Home Археологија Дали се Пирамидите во Güímar попирамиди од оние во Босна

Дали се Пирамидите во Güímar попирамиди од оние во Босна

992 views
0

 

Би требало на блогот да отворам рубрика “верувале или не” каква што постои во Политикин забавник со оглед на дел од тематиката за археологијата каде и секојдневието ги руши границите за поимањето на науката.

Во пресрет на најавеното гостување на пронаоѓачите на пирамидите во Босна, текстот “Дали Тенерифе може да и помогне на Босна одново да ја напише историјата на пирамидите” ја објаснува една од најголемите мистерии на овие острови.

Откако биле пронајдени во 1990 година на Канарските острови, Пирамидите од Güímar се предмет на транс-атлантски хипотези за поврзаноста помеѓу сличните вакви структури кои постојат во Египет и Централна Америка. Овој линк за божемната интеракција на пирамидите од Güímar кој се движи помеѓу митот и реалноста придонесе се поголем број на туристи да се заинтересираат за нив и тие да станат дел од секојдневните факултативни тури на агенциите кои се нудат по островот.

Инаку овие пирамиди кои биле девет на број, а сега се шест, се направени од вулканска лава. За разлика од оние во Босна кои се уште не можеме визуелно да ги спознаеме, дефинитивно се man-made организирани во правоаголен облик со терасеста структура. Делкани се само однадвор да за се добие правилен облик на камењата кои се продукт на употребата на современата механизација во земјоделието од 19 век, што е докажано со археолошките ископувања

Сепак, ако некој појде до Тенерифе на одмор, молам да направи фотки од Пирамидиве!!! 🙂

Линк: Официјална страница на Пирамидите во Güímar

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here