Home Археологија Текстови од блогери во новиот број на списанието „Културен живот“

Текстови од блогери во новиот број на списанието „Културен живот“

3,377 views
1

 

Пред некој ден во Дневник имаше напис дека последниот број на списанието Културен живот е посветено на блоговите. Или поточно, би рекла дека тоа се текстови од блогери кои имаа свои презентации на втората Glocal conference организирана од New York University во Скопје. Темата на оваа Glocal 2.0 беше ,,Blogging: Evolution Treated as Revolution“, на која се пријавив со темата ,,Blogging Archaeology: Creating an Open Access Source for Knowledge“.

Како што веќе напишав, во текстот е поместено моето искуство, сите предизвици и проблеми со кои се соочив изминатите години на Интернет додека блогирав за археологијата. И покрај тоа што овој тип на блогирање се уште нема добиено академски статус во светот, сепак постојат значителен број на сериозни Археоблогови кои третираат одредени теми од археологијата или културното наследство.

Некои од прашањата со кои се бавам се: како ќе знаете дека мојот блог е веродостоен, како ќе распознаете квази-наука од вистинска археологија, како се прави проценка на содржината на еден археолошки научен блог и секако одговорот на прашањето како да се креира отворен пристап на знаење кое може да го обликува интернет заедницата.

Тука користам можност да се заблагодарам на две дами кои ми помогнаа, госпоѓата Дона Колар-Панова и д-р. Ана Пејчинова.

Во прилог ја вгнездувам мојата презентација, која е поместена на мојот профил на slideshare.

[slideshare id=396245&doc=blogging-archaeology-1210342288430401-9&w=425]

Зошто се нафатив на еден ваков мини проект? Целта ми беше да објаснам, помеѓу другото, што значи блог-археологија во ситуација кога целиот свет се обидува да го презентира своето културно наследство на интернет, и какви се бенефициите кога еден научник ќе излезе со свој став, па макар тој бил и погрешен.

Зошто да се блогира за археологијата?

Затоа што комплетно отсуствува критичкиот став на македонската медиумската пропагадна машинерија, презентиран само преку интервуја, додека на секој можен начин се одбегнуваат аналитички ставови.

Затоа што ова review за македонската изложба на ,,Неолискaта уметност од територијата на Република Македонија” во Љубљана сведочи дека ваков текст нема никогаш да напише ниту еден новинар за култура во Македонија. Она што загрижува е податокот што во поголем дел се работи за артефакти кои се откриени во текот на изминатите години, а сепак библиографските референци во текстот употребени за цитирање на литература или се застарени или помеѓу нив нема ниту еден македонски археолог кој работи на тематиката т.е не дај боже ги ископувал локалитетите, па потоа ги публикувал предметите.

Затоа што е брука да во отсуство на наши писанија, странци ни ги обработуваат и публикуваат наодите, додека повеќето од македонските археолози се ашкаат зачаурени во својата комфорна институционализација и во сопствената библиографија ставаат текст од една страничка кој го напишале по повод некоја изложба. Бидејќи тоа е непобитен факт. На половина од македонските археолози најголемото достигнување во животот во однос на некаква јавна публикација, им е каталог за изложба. Или евентуално постер со кој отишле на некој симпозиум.

Со помош на интернетот археологијата може да стигне до секого, насекаде, во било која форма и на било кој јазик. Во отсуство на вистински археолози на интернет, а во присуство на милион квази стручњаци за разно разни дисцилини со штафети и пречки на 100 метри, и после толку години македонските археолози не сватија дека блоговите и сајтовите се медиум на иднината и одлично средство за комуникација со која се рушат сите досегашни културни препреки.

Блогирам археологија затоа што се борам против тоа да се бираат археолози-херои и да се создава вакуум во информациите за минатото притоа потпирајќи се на сензационализтички информации кој напати немаат врска со археологијата. Јас не сум тука за да ви се допаднам. Јас сум само една алатка во методолошката постапка при детектирање, откривање, евидентирање или презентација на културното наследство кое му припаѓа на целиот свет. Затоа мојата работа не е да ви се допаѓам на вам, ниту на било кого. Мојата работа е да бидам археолог.

И на крај краева блогирам археологија затоа што блоговите сами по себе се еден вид на археологија која допрва ќе се проучува. 🙂

И секако за крај дел од текстот …

Блогот како медиум овозможува директна комуникација помеѓу блогерот и читателот. Оваа размена на мислења, идеи и коментари може да го поткрене нивото на динамичната научна дебата која се води на Интернет. При тоа, најважната работа е личната перспектива на блогерот, кој давајќи свои сугестии преку лични искуства, ги изложува предностите и слабостите на своите тези пред критичкиот став на публиката. Секој може да коментира, независно дали е блогерот во право или не.

Оваа интерактивност ја  обликува Интернет заедницата. Исто така го обликува и знаењето на начин кој е достапен за сите. Би можеле само да претпоставиме дека овој приод ќе овозможи нов квалитет во глобалните интер-персонални научни и едукативни дејности.

Кога академиците блогираат археологија, тоа не е само средство на комуникација, туку блогот исто така му овозможува на авторот да го прошири влијанието на својата стручност кон не-академска публика и да им ја стави на располагање на поединци кои не можат да си дозволат печатени изданија.


Слични статии:

Културен живот за блоговите
Конференцијата Glocal 2.0 – New York University Skopje
Glocal 2.0 по вториот ден”>Glocal 2.0 по вториот ден

1 COMMENT

  1. Блоговите се интелектуални артефакти кои допрва ќе се проучуваат од интернет археолозите во иднината 🙂
    Копајќи низ архивите на нетот, внимателно и грижливо (како прави археолози, бре) од пронајдените записи ќе откриваат детали за тогашниот (т.е.сегашниот, де) живот на луѓето (нет зависниците поправо), нивната култура и степен на техничка опременост, башка нет платформите кои се користеле (web 2.0 ќе им биде ко глинен предмет) и за што точно служеле).
    Па ќе има нет музеи каде ќе бидат изложени ваквите артефакти и под нив запишано –
    „Археолошки дневник vol. 2.1/2, Арвена, arheo.com.mk, 2008-ма година од преднајновата ера, запис на одлично сочувана платформа, артефакт кој укажува на навиките и развојот на блогерската мисла во рамките на науката“

    Поздрав мила, продолжи со креирањето на материјал за работа на археолозите од иднината 😉 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here