Home Историја Предавање: Славни ликови од античката историја на Македонија

Предавање: Славни ликови од античката историја на Македонија

3,737 views
5

 

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија
и
издавачката куќа “Евро Балкан Пресс”

по повод излегувањето на книгата
Плутарх: НАПОРЕДНИ ЖИВОТОПИСИ
во превод на м-р Воислав Саракински и коментари на д-р Наде Проева
имаат чест да ве поканат на продажна промоција со предавање на тема

Славни ликови од античката историја
на Македонија

Четврток, 11 декември 2008 во 12 часот, во х. „Холидеј ин” – дневна сала

Апдејт:

5 COMMENTS

  1. Within the topic, но и slightly off…

    Димитровска, какво мнение имате по повод бомбастичното презаситување на потесната публика како и општата јавност со античко-македонски лајтмотиви? Да ли може да се согледа протежирање на овој процес од високата политика, се со цел да се покрепи јавно мнение за директна етхногенетска и паралелна на неа, историјска на современиот народ и споменатиот древен клон на хеленскиот етнос (заклучено врз основа на засилената конвергенција на академската мисла во последниве 3-4 децении кон таква категоризација)?

  2. В. Глигоријевиќ, вашиот коментар е малку оф топик, но не сосема. Сепак ќе ви одговорам бидејќи го почитувам мислењето на сите мои посетители.

    Како што веќе напишав во еден мој погорен пост, ние треба да веруваме во стручноста на еден научник (археолог, историчар, филолог …) и неговото правилно расудување да ги толкува релевантно наодите кој ги нашол, ги проучува или работи на нив во некаков контекст. Но никој не може да забрани личен приод и сопствено научно толкување (на предмети, на ситуација), бидејќи во духот на демократската мисла, тоа е сепак научно право на истражувачот.

    Како тогаш ќе знаеме дека некој научник не конструира сопствена вистина при обработката на информациите? Или вистина која е наметната од некој друг ентитет за да се оправдаат некои повисоки цели? Во тој случај, единствено нешто во кое можеме да бидеме сигурни се самите наоди, а верувајте понекогаш ниту во тоа. Затоа посебно ми се интересни Митовите за националниот идентитет. Наместо долга дебата ќе ви посочам неколку мои поранешни текстови кои ја допираат темата:

    Археологија на идентитетот
    Нацистичка археологија
    Археологијата бара факти… а не вистината
    Отсуство на доказ (не) е и доказ за присуство
    Јас на вас не треба да ви се допаѓам
    Национализам во Археологијата – ДА или НЕ
    Турбо фолк национализам
    Јас, Гебелс и мојот медиум
    Во име на автентичната историја
    Дајте ми два три-податока и јас ќе ви конструирам вистина
    Романтичан националист

    Ова со идентитетот стана ептен лејм. За жал кај археолозите не постои “Сократовата заклетва” како кај докторите. Сепак немојте да го мешате предавањето на ценетата професорка Наде Проева кое е лајт мотив за постов, со ситуации како Хунзите или Каменот од Розета. Ако ги толкуваме сите наоди во духот на слободната мисла, како што нам ни одговара, а не се придржуваме до некоја научна етика при методологијата на обработка на информациите, чинам дека уште долго ќе бидеме заглавени во сопствената немоќ.

    Поздрав

    p.s. Инаку on the topic, but also slightly off…

    Никој нема право да го поседува минатото!

  3. С`е мора да биде ставено на маса на увид на целата научна јавност. Ниедна идеја не е доволно смешна за да се игнорира. Штом ценетата професорка зборува за нешто во јавност, јасно е дека таа идеја и не е за потценување и дека таа застанува со сиот свој научен интегритет позади тезата. А времето ќе ги отфрли или потврди тезите што денес секојдневно ги слушаме наоколу. Патем, со години немаше никакви тези освен за преминот на словените преку Дунав, па денешната хиперпродукција дури изгледа и оправдана.
    Инаку, проф. Каракасиду http://www.press.uchicago.edu/presssite/metadata.epl?mode=synopsis&bookkey=45375 има интересни примери за митовите кај жителите во Северна Грција (Македонци и Грци-дојденци од Мала Азија). Како Александар се борел против турските бегови зулуми што правеле и сл. 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here