Home Администрација Археоблог дел од жирито за Наградата на Светскиот самит за информатичко општество...

Археоблог дел од жирито за Наградата на Светскиот самит за информатичко општество за 2009

1,898 views
2

 

Наградата на Светскиот самит е глобална иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за информатичко општество на Обединетите Нации. Процесот се одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат на секои две години и голем број национални и меѓународни конференции и работилници посветени на содржините – наречени Патувачко шоу на Наградата на Светскиот самит.

Изборот на Наградата за Светскиот самит за информатичко општество за Македонија за 2009 година го организира Фондацијата Метаморфозис, а го врши независно мултидисциплинарно експертско жири преку стриктно следење на насоките дадени од организаторот на глобално ниво и спроведување на принципите на транспарентност.

Конкурсот си има свои правила, мисија и критериуми за оценување.

Доколку вашата фирма, организација, институција или тим, во периодот 2007-2008 година, има објавено проект за е-содржини во некоја од следните области:

• e-владеење и институции
• е-здравство и животна средина
• е-учење и образование
• е-забава и игри
• е-култура и наследство
• е-наука и технологија
• е-бизнис и трговија
• е-вклучување и учество

Пријавете се за Наградата на Светскиот самит

за информатичко општество

Краен рок за пријавување: 12 декември 2008

(+ потсетник на Фејсбук)

За  Наградата на Светскиот самит на информатичко општество може да конкурираат јавни и приватни установи и фирми, или организации регистрирани во Република Македонија, како и сите граѓани на Република Македонија. Победниците на категориите на Награда на Светскиот самит за Македонија 2009 ќе станат македонски кандидати за глобалната Награда на Светскиот самит 2009 година.

Нема да се земат предвид проекти кои содржат елементи кои поттикнуваат на насилство, омраза, порнографија, мизогинија, расизам или некој друг облик на дискриминација.

Од пред некое време на покана на Метаморфозис станав член од жирито кое е задолжено за оваа година да избере најдобар македонски претставник во областите на Е-content и creativity во рамките на Наградата на Светскиот самит за информатичко општество 2009. За да не се предизвика конфликти на интереси, членовите од жирито не можат да учествуваат со свој проект, ниту пак да гласаат за проект на кои работеле или биле вклучени на било каков начи.

Како и многу други членови, се согласив гласањето да биде транспарентно и на веб сајтот на WSA Македонија да се објави кој член од жирито за кого гласал. Малку ми е криво ми е што не можам годинава да го пријавам Археоблогот (кој во меѓувреме порасна од блог во сајт) за разлика од минатиот пат кога и сама бев учесник во категоријата е-наука. Сепак, на сите учесници кои ќе се пријават, им посакувам успех.

 

2 COMMENTS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here