Home Администрација Blogopen 2008, конкурс за Blogopedia и една нова понапредна блогерска заедница

Blogopen 2008, конкурс за Blogopedia и една нова понапредна блогерска заедница

2,459 views
4

 

Македонската блог сцена е зрела за едно посериозно претставување. Во последните две години се случија настани кои направија база врз чија основа можат да се презентираат одредени сериозни заклучоци. Ќе споменам само неколку од нив:

– огромната читаност и популарност на одредени блогови во споредба со мејнстрим медиумите
– активности на македонски блогери надвор од мк блогосферата во социјални настани
– основање на центарот за Нови Медиуми
публикување на блог книги
– компетентни луѓе кои ги следат тековите во мак блогосферата како дел од социјалните медиуми и работат на тоа поле
конференции чија база ја прават токму блогерите со нивните ставови, текстови или презентации итн. итн…

Минатата година на Блогопен 2007 кој се одржа во Нови Сад чинам дека беше присутен само Дарко. Оваа година планирам во Бор да појдам и јас, за сега само како слушател.  Посакувам повеќе блогери да имаат шанса да посетуваат оваков настан, со што би се подигнал стилот на пишување по блоговите, заедно со се дискусиите кои се за сега на исклучително ниско ниво. Предноста да се биде дел од поголемата блогерска заедница на народи кои зборуваат ист или сличен јазик е огромна и нема потреба да елаборирам кои ќе бидат бенефитите, вклучувајќи ги тука искуствата и познанствата со колегите блогери од балканските земји.

Во контекст на овогодинешниот Blogopen 2008 беше распишан конкурс за текст од сајт или блог објавен после 01.10.2007 година. Текстот треба да е напишан на српски, хрватски, македонски или бошњачки јазик и по селекцијата најдобрите ќе бидат публикувани во зборникот Blogopedia 2008. Од она кое го разбрав е дека секој автор може да пријави 2 текста, пријавувањето е лично, а рокот за пријавување на трудовите е 05. 09. 2008 г. На сите кои сметаат дека имаат добри текстови им посакувам успех и доволно храброст да се пријават на конкурсот.

http://blogopen.eu/konkurs-za-blogopediju/

Konkurs za Blogopediju — BlogOpen.eu via kwout

Има блогери кои пишуваат добро. Постојат блогери кои можеби стилски не се толку вични, но затоа пак се шармантни, харизматични, цинични и пред се критички настроени  што по мене е позитивна појава во земја каде критиката отсуствува во секоја област и се сваќа како личен напад или зло. Она што не го научи македонската јавност а со кое блогосферата постојано и удира шлаканици е тоа дека и ,,Критиката може да биде конструктивна“. Сепак, во мој стил би додала, какво седиште – такво гледиште.

Слични записи:

Комуникации – Blogopen 2008
Мечето Ушко – Конкурс за БЛОГОПЕДИЈА
Букарски – BLOGOPEDIJA 2008
Bane Dimitrijević – BLOGOPEDIJA U MAKEDONIJI

4 COMMENTS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here