Инфо
За мене
Vasilka Dimitrovska
Skopje, Macedonia
Archaeologist
and professional tourist guide
e-mail: info@arheo.com.mk


Следи ме
впиши ја твојата e-mail адреса


Препорачливо е сајтот да се гледа со Mozilla Firefox
Videos|Channels|Community





View milozvu4na's profile on slideshare



www.flickr.com
This is a Flickr badge showing photos in a set called Саат кулата во Прилеп. Make your own badge here.


Free PageRank Checker
Кажав и направив
Археоблог дел од:
Списанија




Join to my Facebook ARHEO Network

Archive for April 12th, 2008

PostHeaderIcon Дајте ми два три-податока и јас ќе ви конструирам вистина

 

Прашање е колку културното богатство на една земја е сигурно. Но не од безбедносен, туку од научен аспект. Археолошката меморија исто така може да биде многу селективна. На Балканот имате безброј вакви примери, а најсвежиот се т.н. Пирамиди во Босна. Дури и по тригодишните археолошки ископувања сепак не ни го обзнанија својот специфичен лик на нам луѓето, кои се уште не знаеме какви древно-босански ентитети ги изградиле. Сепак ќе останат сведок за успешниот маркетингшки обид една земја уништена од војна, да ја постават на културната мапа на светот. Најинтерсниот момент во целата оваа лакрдија е тоа што зад овој проект не стои никој друг, туку самата Босанска влада. Иако Пирамидите во Босна не се конкретна тема на овој пост, но кога се тие во прашање, каде е овдека вистината?

Кога ќе појде еден археолог на терен, ако ископувањето не е урбано (како што е случајот со Скопското Кале) ние треба да веруваме во неговата стручност и правилно расудување да ги толкува релевантно наодите кој ги нашол. Во светот а и кај нас постои Инспекција за заштита на културното наследство која го контролира почетокот, текот и понатамошното третирање на откриените артефактите во било кој контекст. Но не може инспекцијата да забрани личен приод и сопствено толкување на предметите, бидејќи во духот на демократската мисла, тоа е сепак научно право на истражувачот. Кој може да каже дека некој археолог не конструира сопствена вистина при обработката на наодите? Во тој случај, единствено нешто во кое можеме да бидеме сигурни, се всушност самите наоди.

Посебно симпатични за конструирање на вистината се Митовите за националниот идентитет, една од омилените друштвени игри. Поткрепена со соодветни артефакти, ова може да биде одлично поле за играње во сверата на историската археологијата, со идеологија која потпаѓа во категоријата друштвено-ангажирани дневно-политички трки на кратки патеки. Со многу пречки.

Турците го владееле цел Балкан со векови вклучувајќи ja и сегашната територија на Грција. Главниот град на таа империја (денешен Истанбул) моментално се наоѓа во Турција и заладувањето на односите помеѓу овие две земји доведоа до тоа да грчките археолози имаат различни приоди кон своето отоманско минато. Скоро сите се сложни во желбата да го прескокнат овој дел од својот идентитет, но затоа пак во потрагата (од секаков тип) во моментите кога се нема никаков друг изговор, добар изговор за било што се античките Македонци.

Таканаречените Diverse Approaches to the Ottoman Past, укажуваат на тоа дека Грците имаат слаба претстава за туѓите, ама многу добра претстава за својата култура, додека во науката незванично важи дека прават “hysteria over history”.

Но археологијата, науката и знаењето вклучително со сите помошни и пропратни науки, не се состојат само од штуро пласирање на информации туку и од нивна обработка во еден поширок хуманистички апект. Оној момент кога ќе се направи контекстуализација на информацијата која својот животен век го поминала и се извајала низ некаква интелектуална стуктура, веројатно може да се добие верзијата која е најблиска до вистинската. А се до тогаш, посакувам публикување на сите наоди заглавени по депоата на македонските музеи со години. Кој знае каква вистина ќе конструираат тие ако воопшто некогаш ја згогледаат светлоста на денот.

Свесна сум дека секогаш ќе постои проблемот оти предност за некоја тема или теза (па макар била и погрешна) во однос на обичниот човек ќе ја има ,,научникот”, само поради фактот што има титула. Затоа ми се допаѓаат блоговите каде што секој може да напише своја гледна точка за некој настан или пак да изнесе став за одредена тема. Така повеќе извори може само да создадат одредена слика која е многу блиска до реалноста. Како што вели Венко Андоновски во неговата последна колумна ,,Семиотика на шлаканицата“, секогаш ќе важи она пост-модернистичко сваќање за стручњак кој пишува ангажирано – дајте ми два три-податока и јас ќе ви конструирам вистина. И постојано ќе ви ја повторувам, за случајно да не подзаборавите некој детал.

Никој нема право да го поседува минатото, ниту пак иднината. Мототo кое се протега во позадина на Археоблог сите овие години е дека ,,The history of knowledge is not given – it has to be constructed, in order to achieve a better world in the future“. Би ве поканила да го сториме тоа заедно. Со блоговите и блогосверата дадена ви е моќ и имате можност да учествувате во создавањето на дел од историјата. Затоа не чекајте, блогирајте. Што ќе биде вистина, а што реалност, ќе покаже времето. Та нели тоа беше најмудро. :)

Текстови на слична тематика:
Розетата на нашите комплекси
Манчевски: Негирањето нема ја смени вистината за Македонија

Bookmark and Share
За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат моите текстови и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска археолог

Пребарувај по сајтот
Translate from macedonian
Membership
Категории
Архива
Моето прво мета интервју
Археолошки дневник во:
Календар
April 2008
M T W T F S S
« Mar   May »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930  
Посети



Global Voices на македонски

Global Voices на македонски
Следи ме на Twitter

Twitter Updates

    follow me on Twitter
    Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes