Дома Археологија Таписеријата од Баје

Таписеријата од Баје

1,525 views
0

 

Еден од начините како Британците се грижат за промоција на своето културно и историско наследство е овој видео клип до кој дојдов преку Англискиот археолошки портал – British Archaeological Jobs Resource. Клипот е всушност анимација на познатата Таписерија од Баје на која е опишана Норманската инвазија на Англија во 1066 година.

 [youtube]bDaB-NNyM8o[/youtube]

На оваа таписеријата има прибелешки испишани со латински јазик, а моментално се чува во специјален музеј во Баје, Нормандија, Франција. И покрај тоа што овој артефакт и е добро познат на науката, многу аспекти од оваа ракотворба остануваат мистерија.

Во меѓувреме Таписерија од Баје со текот на столетијата има добиено култен статус, па честопати била повод за одредени собири или конференции Така минатата недела се одржа научна конференција во British Museum посветена на  неа, каде дури се дошло и до сознанието која е личноста што пред стотина години ја извандализирала сечејќи еден мал дел за да може подоцна да го продаде.

Bayeux Tapestry

Она што мене ме интересира е дали ќе му текне на некој кај нас да направи вакво нешто. 🙂

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име