Home Археологија Отворена покана – Неолитско Село “Тумба Маџари”

Отворена покана – Неолитско Село “Тумба Маџари”

2,496 views
0

Археолошкиот локалитет Тумба Маџари четврт век чекаше да стане споменик , и уште толку да биде конвертиран во неолитско село, поточно музеј под отворено небо како што е случај со одреден дел од светското културно наследство.

За Тумба Маџари е надлежен Музејот на Македонија, кои спорадично го ископува повеќе од дваесеттина години, а во меѓувреме подигна и официјален веб сајт за овој археолошкиот локалитет.

Во Четврток, на 30.10.2008. год., во 11:00 часот нА локалитет Тумба Маџари, Музеј на Македонија и Општината Гази Баба упатија отворена покана за отворање на Неолитското Село “Тумба Маџари”. Овој настан се случува по повод завршувањето на првата фаза од археолошкиот проект “Реконструкција на неолитското село на локалитетот Тумба Маџари”.

Реконструкција на неолитска куќа од Говрлево

Кратко инфо за локалитетот:

Тумбата Маџари е неолитска населба која се наоѓа во северо-источниот крај на Скопје, помеѓу денешните населби Ченто и Маџари.

Претставува мала височинка – тумба со пречник во основа од 220 м. и висина од 3 м. Со изградба на претходно споменатите населби, а особено со неконтролираното подигнување на дивоградби врз и околу неа, создаден е нов амбиент во кој тумбата дури и не се забележува. Со градежните работи културниот слој е доста оштетен. Речиси 3/4 од населбата е целосно уништен за археолошки ископувања. Останата е само северозападната периферија од населбата на која и се вршат археолошките ископувања. На овој начин констатирано е дека се работи за средно неолитска населба со 3 м. културен слој кој хронолошки припаѓа на периодот помеѓу 6000 и 4000 години пред н.е.

Покрај остатоци од населбински куќи, значајно место завземаат керамиката, но и наодите од култна пластика, посебно антропоморфната. Пред се тоа е ГОЛЕМАТА МАЈКА БОГИНКА, заштитничка на плодноста и куќата, представена на начин што е досега непознат помеѓу неолитските култури од другите балкански простори.

Како се стигнува до локалитетот:

Археолошкиот локалитет Тумба Маџари се наоѓа во населбата Ченто (помеѓу детското село и стадионот Борис Трајковски) и до него освен со автомобил се стигнува и со автобуските линии 23 (најблизу), како и 45, 65 и др. Во непосредна близина е на фудбалското игралиште, на околу 700 м., од левата страна на автопатот Скопје-Куманово-Велес.

Линкови:
Официјална страница на археолошкиот локалитет Тумба Маџари
Тумба Маџари на Македонската Википедија

Дополнителни линкови:
Големите Мајки Богинки – култ или…
Третман на археолошките локалитети во културен предел
Неолитско село во Македонија – музеј под отворено небо

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here