Home Архитектура Ирина од Македонија

Ирина од Македонија

2,213 views
1

Црквата Св. Ирина се наоѓа во стариот дел од Истанбул, каде се лоцирани скоро 90% од културно-историските споменици на најголемиот град на Турција. Сместена е на потегот помеѓу црквата Св. Софија (едниот приод) и Палатата Топ Капи, место од каде 500 години се владеело со Отоманската империја. Поточно Св. Ирина се наоѓа во првото од четирите отворени дворишта на Топ Капи, од каде доаѓа и вториот приод кој води кон од комплексот на музеи (Археолошкиот музеј, Музејот на ориентални уметности и Музејот на исламска уметност).

Се смета дека Св. Ирина е првата христијанска црква во тогашен Константинопол изградена од царот Коснтантин, врз темели од постар не-христијански објект. Била обновувана некоку пати како последица од оштетувањата кои ги претрпела за време на земјотреси и пожари. За среќа (можеби поради близината на Св. Софија) не била никогаш претворена во џамија, но била користена како магацин за оружје се додека во 1846 година не е официјализирана како музеј во кој денеска можете да влезете исклучиво со најава.

Оваа црква во која се одржал Вториот Вселенски Собир е посветена на Великомаченичката Ирина: Првиот христијански маченик од Македонија. Но повеќе за тоа ќе дознаете од писанијата на Кибицерот. 🙂

Пред црквата Св. Ирина во еден дождлив “Константинополски” ден

1 COMMENT

  1. Преубава црква. Изградена е врз храм на божицата Афродита. Таа е еден од ретките објекти кои го имаат зачувано оригиналниот наос до денешен ден.

    Поздрав

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here