впрочем…

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат моите текстови и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска археолог

Пребарувај по сајтот
Translate from macedonian
Membership
Категории
Архива
Моето прво мета интервју
Археолошки дневник во:
Календар
March 2009
M T W T F S S
« Feb   Apr »
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  
Посети



Global Voices на македонски

Global Voices на македонски
Следи ме на Twitter

Twitter Updates

    follow me on Twitter
    Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes