Дома Археологија Стоби

Стоби

9,633 views
11

Археолошкиот локалитет Стоби претставува своевиден музеј под отворено небо и непресушен извор на информации за цивилизациите кои имале шанса да бидат жители на овој град низ столетијата.

[youtube]nBGGyPFUfn4[/youtube]

Авионска снимка на Стоби

Да стигнете во Стоби кој се наоѓа во Градско на местото каде реката Еригон (Црна) се влева во Аксиос (Вардар), независно од каде доаѓате, секако морате да му пријдете од автопатот Е 75. Имајте во предвид дека на локалитетот можете да му пристапите од два различни правци.

Минатото лето Стоби беше седмата дестинација на етно-групата Синтезис каде што тие одржаа бесплатен концерт. Настапот беше во склопот на нивната мини турнеја, во обидот за афирмација на заборавените локалитети со големо културнo значење. Посетителите имааа специјално упатство за нивниот итинерар низ локалитетот. Откако на влезот ќе го минеа Музејот, движејќи се по улицата Via Principalis Inferior, прво ги одминуваа Цивилната и Северната базилика зад кои се наоѓа Малата бања, а потоа ги поздравуваа Евреите во Синагогата базилика. Ако одлучеа да свртат на аголот лево вдолж улицата VIa Axia движејќи се накај Римскиот форум, попатно можеа да се воодушевуваат на мозаиците во Куќата на Псалмите.


Кликни на планот за големена верзија

Објектите во Стоби од планот:

1. Театар 2. Коцкарница 3. Епископска резиденција 4. Затвор 5 Полукружен плоштад 6. Via Sacra 7. Porta Heraclea 8. Епископска базилика 9. Баптистериум 10. Domus Fulonica 11. Via Principalis Superior 12. Теодосијанскапалата 13. Куќата на Партениј 14. Via Theodosia 15.Куќата на Паристерија 16. Via Principalis Inferior 17.Голема бања18. Градска чешма 19. Via Axia 20. Полихармова палата 21. Синагога базилика 22. Мала бања 23. Цивилна базилика 24. Северна базилика 25. Римски форум 26. Музеј

Но доколку решеа да се оладат на Градската чешма во близина на Куќата на Перистеријата која освен на главната, излегува и на аголот од улиците Via Principalis Superior и Via Theodosia, тогаш имаа голема шанса да ги видат Теодосијанската палата и Куќата на Партениј. Пред да стигнат до Театарот како крајна дестинација за тој ден, за да ги слушнат Синтезис, можеа да се одморат на ширината сместена помеѓу Затворот, Коцкарницата, Епископската резиденција и Domus Fulonica. Подоцна преку Епископската базилика и Баптистериумот кои можат да се видат и на излегување, се упатуваа кон излезот на Стоби поминувајќи низ Полукружниот плоштад и улицата Via Sacra. Го напуштаа Стоби преку Porta Heraclea. За оние кои пристигнаа од оваа страна, секако распоредот на движење беше во обратна насока.

Во Римскиот Форум со моите пријатели

Посетителите кои дојдоа во Стоби за да ги слушаат Синтезис, имаа несекојдневна можност да присуствуваат и на археолошките ископувања на Римскиот форум кои се се уште во тек, а кој подоцна треба да се приготви и за туристичка презентација. Римскиот форум е монументална градба од јавен карактер што ги надминувала провинцијалните рамки. Поточно, станува збор за објект достоен само за град со ранг на муниципиум, каков што бил Стоби. Според културните слоеви градбата функционирала во 2-3 век, иако постојат индиции дека нејзината изградба била кон крајот на 1 век. Во 3 век згаснува функционирањето на форумот, веројатно по наездата на Готите, кога бил вандалски уништен, за што говори насилното кршење на статуите и опожарувањето на објектот.


Реконструкција во 3D на Римскиот форум во Стоби

Но моментот на кој треба да се обрне особено внимание е севкупноста на постоечките архитектонски објекти во овој антички град, кој навидум може да ги збуни посетителите. Имено, шетајќи низ споменатиот локалитет човек може многу лесно да се пренесе од сегашноста во еден древен свет за кој останале да сведочат само камените монументални зданија. Да проба, да ги замисли за момент животните прикаски на старите Стобјани, нивните желби, мечти, страдања… Но исто така може многу лесно да се загуби низ вековите. Oд проста причина поради тоа што ,,она кое го гледате денеска во Стоби никогаш во ниту еден момент од постоењето на градот не изгледало така, туку се должи на долгогодишните археолошки ископувања, заштита и конзервирање на објектите”. Значи сите тие форуми, куќи и останати градби од јавен (профан) или сакрален карактер потекнуваат од различен период и оној кој не ја познава доволно историјата и историјатот на градот, може многу лесно да добие погрешен впечаток дека Стоби игледал онака, како што го гледа во моментов. Истото важи и за Скупи, како и за можеби најпознатиот локалитет под отворено небо – Ефес (Ephesus) во Турција, каде на прсти можат да се набројат градбите кои потекнуваат од ист временски период.

[youtube]K4Z_renqz7A[/youtube]

Rеконструкција на Куќата на Партениј

Стоби, еден од бисерите кои егзистирале за време на Римскиот период во Македонија, полека си го наоѓаат своето место на мапата од културните богатства на светот. За овој локалитет е напишано многу, но ќе биде напишано уште повеќе. Сепак и тоа не е доволно за да ја долови испирацијата кој ја непрестајно им ја пружа на археолозите, уметниците и туристите.

Каталогот за Стоби може да се симне тука.

Постот е сублимат од текстовите:

Упатство за употреба: Како да ги слушате Синтезис во Стоби
Погрешни археолошки впечатоци – Римскиот форум во Стоби
Римскиот форум во Стоби – каталог

=====================
Препорачана литература:

– Археолошката карта на Македонија, Том 2, МАНУ, Скопје, 1996.
– Папазоглу Фанула, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957.
– Wiseman, J. R.(Excavations at Stobi) – статии во АЈА и JFA.
– Петрова Елеонора, Стоби (водич), Музеј на Македонија, Скопје, 2003.
– Микулчиќ Иван, Антички градови во Македонија, МАНУ, книга 8, Скопје, 1999.
– Микулчиќ Иван, Стоби (монографија), Скопје, 2006.

11 КОМЕНТАРИ

Leave a Reply to Археолошки дневник vol.3 » Приказ на филм: Колку полувремиња може да има една утакмица?

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име