Дома Археологија Конференцијата Glocal 2.0 – New York University Skopje

Конференцијата Glocal 2.0 – New York University Skopje

2,853 views
6

 

За два дена стартува втората Glocal conference организирана од New York University во Скопје. Темата на оваа Glocal 2.0 е ,,Blogging: Evolution Treated as Revolution“, на која се пријавив со темата ,,Blogging Archaeology: Creating an Open Access Source for Knowledge“.

Во текстот е поместено моето искуство, сите предизвици и проблеми со кои се соочив изминатите години на Интернет додека блогирав за археологијата. И покрај тоа што овој тип на блогирање се уште нема добиено академски статус во светот, сепак постојат значителен бројот на сериозни Археоблогови кои третираат одредени теми од археологијата или културното наследство.

Некои од прашањата со кои се бавам се: како ќе знаете дека мојот блог е веродостоен, како ќе распознаете квази-наука од вистинска археологија, како се прави проценка на содржината на еден археолошки научен блог и секако одговорот на прашањето како да се креира отворен пристап на знаење кое може да го обликува интернет заедницата.

Програмата може да се симне тука, конференцијата е од отворен карактер и поканети се сите заинтересирани.

 

Клучни зборови: , , , , , , , , ,

6 КОМЕНТАРИ

  1. […] На покана од New York University Skopje во мај 2008 година учествував на… со темата ,,Blogging Archaeology: Creating an Open Access Source for Knowledge“. Со текот на годините, како археолог, но и како активен блогер, се покажа дека археологијата во спрега со Новите медиуми е одлична релација за надградување на знаењето во дигиталниот свет. Во отсуство на публикации, јавни дебати и конференции, интернетот е во моментов единствениот извор за новите пронајдоци во македонската археологија. Текстот беше публикуван два пати, еднашка на македонски јазик во списанието ‘Културен жнивот’, и еднашка на англиски јазик во ‘АРХЕО’, најпрестижното списание за археологија во Словенија. […]

  2. […] На покана од New York University Skopje во мај 2008 година учествував на… со темата ,,Blogging Archaeology: Creating an Open Access Source for Knowledge“. Со текот на годините, како археолог, но и како активен блогер, се покажа дека археологијата во спрега со Новите медиуми е одлична релација за надградување на знаењето во дигиталниот свет. Во отсуство на публикации, јавни дебати и конференции, интернетот е во моментов единствениот извор за новите пронајдоци во македонската археологија. Текстот беше публикуван два пати, еднашка на македонски јазик во списанието ‘Културен жнивот’, и еднашка на англиски јазик во ‘АРХЕО’, најпрестижното списание за археологија во Словенија. […]

Leave a Reply to Glocal 2009 - Inside Social Media (call for papers) » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име