9th May 2008

Glocal 2.0 по вториот ден

 

Мојата презентација на Глокал 2.0

Со Дарко, модераторот на мојата сесија

За сите оние кои не беа во можност да пристуствуваат на конференцијата Глокал 2.0 која се уште се одржува во New York University Skopje, се тече во најдобар ред. Добра организација, одлични презентери, многу забава и дружење, и overload информации од светот на блогирањето, комуникациите и медиумите. Првиот ден помина супер, а еве веќе привршува и вториот ден со заедничка журка.

Во прилог ја постирам мојата презентација насловена како ,Blogging Archaeology: Creating an Open Access Source for Knowledge“, која е поместена на мојот профил на slideshare. Не го пропуштајте утрешниот ден, а посебно не ги пропуштајте работилниците за блогирање на Милош и Анастас.

Клучни зборови: , , , , ,

Bookmark and Share

posted in Интернет, Конференција, симпозиум | 3 Comments

9th May 2008

Благодарност до Мк Wordpress тимот кој ми спаси 700 поста

 

Овој сајт го купив некаде кон крајот на декември, а благодарение на помошта од Ицко ја поставив wp платформата. Исто така тој го стокми овој привремен темплејт и го преведе на македонски. Во почетокот малку тешко го примив блогирањето на wp, зошто не бев навикната. Платформата не е совршена, но и ние луѓето не сме. Сепак за разлика од многу други, нуди огромни можности. Дури и една платформа како моќниот блогер после толку време постоење, пред некој ден постави опција за местење на тајмингот кај постовите.

Во меѓувреме не успеав да ги префрлам постовите од Блогер Мк, каде што претходно блогирав и се случи хаварија. Најголемиот проблем со постовите кои се наоѓаа таму (а се преку 700) настана кога пред извесно време платформата комплетно падна. Не можев никако да го исконтактирам админот за да прашам дали има некаков, било каков бек ап на податоците, а исто така не бев во можност да пристапам во администраторската папка на блогот. Со самото ова ми се заглавија сите текстови кои беа он лајн, како и оние кои беа драфтувани. Дури и рачно да ги преместував од самиот блог (т.е. копирам) пак би било прилично сложено, бидејќи имав поставено да се појавуваат само по 2 поста на страна. Тоа би било рамно на 350 кликови и нон стоп копи/пејст.

Многу благодарност до Мк Wordpress тимот на кого се обратив за помош. Посебно му благодарам на Ванчо Орданоски кој несебично ми помогна да се сработи сето ова за исклучително кратко време. Сите упатства како беа пренесени постовите од една крахирана блогерска платформа на wp ги имате на МК WP Блогот. Не дај боже, но што знам, овие упатства можеби некому ќе му бидат од корист во иднина. Во меѓувреме тој направи привремена база на еден од локалните сервери во неговата фирма, од каде релативно лесно можaт постовите да се пренесат тука.

Јас навистина не знам како да се оддолжам за стореново. Ако сепак постои начин, молам да бидам навреме известена. :)

Bookmark and Share

posted in Администрација | 1 Comment

Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes