Дома Археологија Рекогносцирање со помош на Google Earth во кризни подрачја

Рекогносцирање со помош на Google Earth во кризни подрачја

4,444 views
4

 

Според Законот за Заштита на културното наследство на Република Македонија, Глава I,  Општи одредби, член 11:

”Рекогносцирање” е потврдување на точноста на сознанијата за археолошкото наследство врз основа на претходно извидување на одредена месност.

Поглупа и понеразбирлива дефиниција, здравје!

Наместо тоа поедноставно е да се каже дека проспекција или рекогносцирање  е недеструктивна метода со која се означува пронаоѓање или детектирање на одреден археолошки локалитет, само врз база на површинско набљудување.

Во последната деценија скоро сиот нормален научен свет се стреми кон т.н. non destructive techniques, се со цел на еден поинаков начин да го истражи, заштити и презентира културното наследство. Археолошките ископувања се превземаат само во случаи на градежни кампањи (патишта, населби …) или ризични елементарни непогоди (поместување на земјиште, поплави …) кои довеле локалитетот да мора се ископува, бидејќи тоа е единствениот начин да се заштитат предметите пред тие комплетно да изчезнат од лицето на земјината топка.

Претпоставувам дека оние кои почесто го користат Google Earth, знаат дека во рамките на овој програм е предвидена можноста за изработка на леери кои се комбинација од сателитски снимки и различни бази на податоци. Под Global awareness конкретно има ставка под која може да се бира да се погледне одредено светско културно добро.

[youtube]uG-Uw_fKxCw[/youtube]

Од она кое можев да го видам самата на катедрите по археологија на Балканот а и во Европа, програмата Google Earth доста често се користи за рекогносцирање во рамките на предметите ,,Површинска археологија” и  ,,Методологија на археолошки ископувања”. Во моменов предноста на овој софтвер покрај другото е можноста да се рекогносцира со негова помош  во кризни подрачја како Никарагва, Авганистан, Осетија итн, како и сите пост-воени зони кои се опасни за теренска работа.

Но google и неговите програми не служат само да се откривање (1,2,3,4), туку се и можност на еден прифатлив начин да се подигне свеста и да се информираат луѓето за разните состојби во светот, вклучувајќи го тука и духовното и материјалното богатство. Така тимот на Google пред некое време имаше една необична турнеја во прашумите на Амазон каде на покана од поглаварот на племето Суруити спроведоа обука за користење на интернет со цел користејќи ја технологијата на 21 век членови од племето да постават што е можно повеќе информации за себе

Во меѓувреме Google Earth стана ready-made GIS за целата планета, вклучувајќи ја тука и археологијата како една од поважните категории. Како минува времето согледувајќи ги предностите на оваа технологија, се повеќе го прифаќам начинот преку кој не се регистрира само културното наследство, туку и природните околности (пејсажот) во кое богатството од артефакти и екофакти физички егзистира и претставува неделива интерактивна целина која може да ни помогне преку сегашноста подобро да го разбереме минатото.


Дополнување: Во прилог на постов можам да ја препорачам Find the Archaeology – игра во која логираната заедницата употребува Google Earth за да постира одредена аеро фотографија на археолошки локалитет со цел да се открие каде тој се наоѓа. Аеро фотографијата претставува ресурс за сите археолози и нејзините бенефити допрва ќе бидат искористувани од многу науки.

Поврзани стории:

I have been google maped?!!
Аквадуктот во Скопје се гледа преку Google maps и Google earth
Google map my Аквадукт
You have been google watched through the macedonian carpet
Форумот на Македонска Авијација – ментална релаксација за археологија
Идните археолошки сајтови

4 КОМЕНТАРИ

  1. Никогаш не би помислил дека вакво поучно и добро конципирано излагање некогаш ќе сретнам на Фејсбук. Благодарам!

    П.С. Благодарам за убавите зборови за FTG во постот „Статуа ли е статуа,..“. Ептен ми значи твојата поддршка.

    Поздрав,
    Васко.

  2. Благодарам Васко за коментарот,

    Фејсбук е одличен начин за промовирање на многу работи, меѓу другото и преку постирање на линкови или пишување на сопствени текстови и размисли.

    Инаку што се однесува до FTG, добрите и квалитетни работи не поминуваат незапазено. 🙂

    Поздрав

  3. […] Веќе одамна Гугл и неговите производи станаа незаменлива алатка за рекогносцирање, без која не може да се направи едно археолошко истражување или ископување. Денеска е можно дури и да се рекогносцира (површински прегледа) скоро секој дел од земјината топка, вклучувајќи ги и оние археолошките локалитети кои се наоѓаат во кризни подр…. […]

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име