Инфо
За мене
Vasilka Dimitrovska
Skopje, Macedonia
Archaeologist
and professional tourist guide
e-mail: info@arheo.com.mk


Следи ме
впиши ја твојата e-mail адреса


Препорачливо е сајтот да се гледа со Mozilla Firefox
Videos|Channels|Community





View milozvu4na's profile on slideshare



www.flickr.com
This is a Flickr badge showing photos in a set called Саат кулата во Прилеп. Make your own badge here.


Free PageRank Checker
Кажав и направив
Археоблог дел од:
Списанија




Join to my Facebook ARHEO Network

PostHeaderIcon Логото и слоганот од кампањата Timeless Macedonia (реплика)

 

Овој текст е сублимација на мојот коментар на постот на Бранка,  еднo од ретките добри и издржани мислења на тема: кампањата на Владата за туристичка промоција на Македонија, и  дебата на mkblog google групата. Тука го постирам исклучиво мојот став и мислење и тие не ги одразуваат ставовите и мислењата на корисниците на ова група.

Причината од кој јас тргнав во една мала истрага беа логото и слоганот на кампањата Timeless Macedonia. Да го оставиме за момент Милчо Манчевски на страна.

 Оние кои имаат доволно свежа меморија, во Хановер (Германија) од 1 јуни до 31 октомври 2000 година се одржa Светската изложба под името EXPO 2000. На ова EXPO2000 за прв пат нашата земја настапи со мотото “Македонија – Лулка на културата, земја на природата” илити Macedonia – Cradle of culture, Land of nature. Подоцна дел од кадрите во промотивните спотови на оваа кампања беа користени од филмот на “Идеа плус”, “Ден во Македонија”, снимен во 2000 година.

A Day in Macedonia (Part 1)

Оваа кампања со текот на времето станa заштитен бренд за инкаминг туризмот (со свој слоган и лого) од страна на Минстерството за економија (Сектор за туризам), а донекаде и на Министерството за култура. Тие се наоѓаат и на доста сајтови во Македонија кои се занимаваат со туризмот.

Слоганот и логото исто така се наоѓаат на многу книги, брошури, постери и сите останати туристички промотивни материјали кои се издале со текот на годините, а под тоа име настапуваат и туристичките агенции кога одат на промоција на некои од саемите во светот.

Тој слоган и лого се користеа долго време низ годините, вклучувајќи ја и 2006 година кога Македонија за прв пат се рекламираше на каналите на CNN пак со кадри кои го вклучуваат гореспоменатото видео, на кое имаше доста реакции по интернет дека: пак мораше СДСМ шаблонот да функционира на релација ИДЕА ПЛУС – Влада на РМ. По тој повод беше дадена следната изјава:

Спотовите за култура и туристичка промоција на Македонија под слоганот “Република Македонија- лулка на културата, земја на природата”, се за промоција на земјата за сите сезони, а ефектите би требало да ги осетиме следната година, велат од Владата.

(Капитал, бр. 348)

Потткнувачи и реализитори на таа кампања како и на оваа се Владата и Министерството за култура, во соработка со Министерството за Економија, сектор туризам. Па сега, нејасно е зошто би се менувал концепт кој постои, функционира (на мускули), воглавном е добар, иако е сепак релативно непознат на домашната публика заради слабиот PR и маркетинг. Може во одбрана да биде и ставот дека е наменет на публика надвор од нашата земја, но нејсе …

Тој слоган и лого го користеа (и се уште се поставени на сајтот) Exploring Macedonia кои стоеја зад кампањата на Јаху со Паско Кузман и Ричард Бенгс, секако под знак прашање со чии пари реализирана, што не е тема на моменталниов муабет.

Само 2 години по емитувањето на спотот на CNN и од јаху манијата со Ричард Бенгс за Македонија, ние имаме нова Влада, нова кампања со ново лого и слоган и нов спот кој исто така веќе се врти на каналите на оваа телевизија.

 

На кого како ќе му текне ли ќе се создава брендови и ќе си игра играчки со инкаминг туризмот на една земја, а? Прашањето за тендерот, зошто и дали притоа бил распишан конкурс за нов слоган и лого треба накнадно да се разгледа, но да не навлегувам во детали.

Поентата е што имаме исти играчи, во иста кампања, со иста цел и целна група, а се останато е различно. Дали можеби оваа промена оди во склад со владите кои се мометално на власт? Не за друго, ама бар по нешто да се разликуваат од оние претходните кои можеби и направиле нешто добро и паметно.

А и дали е воопшто паметно да се менува слоганот и логото на нешто кое одело долго време, оти примерите во светот сведочат дека некои логоа или слогани опстанале подолго во меморијата на човекот и откако самите производи или произведувачи ќе ги снема.

Искрено, немам ништо против Милчо Манчевски. Го почитувам човекот за се што сработил, вклучувајќи го и последниот спот за промоција на Македонија во Секторот Туризам. Ова појаснувам за да не бидам погрешно протолкувана дека го напаѓам Милчо. Не е прашањето спотот кое е своевидно мало ремек-дело, туку за сите позадинаски работи кои се случуваат, а не сме свесни оти се менуваат.

Во сета оваа новокомпонирана прикаска, квалитетот на Милчо, спотот и парите за него, се сосема споредни. Жал ми е што човекот наседна и се впушти во малограѓанските игри  во кои сите нешто се лупаат по гради за културното наследство. Милчо дури направил и добро дело со олку малку пари. Јас бев сведок на изминатиот симпозиум на археолоите кога некои мои колеги добиле дупло повеќе пари за ископувања на локалитети, а се што направиле е всушност сквернавење на културното наследство. Ископувања од кои  освен по некоја изложба на спорадично избрани артефакти, нема никогаш да видите конкретни резултати, обработени наоди, научни трудови и публикувани книги. Ама ќе видите прекопан локалитет кој само само 2 години е спремен за божемна туристичка експолатација. Нели, се во име на некои повисоки цели.

И да не е ова кривично дело по закон, поточно да е дозволено во границите на промоцијата да секоја нова влада оди со своја лична кампања за туристичка промоција на земјата,  ова може само да доведе до негативни последици. Онаа Македонија која ја препознаваа до сега како туристичка дестинација имаше лого и слоган кој е прилично реален, за разлика од сегашниов “Macedonia timeless” кој е нереален и не враќа во едно минатото без трунка надеж дека би можел да важи за иднината. Нов е и неконцептуален. И пред се нема свои корени, ниту историјат. Пак ли ќе  играме на картата на уникатноста на културното и природното богатство само за да бидеме посебни? Па сите земји на светов, сите етноси, сите етнички ентитети сами по себе се уникатни. Аман доста веќе!!!

Нели е подобро да ја претставиме Македонија онаква каква што е во моментов, каква што ја знаеме, во рамкте на сопствените можности без да изградиме митологија околу неа. Да не се лажеме дека се Грците подобри од нас. Па дури и еден Толкин во неговата трилогија ,,Господарот на прстените” успеал да смисли митологија која е поубедлива и ,,држи” повеќе отколку грчката.

Во склад со последната колумна на Катерина Блажевска од Дневник (Клаату барада никто) се прашувам дали првата кампања која е заштитена како бренд и оваа новава се однесуваат на истата Македонија (1, 2, 3)? Оти јас оваа втората создадена од митови, прикаски и легенди не ја препознавам. И без неа имаме доволно материјал за туристичка промоција на нашата земја.

Bookmark and Share

2 Responses to “Логото и слоганот од кампањата Timeless Macedonia (реплика)”

  • Natka says:

    Се’ најубаво во Новата Година! :-)
    Се читаме!

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат моите текстови и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска археолог

Пребарувај по сајтот
Translate from macedonian
Membership
Категории
Архива
Моето прво мета интервју
Археолошки дневник во:
Календар
December 2008
M T W T F S S
« Nov   Jan »
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  
Посети



Global Voices на македонски

Global Voices на македонски
Следи ме на Twitter

Twitter Updates

    follow me on Twitter
    Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes