2008 June » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
Сајтот е во изработка. Препорачливо е да се гледа со Mozilla Firefox

26th June 2008

Бесплатна тура низ Скопско кале пред концертот на Синтезис

 

Како што беше објавено во медиумите и на мојот блог, на 30 јуни етно-групата Синтезис ќе го промовираат својот најнов албум ,,Идентитет” со бесплатен концерт на Скопското Кале. Да биде задоволството двојно, сите заинтересирани пред настапот на Синтезис кој е закажан за 21 часот, од мене ќе добијат бесплатна тура низ локалитетот. Збирно место e Горна капија на Кале, пред самиот паркинг. Поканата за овој настан е од отворен карактер. Секој може да се придружи или да покани други да се приклучат.

Домаќин: Arwena
Тип: Тура по археолошки локалитет
Ден/Датум: Понеделник, Јуни 30, 2008
Време: 7:00 pm - 8:30 pm
Локација: Скопско Кале
Град: Скопје, Македонија (погледни ја мапата)

А не дај боже, во случај да заврне? Веројатно не чека најблискиот коктел бар и по едно mojito :)

Поубавиот дел од членовите на Синтезис со македонските блогери
Археолошки локалитет - Стоби, 16 Јуни 2007

Апдејт: 30.06.2008 - Skopje fortress walking tour

И групата која храбро го изоде археолошкиот локалитет пеш, еден час пред настапот на Синтезис на Скопското кале

Клучни зборови: , , , , , , , , , , ,

напишано во Археологија, Туризам | 0 Коментари

23rd June 2008

Во пресрет на Европското полуфинале во фудбал 2008

 

Во почетокот наместо топка, веројатно се шутирале камења. Што секако е спорт кој не ви го препорачувам.

Сепак најстарото споменување за фудбалот датира од Кина во периодот околу 476 година п.н.е - 221 година н.е. Jа опишува игра Cuju, која е нешто слично на она што е денеска нашироко познато како фудбал. Иако треба да се знае дека Фудбалот е заедничко име за повеќе спортови во кои се употребува топка, со цел е да се постигне гол. Историјатот на фудбалот познава многу настани поврзани со него, како на пример најстарата зачувана топка на светот, која беше донесена на почетокот од светкото првенство во фудбал во Германија за да посведочи за културните традиции на овој спорт.

Во контекст на фудбалот како пропратен феномен скоро отсекогаш се појавувале тепачките помеѓу пристрасните приврзаници на спротивставените екипи. Се надевам дека ви е се уште свеж настанот од пред година и пол кога бандитското однесување на италијанските навивачи уби полицаец, а притоа умре и еден инспекор на кого му фрлија бомба.

А pro pos фудбалот, си приспомнувам на еден интересен момент од животот на старите Римјани. Сликата која ја гледате е фреска од Помпеја, насловена како ,,Тепачката во амфитеатарот“. Насликана е според еден вистинит настан кој се случил 59-та година од н.е., кога на сред гладијаторска утакмица се испотепале присутните гледачи, навивачи на двата соседни града Помпеја и Нецериа. Целиот настан стигнал дури до сенатот. На крајот императорот решил амфитеатарот во Помеја да го суспендира на 10 години.

Можете ли да замислите од колку големи размери требало да биде ваков настан во тоа време, штом стигнал до Нерон.  Зошто ова ми изгледа доста познато??? А? :))))))

Of the record … навивам за фудбалот, молам, ништо лично. :)

напишано во Археологија | 2 Коментари

21st June 2008

Најубавото момче на светот (2)

 

 

Не дека потекнува од 4 век п.н.е.
Не дека е толку близок на духот на Праксител
Не дека во него тој ја олицетворил својата љубовница куртизаната Phrynê
Не дека е пронајден во морето од заливот Маратон
Не затоа што е бронзен
Не затоа е славен
Не затоа се мисли дека веројатно го претставува богот Хермес
Не дека е олицетворение на класичната грчка уметност
Не затоа што изгледа како атлет од гимназиум
Не заради правилните пропорции
Ниту затоа што служел како ламба во Римскиот период

 Marathon boy

Туку затоа што т.н. Мarathon boy  има многу симпатична глава, хармонија на лицето, складни линии преку кои се чита body language-от. Затоа што веројатно е направен од голема љубов, бидејќи тој самиот е љубов.

И затоа што е убав бре!!! :)


Кога сме веќе кај Маратон, тоа е град во Грција и место на кое се одиграла познатата Маратонска битка во 490 година п.н.е. Во неа Атињаните ги поразиле Персијанците, а легендарниот гласник Филипидес трчал од Маратон до Атина за да го јави исходот на битката. Денешната атлетска дисциплина маратон се трча во знак на сеќавање на овој настан.


Текстот е репринт по повод Летните Олимписки игри оваа година во Пекинг и Хонг Конг. Да им посакаме успешна организација на овие две земји и да се надеваме дека нема да ги прати проклетството на олимписките маскоти именувани како Фуви (1,2). We have just 47 days to go!

напишано во Археологија, Уметност | 0 Коментари

14th June 2008

Драг IE,

 

Лесна ти земја. Ради превентива, умри најбрзо што можеш.

no love,
Arwena

Download day

Download Day - English

The official date for the launch of Firefox 3 is June 17, 2008. Join our community and this effort by pledging today.

напишано во Администрација | 1 Коментар