Инфо
За мене
Vasilka Dimitrovska
Skopje, Macedonia
Archaeologist
and professional tourist guide
e-mail: info@arheo.com.mk


Следи ме
впиши ја твојата e-mail адреса


Препорачливо е сајтот да се гледа со Mozilla Firefox
Videos|Channels|Community





View milozvu4na's profile on slideshare



www.flickr.com
This is a Flickr badge showing photos in a set called Саат кулата во Прилеп. Make your own badge here.


Free PageRank Checker
Кажав и направив
Археоблог дел од:
Списанија




Join to my Facebook ARHEO Network

Archive for October, 2008

PostHeaderIcon Perfect (virtual) murder

 

Во овој пост решив малку да се занимавам со убиствата. Нели ви паднало чудно што сите археолози обожаваат убиства. И се трудат да ги oдгонетнат. Верувајте, колку и да звучи бизарно, не постои археолог кој не сака да копа гробови. :) )))

Дали би сакале да извршите совршено убиство? Испланирано до најситниот детал, без никој да ве открие. Да го припремате долго и осветољувиво, за потоа да ликувате. А што ако најмите тим на форензичари? Да ги платите најдобрите научници кои се занимаваат со истажување на убиствата, за да ви смислат убиство од кое нема да остане ни трага? Може ли да се прелаже форензиката?

За жал ќе морам да ве разочарам. Совршено убиство не постои, иако можеби постои совршен план.

Скоро секогаш има потешкотии да се докаже некое убиство во нашето совремие, а замислете тоа да се случило пред илјадници години. Но со помош на методологиите од форензиката, дури и најситниот детал станува доволно видлив за да потврди одредени претпоставки.

Овие благодетите кои ги носи 21 век во форма на придобивки од IT технологијата, ги користат и археолозите. Така во последните 20 години создадена е уште уште една научна гранка т.н Форензичката археологија. Современите форензичари – археолози како и криминолозите – форензичари работат со најновите техники, методологии и софтверски програми. Токму тие им овозможуваат да изгенерирааат компаративни податоци на чија база подоцна по пат на елиминација, побргу се доаѓа до решението. Единствено најголемата разлика кај современите форензичари во однос на класичните археолози е во тоа што работат со случаи кои се сега и овде, а не со убиства стари илјадници години, каде попатно временски поради најразлични причини, се изгубиле повеќето од информациите. И не се достапни за споредба, поради тоа што изчезнале, или постојат само во еден примерок кој ако се даде на анализа би се уништил засекогаш.

Предностите и инструмените кои ги користат археолошките форензичари  се употребени во обидот да се докаже едно убиство од железното доба на т.н. Lindow man, национално богатство на British Museum. Всушност се работи за човечко тело кое добро се конзервирало, благодарение на тоа што со векови било депонирано во едно мочуриште во близината на местото Lindow Moss, СИ Англија.

Да се вратиме за момент пак на убиствата. Виртуелното убиство е уште по перфидно од она физичкото, иако и тука постои т.н. компјутерска форензика. За Интернетот важи правилото дека што и да направите во дигиталниот свет, оставате уште повидлива трага отколку во реалниот. Jас на вас не мора да ви се допаѓам, но можам да ви го променам, па дури и убијам вашиот виртуелен идентитет. Сопствениот идентитет го креирате самите вие. Можете да создадете колку сакате идентитети на Интернет според својатата желба и соништа. И потоа да се обидете да ги убиете. Но знаете ли кој може всушност може да го убие виртуелниот идентитет? Не оној кој го поседува никот, туку оној кој го поседува пасвордот. :)

Тука веќе нема помош ни од форензичарите. :)

Bookmark and Share

PostHeaderIcon Отворена покана – Неолитско Село “Тумба Маџари”

Археолошкиот локалитет Тумба Маџари четврт век чекаше да стане споменик , и уште толку да биде конвертиран во неолитско село, поточно музеј под отворено небо како што е случај со одреден дел од светското културно наследство.

За Тумба Маџари е надлежен Музејот на Македонија, кои спорадично го ископува повеќе од дваесеттина години, а во меѓувреме подигна и официјален веб сајт за овој археолошкиот локалитет.

Во Четврток, на 30.10.2008. год., во 11:00 часот нА локалитет Тумба Маџари, Музеј на Македонија и Општината Гази Баба упатија отворена покана за отворање на Неолитското Село “Тумба Маџари”. Овој настан се случува по повод завршувањето на првата фаза од археолошкиот проект “Реконструкција на неолитското село на локалитетот Тумба Маџари”.

Реконструкција на неолитска куќа од Говрлево

Кратко инфо за локалитетот:

Тумбата Маџари е неолитска населба која се наоѓа во северо-источниот крај на Скопје, помеѓу денешните населби Ченто и Маџари.

Претставува мала височинка – тумба со пречник во основа од 220 м. и висина од 3 м. Со изградба на претходно споменатите населби, а особено со неконтролираното подигнување на дивоградби врз и околу неа, создаден е нов амбиент во кој тумбата дури и не се забележува. Со градежните работи културниот слој е доста оштетен. Речиси 3/4 од населбата е целосно уништен за археолошки ископувања. Останата е само северозападната периферија од населбата на која и се вршат археолошките ископувања. На овој начин констатирано е дека се работи за средно неолитска населба со 3 м. културен слој кој хронолошки припаѓа на периодот помеѓу 6000 и 4000 години пред н.е.

Покрај остатоци од населбински куќи, значајно место завземаат керамиката, но и наодите од култна пластика, посебно антропоморфната. Пред се тоа е ГОЛЕМАТА МАЈКА БОГИНКА, заштитничка на плодноста и куќата, представена на начин што е досега непознат помеѓу неолитските култури од другите балкански простори.

Како се стигнува до локалитетот:

Археолошкиот локалитет Тумба Маџари се наоѓа во населбата Ченто (помеѓу детското село и стадионот Борис Трајковски) и до него освен со автомобил се стигнува и со автобуските линии 23 (најблизу), како и 45, 65 и др. Во непосредна близина е на фудбалското игралиште, на околу 700 м., од левата страна на автопатот Скопје-Куманово-Велес.

Линкови:
Официјална страница на археолошкиот локалитет Тумба Маџари
Тумба Маџари на Македонската Википедија

Дополнителни линкови:
Големите Мајки Богинки – култ или…
Третман на археолошките локалитети во културен предел
Неолитско село во Македонија – музеј под отворено небо

Bookmark and Share

PostHeaderIcon Поклони ми град за денот на мојот роденден …

 

Кога ќе се појави овој пост јас ќе бидам далеку. Толку далеку што вреди уште еден момент мистерија пред конечно да ја кажам јавно мојата мала, кратко чувана, но долго посакувана тајна. Нема да ви се верува дека во 21 век исто како во минатото, некој може да ви поклони град. Но не било каков град, туку градот-бајка. Градот во кој однапред знаев дека во исто време ќе ми биде и убаво и романтично, единствено и неповторливо. Град кој ако не  постоел, тогаш би требало одново да се создаде.

На сите пријатели на денот на мојот роденден им праќам прегратки и поздрави од прекрасната Венеција.

 

Ден за ден
непрекален
мечтаелен,
ден…

Ден во кој
напишав
препишав
од некој иден…
ден..

Ден во кој
созревам
истекувам…
се преобразувам во…
ден.

Ден во кој
содадов
ист таков ден
За да можам
еден ден
да пронајдам
ден…
како овој
ден.

Bookmark and Share
За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат моите текстови и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска археолог

Пребарувај по сајтот
Translate from macedonian
Membership
Категории
Архива
Моето прво мета интервју
Археолошки дневник во:
Календар
October 2008
M T W T F S S
« Sep   Nov »
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
Посети



Global Voices на македонски

Global Voices на македонски
Следи ме на Twitter

Twitter Updates

    follow me on Twitter
    Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes