Home Археологија За А1 македонската археологијата е исто што и Анџелина Џоли

За А1 македонската археологијата е исто што и Анџелина Џоли

2,521 views
2

 

Една од работите со која се занимавам во последните неколку години е застапеноста на темите од археологијата и културното наследство во медиумите. Како човек (блогер)  кој поседува еден тип на медиум, следејќи ја автохтоната средина во која блогот егзистира, со текот на времето тоа го наметна самата природа на работите.

Следењето на топикот археологија vs. македонските медиуми стана делумно достапно од 2001 година наваму, т.е. откако постојат електронските медиуми во Македонија, кои се генерално копија (со минорни исклучоци)  на своите печатени изданија.

Во последниов период на сајтот на А1 Телевизија доста често читам за животот на Анџелина Џоли. Се смирила, се скарала со Бред Пит, па пак се смирила, па родила близнаци. Потоа што јадела, какви вежби практикувала, што изјавила во медиумите итн…

Ми се виде малку чудно за една национална телезвизија (која згора и нема лош сајт) повеќе да се занимава со животот на една глумица отколку со македонската археологија, па си претпоставив дека ова веројатно се должи на некои анкети кои тие ги спровеле помеѓу своите корисници, со чија помош се одредува таргетната група и топикот кој е потенцијално интересен за нивните читатели.

Од сите можни ..нормални медиуми” во Република Македонија, за жал ниту еден нема своја англиска верзија, што е голема среќа за остатокот од светот кој не ја разбира кирилицата. На тој начин се лишени да ги следат ,,солените шеги” на македонските медиуми кога пишуваат за културното наследство. Или кога не пишуваат за него … whatever …

2 COMMENTS

  1. Голем поздрав до овој запис,само би те поправила.За А1 мак. археологија не претставува исто што и Анџелина Џоли.Дури ни приближно толку.Кога би било исто не би постојал овој запис, сигурно.Работата е што не може тие да се споредат, барем не така(медиумски.)А и не станува збор само за Анџелина Џоли, има многу други…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here