Home Археологија Проколната земја (втор дел)

Проколната земја (втор дел)

1,090 views
0

Песната од Мизар – Бело Море, само ме потсети дека  во рамките на Саемот на Книгата, во Матица Македонска, на 23 јануари  (17ч.) ќе биде претставен романот „Проколната земја“ од анонимниот писател Мирон Динков.  Читателите ќе имаат прилика да го запознаат и директно да позборуваат со авторот за болката на една земја. А во прилог следи дел од мојот осврт кон книгата …

Проколната земја од Мирон Динков е роман кој би требало да биде посветен на Македонија. Онаква каква што сме ја познавале и каква што всушност би требало да биде, а не каква што е. Ова е запис за многу човечки судбини, но за една болка. Болка која стихијно тлее во свеста на гените заробена во својата немоќ со столетија. Болка која никогаш не била вон фокусот на вниманието, иако многубројни настани ја менувале перцепцијата дека човекот не размислува за последиците од неговото создавање и уништување. Факт е дека некои болки ќе останат бесконечни. Веројатно најтешки се оние кои човештвото ги носи инкорпорорано во својата колективна свест, за да послужат како пример на идните генерации.

ПОВЕЌЕ

Kлучни зборови: Miron Dinkov, Prokolnata zemja, kniga, Matica Makedonska, Мирон Динков, Проколната земја, книга, Матица Македонска

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here