Дома Лично Бира блог парти 3 или само едно поинакво дружење

Бира блог парти 3 или само едно поинакво дружење

2,933 views
2

 

Минатата година појдов на пиво фестот во Прилеп. И на Бира блог парти 2. Си поминав супер. Се дружевме, пиевме, се шетавме, уживавме, филозофиравме и тоневме во хедонизам. Се сликав со Флебур. Спиев со Гершанина. Пиев утринско со Вклучи_ме. За сите кои ги сретнав, ми беше задоволство што ги запознав.

Оваа година плановите ненадејно ми се сменија. Утре заминувам на Крф, па оттаму на прошетка по хрватското приморје, за да завршам на еден археолошки симпозиум во Љубљана. Ќе ги испуштам и Фестивалот на пивото во Прилеп и Фестивалот на виното во Кавадарци, ама затоа верувале или не на толку шетање по светов, прв пат после четири години одам на море како турист,  а  не како археолог или водич. 🙂

На сите кои ќе појдете да се дружите и да уживате, ви посакувам ноќи исполнети со убавини, а потоа и пријатни сеќавања. Ако пивото е мелем за душата, тогаш виното е божествен пијалок, инспирација на уметниците …

 една капка
една голтка
зборуваат повеќе
од илјада зборови
интерпункциски знаци
и толкувања

и…

И тука ставам крај на песната … или можеби почеток за некоја нова строфа, нова песна, за во некое поинакво идно време наталожено со сеќавања понесени од сегашноста.

Cheers за сите мои пријатели :)

2 КОМЕНТАРИ

  1. Благодарам Билјана. Се радувам на мојот мини одмор кој е замислен како турнеја по медитеранското крајбрежје.

    Поздрав и се читаме. 🙂

Leave a Reply to Археоблог

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име