Home Археологија Дали е македонската археологија контролирана? – случајот со Кокино

Дали е македонската археологија контролирана? – случајот со Кокино

2,380 views
0

Причината поради која го пишувам овој пост е последиот извештај од археолошкиот локалитет Кокино, за чии ископувања се дадени само 3000 евра. За да ви ја доловам бизарноста, ќе направам мала споредба со минатогодишните ископувања на Скопско Кале за кои во една кампања беа дадени 2,5 милиони евра. Да не ги споменувам дневници на ова холивудско ископување,  по едно ,,башка” за сите колеги кои извољеваа на секакви други можни начини , фрижидери за пијалоци, фрижидерот за кафе, како и фактот дека на локалитетот  имаше 7 пластични тоалета чие изнајмување чинеше по 10 евра на ден за секој од нив. Помножете ја цената на тоифорите по 30 дена, па по 8 месеци и ќе видите колку пари се дадени само за ,,срање”. Алибито на толку потрошени пари може(ше) да се најде во газдата на ресторанот на Кале. Наводно тој ги заклучувал тоалетите во неговиот објект при што тие биле недостапни за потребите на археолошката екипа, која рака на срце во еден момент броеше преку 350 луѓе.

А тоа дали Скопското Кале требаше воопшто да се ископува и да се прави експлозивно show and story до банализација, ќе биде тема со која ќе се позанимавам на место соодветно за таа намена. Постојат законски пропозииции како и зошто еден археолошки локалитет е потребно да почне да се ископува или да се заштити и какви мерки се превземаат во тој случај. Скопско Кале се заборави, како што се подзаборавија и ископаните предмети кои моментално се наоѓаат во Музејот на град Скопје. Не се секирајте за нив. Верувам дека доста долг период ќе останат на истото место со голема доза на сомнеж дека во блиската иднина би се трансферирале во некоја книга. А кога тоа ќе се случи, јавно ќе и дадам медаља на екипата која ќе стои зад тој проект.

Наодите од Кокино се одамна публикувани и колегите задолжени за овој локалитет скромно и на секој можен начин се трудат преку медиумите тој да остане во жижата на интересот. Кокино е археолошки локалитет за кој знаеме дека нема да се повтори во историјата на човештвото, бидејќи секој локалитет било каде во светот сам по себе е уникатен и оригинален, посебно оние кои се од витално значење за светската археологија и култура.

Скопско кале е исто така значаен локалитет како и секој друг локалитет во светот, но сметам дека му беше дадено (да не кажам наметнато) непотребно хиперболизирано значење кое останатите вредни локалитети ги стави во втор план. Не дека пак македонската археологија некогаш имала прв или било каков друг план. Дали мислите дека и понатаму треба да се споредува размерот на ископувањата на една средновековна крепост какви што ги има на тони низ Република Македонија, со локалитет како Кокино?

Претпоставувам дека сите оние кои ги следат случувањата во македонската археологија илјадапати си го поставиле прашањето зошто една мала земја како Македонија, која одамна требаше да се отвори кон светот, нема:

– странски археолошки школи
– предавања од врвни археолози (од кои некои се наоѓаат и во наша близина)
– публикации од тоните археолошки ископувања
– стипендии за напредни студенти
– праќање на доусовршување за некоја специјализација надвор од државава
– менаџмент за археологија и културно наследство
– 20 години вработено ,,нов млад” кадар на Катедрата по археологија
– вработување на 400 дипломирани археолози кои се уште чекаат на својата шанса
– стручњаци по институциите (познато е дека тие се вработуваат по партиска линија)
– финансирање на значајни локалитети спорд приоритетна листа која никогаш не е изработена
– симпозиуми, семинари, округли маси, јавни дебати и археолошки конгреси
– отсуство на опструкции кои се прават на секој чекор
– итн…итн…

Реално и одстрана гледано, некој ќе се запраша: дали е македонската археолошка фела толку неспособна, или некој се обидува сето ова време да ја контролира археологијата во Република Македонија? Впрочем штом оваа ситуација се развлекла толку години (од 1991) и останува непроменета, тоа само значи дека не некого му одговара овој систем на вредности каде ретко кога се знае кој што ископува, каде ископува, како тоа го прави, не публикува, а притоа си игра со идентитетот на една земја.

За да не бидам обвинета од некои самопрозвани стручњаци, ова мое мислење ќе го окарактеризирам како хипо,,теза”, а тезите ќе им ги оставам на сите оние мои колеги кои мислат на 50 години допрва да стануваат магистри и доктори на науки. 😉

Текстови со слична тематика:

Праисториската опсерваторија во Кокино
Менхири, трилити, кромлиња, долмени, хенџови…
Блогерите одат за Куклица, Цоцев камен и Кокино
Поштенски марки со мотиви од Кокино
Време на хенџови
А што по ѓаволите сега да правиме со Кокино?

Дополнителни линкови:

Кокино (локалитет) – Википедија
Oфицијалната веб страница на археолошкиот локалитет Кокино
Megalithic observatory Kokino – Project by CDNH

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here