Инфо
За мене
Vasilka Dimitrovska
Skopje, Macedonia
Archaeologist
and professional tourist guide
e-mail: info@arheo.com.mk


Следи ме
впиши ја твојата e-mail адреса


Препорачливо е сајтот да се гледа со Mozilla Firefox
Videos|Channels|Community





View milozvu4na's profile on slideshare



www.flickr.com
This is a Flickr badge showing photos in a set called Саат кулата во Прилеп. Make your own badge here.


Free PageRank Checker
Кажав и направив
Археоблог дел од:
Списанија




Join to my Facebook ARHEO Network

Archive for December, 2008

PostHeaderIcon Логото и слоганот од кампањата Timeless Macedonia (реплика)

 

Овој текст е сублимација на мојот коментар на постот на Бранка,  еднo од ретките добри и издржани мислења на тема: кампањата на Владата за туристичка промоција на Македонија, и  дебата на mkblog google групата. Тука го постирам исклучиво мојот став и мислење и тие не ги одразуваат ставовите и мислењата на корисниците на ова група.

Причината од кој јас тргнав во една мала истрага беа логото и слоганот на кампањата Timeless Macedonia. Да го оставиме за момент Милчо Манчевски на страна.

 Оние кои имаат доволно свежа меморија, во Хановер (Германија) од 1 јуни до 31 октомври 2000 година се одржa Светската изложба под името EXPO 2000. На ова EXPO2000 за прв пат нашата земја настапи со мотото “Македонија – Лулка на културата, земја на природата” илити Macedonia – Cradle of culture, Land of nature. Подоцна дел од кадрите во промотивните спотови на оваа кампања беа користени од филмот на “Идеа плус”, “Ден во Македонија”, снимен во 2000 година.

A Day in Macedonia (Part 1)

Оваа кампања со текот на времето станa заштитен бренд за инкаминг туризмот (со свој слоган и лого) од страна на Минстерството за економија (Сектор за туризам), а донекаде и на Министерството за култура. Тие се наоѓаат и на доста сајтови во Македонија кои се занимаваат со туризмот.

Слоганот и логото исто така се наоѓаат на многу книги, брошури, постери и сите останати туристички промотивни материјали кои се издале со текот на годините, а под тоа име настапуваат и туристичките агенции кога одат на промоција на некои од саемите во светот.

Тој слоган и лого се користеа долго време низ годините, вклучувајќи ја и 2006 година кога Македонија за прв пат се рекламираше на каналите на CNN пак со кадри кои го вклучуваат гореспоменатото видео, на кое имаше доста реакции по интернет дека: пак мораше СДСМ шаблонот да функционира на релација ИДЕА ПЛУС – Влада на РМ. По тој повод беше дадена следната изјава:

Спотовите за култура и туристичка промоција на Македонија под слоганот “Република Македонија- лулка на културата, земја на природата”, се за промоција на земјата за сите сезони, а ефектите би требало да ги осетиме следната година, велат од Владата.

(Капитал, бр. 348)

Потткнувачи и реализитори на таа кампања како и на оваа се Владата и Министерството за култура, во соработка со Министерството за Економија, сектор туризам. Па сега, нејасно е зошто би се менувал концепт кој постои, функционира (на мускули), воглавном е добар, иако е сепак релативно непознат на домашната публика заради слабиот PR и маркетинг. Може во одбрана да биде и ставот дека е наменет на публика надвор од нашата земја, но нејсе …

Тој слоган и лого го користеа (и се уште се поставени на сајтот) Exploring Macedonia кои стоеја зад кампањата на Јаху со Паско Кузман и Ричард Бенгс, секако под знак прашање со чии пари реализирана, што не е тема на моменталниов муабет.

Само 2 години по емитувањето на спотот на CNN и од јаху манијата со Ричард Бенгс за Македонија, ние имаме нова Влада, нова кампања со ново лого и слоган и нов спот кој исто така веќе се врти на каналите на оваа телевизија.

 

На кого како ќе му текне ли ќе се создава брендови и ќе си игра играчки со инкаминг туризмот на една земја, а? Прашањето за тендерот, зошто и дали притоа бил распишан конкурс за нов слоган и лого треба накнадно да се разгледа, но да не навлегувам во детали.

Поентата е што имаме исти играчи, во иста кампања, со иста цел и целна група, а се останато е различно. Дали можеби оваа промена оди во склад со владите кои се мометално на власт? Не за друго, ама бар по нешто да се разликуваат од оние претходните кои можеби и направиле нешто добро и паметно.

А и дали е воопшто паметно да се менува слоганот и логото на нешто кое одело долго време, оти примерите во светот сведочат дека некои логоа или слогани опстанале подолго во меморијата на човекот и откако самите производи или произведувачи ќе ги снема.

Искрено, немам ништо против Милчо Манчевски. Го почитувам човекот за се што сработил, вклучувајќи го и последниот спот за промоција на Македонија во Секторот Туризам. Ова појаснувам за да не бидам погрешно протолкувана дека го напаѓам Милчо. Не е прашањето спотот кое е своевидно мало ремек-дело, туку за сите позадинаски работи кои се случуваат, а не сме свесни оти се менуваат.

Во сета оваа новокомпонирана прикаска, квалитетот на Милчо, спотот и парите за него, се сосема споредни. Жал ми е што човекот наседна и се впушти во малограѓанските игри  во кои сите нешто се лупаат по гради за културното наследство. Милчо дури направил и добро дело со олку малку пари. Јас бев сведок на изминатиот симпозиум на археолоите кога некои мои колеги добиле дупло повеќе пари за ископувања на локалитети, а се што направиле е всушност сквернавење на културното наследство. Ископувања од кои  освен по некоја изложба на спорадично избрани артефакти, нема никогаш да видите конкретни резултати, обработени наоди, научни трудови и публикувани книги. Ама ќе видите прекопан локалитет кој само само 2 години е спремен за божемна туристичка експолатација. Нели, се во име на некои повисоки цели.

И да не е ова кривично дело по закон, поточно да е дозволено во границите на промоцијата да секоја нова влада оди со своја лична кампања за туристичка промоција на земјата,  ова може само да доведе до негативни последици. Онаа Македонија која ја препознаваа до сега како туристичка дестинација имаше лого и слоган кој е прилично реален, за разлика од сегашниов “Macedonia timeless” кој е нереален и не враќа во едно минатото без трунка надеж дека би можел да важи за иднината. Нов е и неконцептуален. И пред се нема свои корени, ниту историјат. Пак ли ќе  играме на картата на уникатноста на културното и природното богатство само за да бидеме посебни? Па сите земји на светов, сите етноси, сите етнички ентитети сами по себе се уникатни. Аман доста веќе!!!

Нели е подобро да ја претставиме Македонија онаква каква што е во моментов, каква што ја знаеме, во рамкте на сопствените можности без да изградиме митологија околу неа. Да не се лажеме дека се Грците подобри од нас. Па дури и еден Толкин во неговата трилогија ,,Господарот на прстените” успеал да смисли митологија која е поубедлива и ,,држи” повеќе отколку грчката.

Во склад со последната колумна на Катерина Блажевска од Дневник (Клаату барада никто) се прашувам дали првата кампања која е заштитена како бренд и оваа новава се однесуваат на истата Македонија (1, 2, 3)? Оти јас оваа втората создадена од митови, прикаски и легенди не ја препознавам. И без неа имаме доволно материјал за туристичка промоција на нашата земја.

Bookmark and Share

PostHeaderIcon Среќна Нова 2009

 

Драги мои пријатели, читатели, блогери, роднини и попатни минувачи низ мојот блог/сајт. Оставам зад себе уште една успешна година на блогирање, овој пат на сопствена платформа (wp) и со веќе препознатлива адреса. Притоа сакам да се заблагодарам на многу луѓе кои ми помогнаа во напорите да го преместам и да го спастрам блогот, како и оние кои ми дадоа подржка на било каков начин.

Се надевам дека ќе се дружиме и понатаму. Им благодарам исто така на сите кои ме читаа и коментираа. Драго ми е ако едни од други научивме уште по нешто ново, кое не сме го знаеле претходно. На сите ви посакувам следнава година да имате илјадници причини за насмевка, а ниту една за тага. Ви посакувам да ги искористите сите можности кои ви ги дава животот, да бидете посреќни, подобри во секој поглед, помудри, повредни и покорисни. Да давате и да примате многу Љубов, Мудрост, Добрина, Радост и Сочувство.

Но најмногу од се ви посакувам да имате добро здравје и засекогаш да бидете свесни за квалитетите кои ги поседувате.

Срдечно

Археолошки дневник vоl.2. 1/2

Среќна Нова 2009

Johann Strauss  – Tritsch Tratsch Polka

Bookmark and Share

PostHeaderIcon Aхам, баш сме тајмлес, мор ор лес

 

Кога полагав испити да добијам лиценца за туристички водич по културно-историски споменици и археолошки локалитети, едно од прашањата по предметот Основи на туризмот беше: Што е разликата помеѓу аутгоинг (outgoing) и инкаминг (incoming) туризам?

Нема некоја голема филозофија во одговорот. Инкаминг туризмот се базира на странец кој оди во посета на некоја дестинација, секогаш сака да е на сигурно за се што уплатил во својот аранжман, и притоа да е добро информиран со достапни и апдејтувани податоци за местото кое го посетува. За да не испаднат непланирани работи. Значи, јузер френдли програма.

Во контекст на промоција на Македонија како туристичка дестинација, Владата на РМ оддели сума за инкаминг туризам со која македонскиот режисер Милчо Манчевски го изработи спотот со наслов ,,Macedonia timeless”, придружен со веб страница на која покрај даунлодот на повеќе јазика, има поставено и други информации. Македонската верзија за сега ја нема, нели, оти клипот е правен за странци. За почеток целната дестинација му се телевизите CNN и CNN Internacional.

Видео клипот на Милчо Манчевски е тука и ништо повеќе не може да се измени освен фактот дека … Спотот е прв од ваков вид во Македонија кој е ставен под лиценцата на Криејтив Комонс, што секако само по себе е една по поавангардните работи поврзани со него. Иако самата лиценца не дозволува преработка и адаптирање на делото, многу е веројатно дека тоа би можело да се случи, независно дали авторот ќе се сложи или не.

Уште на самото излегување на спотот во јавност (читај јавноста овде беше интернетот, а не Музеј на Современа уметност) се прекршија копјата по блогосферата (1, 2, 3). Веднаш се створија милион и пол режисери, директори на уметничка фотографија и камермани со искуства кои ги надминуваат физички и виртуелно границите на РМ. Секако, штoм се дадени државни пари, секој како субјект е засегнат и има право да коментира.

Ова е спот со кој би требало да се заинтересираат странците за Македонија како туристичка дестинација за да дојдат да ја посетат. Не ми смета толку што се премногу застапени мотиви од Охрид како и артефакти ископани во близината на овој град. Не ми смета премалку застапената исламската уметност и архитектура во Македонија. Ниту ми смета  тоа што на некој човек на кој му се непознати верските феномени во Македонија, многу е веројатно дека ќе добие погрешна слика за земја каде доминираат фреските и крстовите. Не ми смета дури ни што се многу работи прескокнати, оти за земја со богата традиција многу е тешко сето тоа да се смести во клип од 1 минута.

Да се разбереме. Навистина ја ценам работата на Милчо Манчевски. Човекот има завршено историја на уметност со археологија и за разлика од многу мои колеги, во овие области сигурно има стоструко направено повеќе од нив. Ама не можам генерално да преминам преку некои работи.

На крај краева и да дојдат сите тие странци некој треба да ги сервисира. За тие потреби е оспособен само мал капацитет од домашниот туризам, поточно на прсти се бројат  на пример туристичките агенции кои со својот квалитет и квантитет би можеле да излезат во пресрет.

Она што ми смета е фактот кој вели дека во Македонија не постои  стабилна инфраструктура за инкаминг туризам:

1. Нека ми наброи некој барем една агенција која се бави сериозно со инкаминг туризам и притоа нејзината програма е поддржана со адекватен сајт, кој во исто време е издржан со веродостојни податоци, каталози, постери и слични салтанаати.

2. Нека ми најде некој книга или водич за државава, регионите или градовите посебно. Не постои ниту еден унифициран туристички водич за Македонија, градот Скопје има некои сумљиви книжулиња од Министерството за економија, отсек Сектор за туризам кои никаде ги нема да се најдат, а пак другите градови воопшто немаат било каков водич кој би се купил во продажните места.

3. Нека ги реши некој проблемите со влезниците во културно-историските споменици (кои за среќа ги има побајаги) и на археолошките локалитети (од кои за несреќа само 4-5 се делумно средени за посета) за не дојде странец во музеј и при плаќање на влезницата му речат … паа немаме дефинирано цена за странец.

4. Нека ги среди некој постојните капацитети за престојување на странците оти половина од хотелите ни се руина, а ѕвездичките се добиваат како на јамб, со рандом вртење некаде на пола пат помеѓу катастарот, економијата и руралниот латентен однос кон туризмот.

5. има уште многу но во друга прилика …

Ваков спот како што има направено Милчо Манчевски, независно од квалитетот, треба да е само краен продукт во ланецот на добро поставен и сработен инкаминг со крајни производи, подржан на сите медиуми во сите варијанти и верзии. Кој ние во моментов за жал го немаме. Кога сето ова ќе се среди може да се продава овој тип на туризам, па нека чини еден спот и катаљарда евра.

Дефинитивно кај нас многу работи се безвременски. Толку безвременски што просто стојат во место со векови непроменети. Баш сме тајмлес, мор ор лес.

Текстот го поставив на интерактивниот сервис Кајмак.от. За постот можете да гласате тука.

Клучни зборови: anthropolgy, archaeology, art, architecture, ethnology, history, internet, media, Macedonia, travel, tourism, video clip, macedoniatimeless, Milco Mancevski, CNN, антропологија, археологија, уметност, архитектура, етнологија, историја, медиуми, интернет, патување, туризам, видео, промоција, Македонија, безвременска, Милчо Манчевски

Bookmark and Share
За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат моите текстови и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска археолог

Пребарувај по сајтот
Translate from macedonian
Membership
Категории
Архива
Моето прво мета интервју
Археолошки дневник во:
Календар
December 2008
M T W T F S S
« Nov   Jan »
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  
Посети



Global Voices на македонски

Global Voices на македонски
Следи ме на Twitter

Twitter Updates

    follow me on Twitter
    Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes