Home Археологија Macedonia The Land Of …

Macedonia The Land Of …

1,452 views
0

 

Таму во една далечна земја каде Семоќниот ја завршил половина од работата и за многу нешта не се знае дали се дело на природата или на човечката рака, високите планини се исто толку пристапни како и луѓето. И додека сонцето питомо се спушта врз благите падини ,,Macedonia The Land Of …” ни раскажува топла приказна, притоа грижливо отворајќи ги хоризонтите на древните цивилизации врз кои таа почива. Во четири поглавја проследени со прекрасни фотографии кои ви го оздемаат здивот, се простира досега непознат свет исполнет со бои, звуци, духовност и креативност.

Macedonia The Land Of ...

 

,,Macedonia The Land Of …” е монографија со која веројатно би била задоволна секоја земја, од аспект на туризмот. Ова е една од оние книги што те прават горд да си Македонец. Но зарем не се тоа сите книги кои ги гледате или ги купувате на вашите патувања во странство. Книги какви треба се почесто да бидат присутни на домашниот пазар со цел непосредно да ја претстават нашата земја и вековна култура пред странците и туристите.

Авторот на овој проект е издавачката куќа ,,Зона” од Скопје, позната и по Авантурите на Дино, македонски образовен сајт за најмладите, за кој веќе спомена Панта Реи. Комплетниот визуелен впечаток e надополнет со едно ДВД, каде е поместен видео клип кој изобилува со фотографиите кои можат да се видат и на страници од самата книга. Текстот е на проф. д-р. Никос Чаусидис, а оригиналната музиката е напишана и изведена од Драган Даутовски.

Им благодарам на луѓето од Зона за поклонот кој го добив од нив за време на Саемот на Книгата Скопје 2008. Се обидувам да им вратам на најубав можен начин. 🙂

Во прилог го вгнездувам видео клипот кој од самото поставување на мојот канал на ју тјуб предизвика позитивни реакции. Поздрав до сите прекрасни луѓе и нивните коментари.

p.s. за книгата пост напиша и Виолетова


Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here