6th April 2008

Во име на автентичната историја

posted in Архео TV 2.0, Археологија, Историја, Политика |

 

Живееме во време кога секој прави или пишува сопствена историја, па воопшто не би се сложила со изреката на Цицерон ,,Historia magistra vitae est“. Што научи светот од оваа пословица во втората половина на 20 век. Научи да го реконструира своето минато со националистички испади во име на идентитетот. Ја научи историјата како многупати до сега да и упати бакнеж на својата љубовница политиката. Со една доза на деструкција честопати применета во недостаток на попацифистички идеи. Капак на се e информациското доба каде не можат да се контролираат информациите бидејќи нивниот проток е огромен. И тоа во период кога сите луѓе имаат пристап до информацијата, а во исто време и ја ,,произведуваат”.

Јас на вас не треба да ви се допаѓам, ама можам да ви ја напишам вашата историја. Што ќе биде вистина, а што реалност? Во наплив на милиони фалсификувани истории што ќе ви биде помило ,,автентичноста” или вистината? Како нужна колетерална последица на сето ова, прашање е ,,Дали мојата моментална, е и ваша моментална историја?

Во постот е вгнезден видео клипот од ,,Шовинистичка фарса”. Се работи за култната белградска претстава со Предраг Ејдус и Јосиф Татиќ, која на репертоарот била во средината на осумдесеттите години. Подоцна има доживеано и продолженија.

Ама нели историјата ја пишуваше победникот? Или можеби тоа беше пијаниот. :) )

Дополнителни линкови:

Верувале или не: Македонски неолит
Twisted side of the history
„Прво су настале амебе, па Јевреји…“
Коментарите како блого-графити
Патепис од пределите на Мојот Тивок Протест

Bookmark and Share

There are currently 3 responses to “Во име на автентичната историја”

Why not let us know what you think by adding your own comment! Your opinion is as valid as anyone elses, so come on... let us know what you think.

  1. 1 On April 12th, 2008, Алексо said:

    Сосема се согласувам… ама, македонските археолози и историчари мораат организирано да ја кажуваат ВИСТИНАТА со факти и аргументи каква и да била таа. Оти, денес ако не си го кажеш твоето, ќе те однесе буицата на дезинформациите. Поздрав.

  2. 2 On April 17th, 2008, Романтичен нац(ионал)ист » Археолошки дневник vol.2 © said:

    [...] НЕ Турбо фолк национализам Јас, Гебелс и мојот медиум Во име на автентичната историја Дајте ми два три-податока и јас ќе ви конструирам [...]

  3. 3 On January 2nd, 2010, Археолошки дневник vol.3 » Blog Archive » Романтичен нац(ионал)ист said:

    [...] НЕ Турбо фолк национализам Јас, Гебелс и мојот медиум Во име на автентичната историја Дајте ми два три-податока и јас ќе ви конструирам [...]

Leave a Reply

Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes