Дома Антропологија Where the Hell is Matt?

Where the Hell is Matt?

2,037 views
0

 

Во моментов Where the Hell is Matt? е веројатно едно од најгледаните видеа на популарната мрежа youtube, со преку 11 милиони кликања од 20.08.2008 кога за прв пат е претставено на јавноста. Се работи за едноставниот видео клип на Matt Harding, човек кој работи на развивање видео игри, и неговото танцување пред најпрепознатливите интернационални места низ светот.

Мет одамна го стокмил ова видео додека бил еднашка на одмор во 14 земји , а подоцна го праќал на своите пријатели и роднини за забава. Меѓутоа видеото доживеало невиден интерес и било постојано препраќано, па Мет се решил да направи второ продолжение во 2006 и трето во 2008 година. Во последната апдејтувана верзија која е 83 видео клип најгледан на сите времиња на youtube и 92 – Most Subscribed (All Time), Мatt танцува во 42 земји околу светот со илјадници статисти околу него.

Видеото е забавно, а башка и поучно за светското културно наследство. Она што мене ми беше интересно (секако освен музиката која ми се допаѓа) е тоа што Мет ги има одбрано најпознатите и најтипичните landmarks во земјите кои ги посетил. Претпоставувате дека ова е одлична реклама за земјите каде гостувал. Каде ли само спиеше нашето Министерство за култура додека Matt го снимал видео клипот за помалку од 190 илјади евра.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име