Инфо
За мене
Vasilka Dimitrovska
Skopje, Macedonia
Archaeologist
and professional tourist guide
e-mail: info@arheo.com.mk


Следи ме
впиши ја твојата e-mail адреса


Препорачливо е сајтот да се гледа со Mozilla Firefox
Videos|Channels|Community





View milozvu4na's profile on slideshare



www.flickr.com
This is a Flickr badge showing photos in a set called Саат кулата во Прилеп. Make your own badge here.


Free PageRank Checker
Кажав и направив
Археоблог дел од:
Списанија




Join to my Facebook ARHEO Network

Archive for November 20th, 2008

PostHeaderIcon Порта 3 vs. Премин Портал – како до информации за археологијата во Македонија

 

На интернет не постои специјализирано списание за македонската археологија. Поточно, на интернет не постои воопшто било какво списание каде што ќе се прочитаат најновите достигнувања, истражувања и публикувања од областа на археологијата во Македонија. Во недостаток на оваков тип беседник, читателите заинтересирани за оваа наука сублимираните информации за одредени под дисциплини можат ги најдат на неколку места:

1. Порта 3 – списание за градежништво, архитектура и екологија

Во рамките на ова списание, во рубриката АРХИТЕКТУРА можат да се прочитаат одлични написи кои се авторски, посветени се на археолошките локалитети во Македонија каде е пронајден било каков тип на архитектура и се ставени во еден поширок контекст на културното наследство во однос на третираниот локалитет или регионот кој е обработен во одреден текст.

2. Портал Премин – електронско гласило на списанието Премин

Верувам дека ова списание им е познато скоро на сите кои се интересираат за духовноста и пропратните култуни манифестации поврзани со неа. Во категориите на овој портал постои ставка Библиска археологија, каде последователно од Мај 2007 година па до денеска, можат да се прочитаат написи на релацијата археологија <-> христијанство/религија. Текстовите генерално се позајмени од весници или блогови, па така на пример во еден случај линкан е Волан, еден негов нацрт за Ископувањата на Скопското Кале и еден видео клип поставен на неговиот канал на Youtube.

3. Проектот Растко Македонија – локална верзија на Проектот Растко

Овој проект кој е филијала на огромниот Српски Проект Растко, на своите интернет страници почна да поставува двојазични текстови (на англиски и македонски) од македонската археологија. Се надевам дека ќе продолжат со оваа практика на создавање богата архива од археолошки научен материјал, со што би ја пополниле огромната научна/јазична празнина (а со тоа и бариера) во непостоење на трудови од оваа област достапни на оние кои за жал не го владеат македонскиот јазик.

Заклучок:

Македонското археолошко научно друштво (МАНД) има сопствен сајт кој е прилично запоставен и спорадично апдејтуван. Од преку 5000 регистирани и барем 20% ископувани (или барем сондирани), само пет археолошки локалитети имаат сопствена веб страница. Дури и најавениот “Регионален центар за дигитализација на културното наследство на земјите од Југоисточна Европа”, се уште нема своја презентација на интернет. Читателите засега информациите за македонската археологија ги добиваат од:

-    дневни весници
-    специјализирани весници (Порта 3, Премин портал)
-   проекти, како што е на пример Центарот за дигитализација на националното наследство  – каде во долниот дел од секоја страница може да се прочита: Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира во било која форма освен со претходна дозвола,  што во некоја рака претставува ,,Приватизација на македонското културно наследство

Ако Владата на Република Македонија “обезбедува” толку пари за ископувања низ државава, чинам дека е ред конечно да даде пари и да се сработи еден асален сајт за македонската археологија. Или евентуално Портал за Културното наследство, да не мора вака распрчкано да се собираат информациите и научните трудови за и од македонската археологија по весниците низ Интернетов. Информации кои по секаков рандом случај за сега се исклучиво само на македонски јазик, па светот ни бил крив после тоа што не сме знаеле самите да се ставиме на дигиталната интерактивна културна мапа.

Bookmark and Share
За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат моите текстови и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска археолог

Пребарувај по сајтот
Translate from macedonian
Membership
Категории
Архива
Моето прво мета интервју
Археолошки дневник во:
Календар
November 2008
M T W T F S S
« Oct   Dec »
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
Посети



Global Voices на македонски

Global Voices на македонски
Следи ме на Twitter

Twitter Updates

    follow me on Twitter
    Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes