2008 April 20 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
20th April 2008

Покана за промоција - ПИСАТЕЛОТ ВАРСКИ И ДРУГИ РАСКАЗИ

 

Контроверзниот блогерај е повторно по 18ти пат укоричен. Се работи за збирката ПИСАТЕЛОТ ВАРСКИ И ДРУГИ РАСКАЗИ на Душко Гошевски, на кого Темплумци смогнаа сили да му ја публикуваат. Неофицијалната промоција се случуваше на Саемот на книгата во саботата, кога Дуле помеѓу 17-19 часот ги потпишуваше првите примероци од својата книга. Беше толку избезумен од среќа што кога го видов и реков на нашиот издавач Виолетова: E вака сум замислувала дека некој искрено се радува кога ќе му издадат книга.

Книжулето на Дуле веќе го имам со автентичен и прилично инвентивен потпис од авторот. За текстови кои ги објавува на својот блог, повеќепати сум го искажала моето мислење во форма на коментар. Му посакувам многу среќа. Има необична дарба, а притоа е многу скромен дечко. Веројатно го знаете фактот дека живее во студентски дом и блогира од интернет кафе. Така ги објавуваше сите свои раскази, од кои повеќето се поместени во оваа збирка. А утре? Уште ќе биде вистинска фешта, затоа што Дуле тоа навистина го заслужил.


ПИСАТЕЛОТ ВАРСКИ И ДРУГИ РАСКАЗИ
ПОНЕДЕЛНИК 21 АПРИЛ 20.30 ЧАСОТ

КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ТОЧКА

(позади Соборен храм)

05_katapult_gosevski.jpg

Промотори:
Ирена Цветкович - ФЕМГЕРИЛА
Филип Стојановски - РАЗВИГОР
Мистериозна особа Х ( не е потврдено)

Дополнителни Валандовски промотори

(Мастика, Ракија, Црвено вино - Мерло, Бело вино - Шардоне)

Дуле не очекува…

напишано во Разно | 0 Коментари