Дома Археологија Босна и Херцеговина добива Катедра по археологија

Босна и Херцеговина добива Катедра по археологија

1,695 views
0

 

Верувале или не, за прв пат во своето постоење Босна и Херцеговина конечно ќе добие Катедра по археологија (1,2). Ова е веројатно историски момент за земјата која комплетно беше уништена од војната во поранешна Југославија и во која царувааат квази-научници како Османагиќ и неговите Пирамиди, а вистинските археолози се соочуваат со немоќ при спасување на културното наследството барајќи при тоа помош од Европските археолози.

На припомош ќе дојде стручен кадар од Австрија, Германија и Словенија, но мене ме чуди фактот зошто се изоставени колегите од блиските соседни земји како Србија и Хрватска, кои и најмногу би имале корист од подоцнежните откритија со оглед на близината со БиХ, како и минатото кое во помал или поголемн обем било дел од археологијата/историјата на овие земји.

Во БиХ постои веќе една Катедра по археологија (во Мостар), основана пред неколку години, каде (според извори во весниците?!) исто така има одлични стручњаци.

До сега студенти по археологија од Босна и Херцеговина главно среќавав во Загреб и Љубљана. Па, нека им е со среќа на идните колеги. Unfortunatelly, they will pass the road less travelled.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име