Инфо
За мене
Vasilka Dimitrovska
Skopje, Macedonia
Archaeologist
and professional tourist guide
e-mail: info@arheo.com.mk


Следи ме
впиши ја твојата e-mail адреса


Препорачливо е сајтот да се гледа со Mozilla Firefox
Videos|Channels|Community





View milozvu4na's profile on slideshare



www.flickr.com
This is a Flickr badge showing photos in a set called Саат кулата во Прилеп. Make your own badge here.


Free PageRank Checker
Кажав и направив
Археоблог дел од:
Списанија




Join to my Facebook ARHEO Network

PostHeaderIcon Приватизирано археолошко наследство – реплика

 

Секогаш наоѓам за сходно да кажам дека “културното наследство им припаѓа на сите и со него се засегнати дури и региони на кое тоа директно не се однесува“. Оттука секој има право да зборува и коментира сеедно дали е научник или љубител на археологијата, историјата итн. Непубликувањето на археолошките ископувања само е еден чекор наназад да се ставиме на културна мапа на светот со она кое вистински го поседуваме. Најтрагично е што повеќето колеги археолози мислат исто како мене, само немаат доблест тоа да кажат јавно поради:

Причина прва: се надеваат на вработување во некоја институција по партиска линија.
Причина втора: веќе работат вo некоја институција и кај нив постои страв за опструкција, за која се сложувам дека сигурно не е благопријатна.

Ова со непубликувањето не е проблем, туку болест која во последните две децении се прошири во епидемија. Па археолозите (чест на исклучоците) под дифолт ретко кога публикуваат нешто од своите ископувања под изговор како се немало пари за таа намена. Во 21 век, да не се публикуваат ископувањата (не истражувањата, лични или теренски) кога дел од дигиталниот свет е бесплатен за таа намена, е рамно на криминал.

И да не се случи револуција, веќе се случува пораз на македонската археологија која е прегазена од напредокот на технологијата. Доцневме со години, сега и физички и мисловно доцниме со столетија.

За младите збор не станува. Чинам дека критичната маса е достигната со бројката од 400 невработени археолози и секоја година како се зголемува нивниот број, така се зголемува незадоволството и огорченоста поради опструкциите кои ги трпат. Не е коректно на толкава критична маса да и се замачкуваат очите со “запослување” на некое археолошко ископување (кое рака на срце ги има како никогаш досега), а не со конкретно вработување. Тука има исклучително вредни персони од кои некои делуваат и на блогосферата.

Ми се чини дека најелементарниот проблем со кој треба да се започне во оваа ситуација е – дали може да се вработат сите оние 50-60 студенти кои се запишуваат и 20-30 археолози кои годишно дипломираат на Катедрата за археологија. Ако не е способна државата да ги вработи, зошто тогаш ги едуцира. Јас се борам за себе, но и за сите оние археолози од кои некои се магистри и доктори на науки, а скапуваат работејќи по продавници, фирми и разно разни проекти. Или си ги оставаат коските на некое ископување со години среќни што можат да заработат од она за кое се едуцирале.

Искрено не знам каде точно да го дијагностицирам проблемот со новата генерација на млади, а надежни археолози кои би можеле да сменат многу работи во македонската археологија. Колку што се оние поозрасните вработени археолози латентни, толку се помладите пасивни. Можеби времето ќе покаже, а можеби (не дај боже) и само ќе ги прегази. Можеби и некому му одговара ситуацијава да биде таква каква што е во “моментов” кој е долг само 17 години. А бројот на дипломирани археолози секоја година расте со геометриска прогресија. Ова е реален проблем со невработеноста на археолозите и чинам дека треба да се зборува јавно за тоа. Да биде трагиката поголема, не се само археолозите поставени во оваа ситуација туку и многу други науки меѓу кои историјата, етнологијата, филилогијата итн..

Инаку топикот на постот беше всушност за македонските археолози кои не објавуваат трудови во научни списанија, а истите не ги даваат на своите помлади колеги, туку љубоморно ги чуваат и самите не знаејќи што да прават со нив. Но покрај приватизирањето, на некои македонски археолози слободно може да им се залепи и ептитетот “политизирање” на македонската археологија. Но не во смисол на нарачани научни дела или тези со повисока цел (кои за несреќа баш и ги нема на тони), туку со вработување на “неспособни археолози” во институциите преку некоја од политичките партии, што се одразува со катастрофални резултати по науката и археологијата во Македонија. Впрочем повеќепати сум кажала дека на некои македонски археолози најголемото научно достигнување им е текст за изложба во некој каталог.

Ќе се запрашате и што понатаму!? Та нели сите наши ора започнуваа три чекори нанапред, ама без два наназад тешко ќе мрднеме од мртва точка.

Текстот е сублимација на коментарите оставени на постот Приватизирано археолошко наследство.

Bookmark and Share

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат моите текстови и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска археолог

Пребарувај по сајтот
Translate from macedonian
Membership
Категории
Архива
Моето прво мета интервју
Археолошки дневник во:
Календар
December 2008
M T W T F S S
« Nov   Jan »
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  
Посети



Global Voices на македонски

Global Voices на македонски
Следи ме на Twitter

Twitter Updates

    follow me on Twitter
    Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes