Дома Антропологија More human than human – или како уметноста не направи по’човечни

More human than human – или како уметноста не направи по’човечни

4,377 views
3

На овој пост ме предизвикаа две работи. Првата е пронаоѓањето на прекрасната склуптура т.н. Venera pudica на археолошкиот локалитет Скупи, а втората е еден неодамнешен пост на Панта Реи за убавината добиена со помош на фотошоп.

Срамежливата Венера за која известија скоро сите домашни (1,2,3,4,5,6) и некои странски новински агенции (1,2,3,4), датира од 2 век н.е. Изработена е од мермер во природна големина и претставува импозантен наод кој сведочи за уметничките традиции на територијата на Република Македонија во римскиот период. Но нели ви се чини дека Венерата е премногу убава за да биде вистинита? 🙂

Независно од детерминацијата за убавина, овој артефакт ме стави на дума дека човекот не само во минатото, туку и денеска е опседнат со човечкото тело. Каде и да се свртите луѓето околу вас постојано гледаат во нешто, а во поголем број од случаите тоа е совршено извајан хабитус.

[youtube]YP31r70_QNM[/youtube]

Наметната убавина може да биде многу опасна, особено по здравјето. Па сепак она што инспирира, манипулира, што не тера да помислиме на останатите, но и на себе си – е токму  телото. Сликите со убави тела доминираат околу нас. Ги има на билбордите, рекламите на телевизија, списанијата, фотографиите … Тие се само дел од визуелниот свет кој ни го окупира нашето внимание, па макар тоа било и за момент. Генерално, можат да се разграничат два типа на перцепција кон овој елемент

Тип 1 – човечкото тело во функција на реклама за одреден артикл

Тип 2 – човечкото тело како дел од светот на уметноста

‘Нарачаната’ перцепција за убавината на тело може да се согледа кај сите древни народи. Човечкото тело било во фокусот на вниманието уште од самите почетоци на уметноста. Праисториските ловечко-собирачки заедници својот светоглед го исполиле преку т.н. Палеолитски венери (Вилендорф, Леспиг, Долни Вестонице, Лосел…). Овие мали статуетки имаат нагласена стеатопигија, односно предимензионирани гради, колкови и стомак. Независно дали го отсликувале тогашниот свет на нашите претци, тие имаат една заедничка карактеристика – нереална претстава на нивното тело.

Вилендорфската венера, 30 - 15 000год. п.н.е.Венерата од Леспиг, 23 000 год. п.н.е

Египќаните сакале ред и прецизност како во животот така и во уметноста. Единствен пример кој претставува exeptio probabat regulam се статуите на владетелот Екнатон (познат и како Amenhotep IV) претставен со сите свои несовршености.  Екнатон бил револуционер кој сакал да ја промени традиционалната вкочанетост на египетската уметност. Oчевидно е колку склуптурите кои припаѓаат на т.н. Амарна стил отскокнуваат од целата уметност на древниот Египет, заглавена во времето и негувана преку три милениуми. Сепак останува загатката зошто и покрај нивната високо развиена цивилизација, Египќаните се решиле уметноста да им остане на исто ниво без да претрпи било какви влијанија однадвор.

Древните Грци отишле еден чекор понатаму. Кога ќе се погледне во прекрасно извајаните атлетски склуптури, станува јасно дека нешто не е во ред со нивната анатомија. Со одредени пренагласени делови од телото тие изгледаат толку совршено човечки, дури и пореално отколку што е самиот човек. Следејќи го примерот на Polyclitus, старите Грци кај своите склуптури развиле физички потенцијал на атлети фатени во миг кога се релаксирани, но истовремено и спремни во секој момент да се придвижат.

[youtube]88gXWW3qN7o[/youtube]

Greek Sculpture  – BBC: How Art Made The World

Човекото тело било опсесија за уметниците и благодарејќи на него се создадени  повеќе ремек делата во историјата на уметноста. Но сите овие тела независно од медиумот во кој се појавуваат имаат нешто заедничко.

Не сте се запрашеле ли досега зошто нашиот свет е толку преокупиран и во него доминираат нереалистични тела? Упс, мислам, дали навистина сте виделе во живо некоја фигура која можеби личи на склуптура од Хенри Мур?!

3 КОМЕНТАРИ

Leave a Reply to Сликите околу нас » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име