Home Археологија Како убив артефакт – Непубликување на наодите, болна точка на македонската археологија

Како убив артефакт – Непубликување на наодите, болна точка на македонската археологија

5,838 views
21

 

Науката се базира на докази. За нашата обсервација ни е потребна документација. Сепак отсуство на доказ (не) е и доказ за отсуство … на присутноста. Археологијата бара факти, а не вистина.  А јас ќе додадам, ама не било какви факти, туку арт-е -факти. Епа тогаш што е вистина, што реалност, а што наука?

Вистинска е онаа реалност која носи последици, сеедно од каков тип е таа. Тогаш какви се последиците од македонската археологија?

One thing you may be absolutely sure of – if an item does not appear in our records, it does not exist!

Пред некое време добив прашање од персона која не се занимава со археологија туку е книжевник – Дали во РМ има некаков закон или член според кој е предвидено времето кога еден пронајден археолошки артефакт треба да биде обработен и како таков презентиран?

Според Законот за културно наследство кој може да се симне од сајтот на УНЗК (Управата за заштита на Културното наследство) членовите 56, 61 и 62 недвојбено укажуваат на тоа дека:

Носител на дозволата за археолошки истражувања претходно добиена од УНЗК може да биде правно или физичко лице кое има соодветни научни или стручни квалификации за тој вид истражувања. По правило доколку еден археолог се наоѓа на ископување на некој археолошки локалитет, сите ископани артефакти (вклучително со екофактите) му припаѓаат на музејот, т.е. доколку тој не постои, предметите се носат во локалниот Завод за заштита на спомениците на културата. Во секој случај, според важноста на наодите, по закон се регулира и одредува нивната крајна дестинација во некоја од институциите.

Археологот пред да го напушти теренот должен е да се потруди максимално тој да биде технички обезбеден. Во рок од 3 месеци да поднесе до УНЗК извештај за извршените археолошки истражувања. Во рок од една година на УНЗК да и ја предаде финалната документација од  истите. Во рок од три години да ги објави резултатите  и  да ги предаде движните наоди на својата матична институција или друга национална музејска установа.

Како надокнада за неговиот труд, државата му дава на археологот научно право од три години за да може наодите кој ги пронашол да ги обработи и научно публикува. Потоа наодите се враќаат во институцијата која е задолжена за нив и по закон му припаѓаат на секој граѓанин на РМ, т.е. “Грижата за културното наследство и неговото почитување е должност на секој граѓанин” (ставка 5, член 7, глава I од Законот).

Археологот кој ископувал е само една методолошка алатка во целиот процес на пронаоѓање, детектирање, ископување, презентирање и публикување на наодите од едно археолошко ископување. И не постои ставка од Законот според кој тој може да ги држи наодите 5-10 години, притоа да не ги публикува или пак да не ги даде на некој субјект заинтересиран за истите. Секое недоследно спроведување на законот, автоматски е и негово прекршување. Па не би било лошо во оваква ситуација во која се наоѓа македонската археологија со години, да видиме “само” колку пати овој закон не бил прекршен. 😉

Од друга страна, кога ќе појде еден археолог на терен, ако ископувањето не е урбано ((како што е случајот со Скопското Кале) ние треба да веруваме во неговата стручност и правилно расудување да ги толкува релевантно наодите кој ги нашол. Во светот а и кај нас постои Инспекција за заштита на културното наследство која го контролира почетокот, текот и понатамошното третирање на откриените артефактите во било кој контекст. Но не може инспекцијата да забрани личен приод и сопствено толкување на предметите, бидејќи во духот на демократската мисла, тоа е сепак научно право на истражувачот. Кој може да каже дека некој археолог не конструира сопствена вистина при обработката на наодите? Во тој случај, единствено нешто во кое можеме да бидеме сигурни, се всушност самите наоди.

Понекогаш не можеме да бидеме сигурни ниту во нив, бидејќи истражувачот ни го прикажува она што тој смета дека е валидно да биде поместено во една презентација, текст или книга. Што станува тогаш со сите оние други наоди кои говорат за вистинското место на предметот кој изваден од контекст подлежи генерално на субјективното мислење на археологот што го истражувал. Дајте ми на мене два-три податока и јас ќе ви конструирам вистина онаква каква што сакате да слушнете. Квазиархеологијата која ја нарушува вистинската контектуализација на наодите, ни се допаѓало тоа нам или не како вистина, за жал е длабоко вкоренета кај доста академски образовани археолози не само во светот туку и кај нас. Тоа е факт кој го потврди и неодамна одржаниот научен симпозиум на македонските археолози во Кичево кој секако дека може да постои и без придавката научен.

А непубликување на комплетните наоди од едно археолошко ископување е тема која е доста болна точка на македонската археологија и се провлекува незабележано со денцении. Поразителен факт е тоа што македонската археологија дури ни виртуелно не е во Европа. Дигиталната технологија на 21 век покрај тоа што ги надмина македонските архолози,  дури и ги одмина во очајничката трка на научниците ширум светот да го лоцираат, документираат и презентираат културното наследство подигнувајќи веб сајтови, блогови и архиви на цели ископувања. За жал отсуството на македонската археологија не е само на интернет, туку воопшто во научниот свет.

И каде сме ние на оваа дигитална културна мапа на светот? Не нема!? Секако, уште долго така и ќе остане пред да изчезнеме од книгите на историјата врз кои одамна прашината оставила доволно трага ништо да не се распознае.

Клучни зборови: , , , , , , , , , , ,

21 COMMENTS

  1. …зошто. Дали не чинат образовните институции или човечкиот материјал? И како кога тој ист човечки материјал ќе замине во странство толку прекрасно се снаоѓа и е високо стручен? Ако не чинат институциите, или механизмите за нивна контрола, значи не чини државата, ама неа ја прават луѓето за кои утврдивме дека надвор од неа чинат… значи, не чини воздухот во Македонија или можеби не чинат КОЛЕКТИВИТЕТИТЕ, колективното несвесно кое трга надолу…

  2. Togas, navistina e nevozmozno, ako vo edna arheoloska ekspedicija, da receme se vkluceni eden ili dvajca arheolozi (a poznavam takov primer), pronajdenite artefakti da se obrabotat detaljno i naucno da se publikuvaat vor ok od tri godini. Mission impossible!Ednostavno ne e vozmozno se da padne na grbot na eden.
    Smetam, deka TIMOVITE se klucot. Ne moze edinecno da se gradi nauka. Pritoa, neobrabotenite artefakti zasekogas da ostanat vo depo. Toa e navistina tazno.

  3. Opcija #1:
    Razbiram deka postojat golem broj na nevraboteni arheolozi vo Makedonija. Mozno li e tie samite da se organiziraat i da pojdat na teren – da rabotat na svoj porekt. Verojatno sekogas ne treba nekoj da ve povika i da vi kaze tocno sto da rabotite. Sigurno ima prostor za samoinicijativa; pa ako treba i na volonterska osnova, barem za pocetok, dodeka ne se naide na nekoi iskopini/fakti/artefakti i sl. koi ke donesat i finansisko pokritie. Sepak podobro e da se pocne od nekade otkolku da se sedi doma kako nevraboten ili da se raboti nesto nadvor od strukata a seuste da se misli na arheologija. Verojatno gi ima mnogu takvi.

    Opcija #2:
    Druga opcija bi bilo (ako toa veke ne e storeno) da im se dade moznost na arheolozi od stranstvo da porabotat vo Makedonija i na toj nacin da vnesat bran na osvezuvanje, novi idei i nov pristap, zgolem stepen na profesionalnost i slicno. Sum zabelezal takvi grupi na arheolozi niz Egipet i Jordan (Anglicani, Poljaci, Svegjani i dr.) koi naporedno so domasnite rabotat na svoi proekti, odobreni od zemjata domakin i na toj nacin vo mnogu sto i pomagaat na zemjata i na turizmot – bidejki takvite novootkrieni naogjalista se prezerviraat i dokumentiraat vo detal i se publikuvaat na posirokata javnost. Mislam deka takviot pristap ke bide od pogolema korist otkolku cuvanje na otkrienoto po podrumu/arhivi ili preturanje niz nekakvi suvoparni zakoni koi veke gi pregazilo vremeto na digitalnata tehnologija. Segasnava situacija samo im odi vo prilog na divo-kopacite koi ja koristat konfuzijata i ponatamu nepreceno gi unistuvaat dragocenite naogjalista.

    Pozdrav,
    Vlado Janevski
    http://bromo.blog.com.mk (macedonian)
    http://byvlado.blogspot.com (english)

  4. Vasilka,
    Sakam uste da dodadam deka ti pozeluvam uspeh vo borbata za postavuvanje na nasata arheologija na zdravi noze. Znam, ne e lesno, no najvazno e da se bide pozitiven i konstruktiven, gledam deka kaj tebe gi ima i dvete… najlesno e covek da kuka i da zapagja vo depresija, toa vodi samo kon samounistuvanje i truenje na okolinata. Za zal kaj nas ima mnogu takvi slucai. Treba da go menuvame takviot (balkanski) mentalitet kon nesto podobro; se razbira, sekoj na svoj nacin i onolku kolku se moze, sto e podobro otkolku samo pasivno da se nabluduva ili da se bide destruktiven…

    Pozdrav,
    Vlado Janevski
    http://bromo.blog.com.mk (macedonian)
    http://byvlado.blogspot.com (english)

  5. почитувана колешке .., стара рана отвараш, доста сум размислувала и сум спорела пред се со себе на оваа тема но секогаш доаѓев до заклучокот…
    СЕ ДОДЕКА ПОСТОЈАТ КОЛЕГИ ДИГНОГЛАВИ И СУЕТНИ, КОИ СЕ ТЕПААТ ЗА ФОТЕЉА (каква и да е) И ГИ КРИЈАТ НАОДИТЕ ВО ФИОКА (за да еден ден си ги објават?!) КАКО ТОА ДА Е НИВНО , А НЕ НА СИТЕ НАС МАКЕДОНЦИТЕ (варијантите кои погоре Владо Јаневски ги споменува ЌЕ ОСТАНАТ САМО ВО ИМАГИНАЦИЈАТА, НА ХАРТИЈА ИЛИ АКО СЕ ИЗГОВОРЕНИ ЗА БРЗО ВРЕМЕ ЌЕ ИСЧЕЗНАТ како воопшто да не биле кажани)
    СЕ ДОДЕКА ПРИСТАПОТ Е КОЛЕКЦИОНЕРСКИ, А НЕ НАУЧЕН ЌЕ СЕ СООЧУВАМЕ СО КВАЗИ-АРХЕОЛОГИЈА, КВАЗИ-НУКА ПРОИЗЛЕЗЕНИ ОД КВАЗИ-МАКЕДОНШТИНА

  6. Драги колеги археолози, музеалци и заштитари. Текстот што го прочитав допира многу важно прашање не само за археологијата, туку за целата македонска наука воопшто. Конечно да прочитам самокритичен текст во кој практично се признава дека македонскитер археолози, во ова време на експанзија на копање секаде каде што ќе се стигне, не прават ништо друго туку копаат дневници. За обработка на матерјалот не станува ни збор, а за стручна и научна обработка и анализа не се ни помислува. Но ова не е нипто ново. Македонските археолози копаат наголемо, а не знаат што имаат во нивните збирки кои со децении се необработени, несредени, предметите немаат картони, а верувам дека веке за поголем дел од нив не се ни знае од каде се и што се.
    Зборувате за квазиархеологија. Погрешно. Треба да се зборува за квазиархеолози кои го водат орото во целокупната култура во Мк. и им го узурпираат правото на останатите да се искажат, со тоа што ги собираат сите пари од министерствово за култура и од владата преку т.н. капитални проекти, кои патем речено немат никаков конкретен резултат. Зарем врв на археолошките ислопувања и истражувања се, како што ги нарече Д. Митревски и прочита министерката за култура, карикатурите од куќи во Тумба Маџари?Сигурен сум дека го знаете одговорот. Но тоа се творби на квазиархеолозите, кои креираат квази научни резултати, во јавноста афирмирани како врв на археологијата и музеологијата.
    Се надевам дека вашата веб страна ќе помогне во надминување на оваа очајна состојба.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here