Home Лично Христос воскресна, навистина воскресна

Христос воскресна, навистина воскресна

1,970 views
1

 

„Оној што некогаш ја затвори бездната сега мртов се гледа и завиткан во смирна и плаштаница. Бесмртниот како смртен во гроб се полага, а жените, плачејќи горчливо, дојдоа да Го помазат со миро, велејќи: ’Оваа сабота е најблагословена, зашто во неа Христос Кој заспа, по три дена ќе воскресне’.“

Оплакување на Христос, фреска Нерези, Скопје (1164 година)

Црковни ѕвона ѕвонат
оплакувањето Христово
го слават
во храмот со икони
свеќи за здравје палат
со молитва треба
врска со Бога
да воспоставиме
духовно да се прочистиме
избистриме освестиме
та не сме ние толку мали
та не сме ние толку ситни
додека не бараат
на картата на Балканот
нашите Амбасадори
на добра волја
од мајка родени
со љубов оплодени
не прикажуваат
не афирмираат
не именуваат
како големи
меѓу најголемите.

Патување во себе – Надица Тренчева

Овој пат си дозволив да ви посакам се надобро за престојните Велигденските празници со дел од поемата ,,Патување во себе”, за која еден блогер ја освои наградата Глигор Прличев во 2005 година. На сите православни, мои роднини, пријатели, читатели или попатни минувачи низ мојот профил на фејсбук, им ги честитам Велигденските празници. Нека ви е само за арно, и за многу години.

Христос воскресна, навистина воскресна.

1 COMMENT

  1. Kakvo prijatno iznenaduvanje, i so pesnata i so Hristovoto oplakuvanje. Ja imam doma na zid zakacena, omilena srednovekovna freska. Za mnogu godini praznikot, ova nema da ti go zaboravam 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here