Дома Археологија Мистериите на древниот град Скупи

Мистериите на древниот град Скупи

14,250 views
9

Првите градови

Што е тоа што еден град го прави да биде токму тоа што е, град? Кога ќе се спомене зборот град, тоа веднаш упатува на составен дел од цивилизацијата. А зборот цивилизација доаѓа од англискиот збор city т.е. потеклото може да му се најде во латинскиот збор civis, што значи граѓанин, човек кој има одредени права, но и должности во заедницата во која живее. Кога почнале луѓето да ги градат првите градови (Chatal Höyük, Hacilar, Jericho) не може да се тврди со голема сигурност, но веќе околу 3000-та година пред н.е. тие биле прилично големи (Eridu, Uruk, Ur) и со помали или поголеми промени го задржале изгледот и структурата до ден денеска. Еден таков древен, можеби не толку далечен град е и Скупи. Наоѓајќи се буквално пред нашите очи ни ги отвара тајните порти на еден народ кој живеел со мошне интересен профан и религиозен живот. За тоа сведочат археолошките наоди кои денес се наоѓаат во Музејот на Град Скопје, како и ископините на самиот локалитет.

Scupi1
Аеро снимка на Скупи

Во потрага по најстарите остатоци

Скупи или SCVPI е римски град кој се наоѓа на просторот на денешното село Злокуќани, 4 км од центарот на Скопје и до него се стигнува со автобуската линија број 21. Како најстари потврди за животот на ова место се група гробови од 8-6 век пред н.е., а на самиот Зајчев Рид несомнено лежела најстарата (можеби пајонска) населба. Според И. Микулчиќ постои веројатност дека името на римскиот град е наследено од неа, а означува скромни градби (Ск-упи – шупи, колиби, стреи). За оваа населба се знае многу малку. Дали таа навистина била пајонска и дали духот од минатите времиња на нашите предци се уште живее во нас, останува на археологијата да докаже. Но за римскиот град Скупи се дознава многу повеќе, како од натписите најдени тука, така и од археолошките остатоци во градот и околината.

Scupi 5 Scupi 3

Наоди од Скупи

Римскиот град бил оформен на многу поголем простор, почнувајќи од врвот на Зајчев Рид зафаќајќи ја и пространата рамница, се до Вардар. Градот живеел од 15 год. н.е., оформен во почеток како легиски логор, се до доцната антика, односно до 6 век. Историските извори велат дека за време на Флавиевците (истите оние кои го изградиле Колосеумот во Рим) добил статус на дедуктивна колонија. Од 4 век станал седиште на епископијата и главен град на провинцијата Дарданија. Во 518-та година, како и многу други населби бил разорен од еден катастрофален земјотрес во кој настрадал и родниот град на императорот Iustinian I, Taurisium. Iustinian I го возобновил своето родно место, и во негова близина ја изградил преубавата и волшебна Iustiniana Prima, како град-седиште на неговата архиепископија. Можеби тоа го навело славниот англиски патеписец Arthur Evans да на местото од Скупи го препознае овој се уште фамозно изгубени град.

Духот на еден град

Како дел од моќното Римско царство SCVPI бил направен плански и со правоаголна основа. Бил долг 2500, а широк 2000 римски стапки со површината од околу 40 хектари. Опфатен со фортификација, во него од раноримските градби откопан е само театарот. Што ли размислувале тие дамнешни луѓе додека удобно сместени во своите седишта ги гледале трагедиите и комедиите? Моќните камени ѕидини на театарот, вгнездени во срцето на градот одекнувале од претставите на некогашните големи антички писатели.

Но Скупи имал и приватни згради како и ранохристијански базилики од кои една била богато украсена со мозаици и декоративна пластика. Од останатите градби тука се два рова за модерен водовод преку целиот локалитет, како сведоштво за големите технички достигнувања на една цивилизација која својот процут го доживеала со самракот на друга цивилизација. Поплочената улица пак ни кажува за еден посебен, жив и осмислен свет. Место каде се одвивал скоро целокупниот профан живот на градот.

roman house
Изгледот на една римска куќа

Со изчезнувањето на Скупи, изчезнал од лицето на историјата цел еден богат свет на верувања и вековни традиции. Остатоците од градска бања може само да го потврдат сведоштвото дека градот живеел, дишел, битисувал, со еден тогашен ритам на времето. За тоа ни говорат и големиот број на најдени употребни предмети чија намена била во приватниот или можеби духовниот живот и кои денес ги красат витрините на Музејот на Град Скопје.

Една невообичаена архитектура

Како што се вели во шега, сите археолози најмногу од се сакаат да копаат гробови. Но тоа не е поради нивната чудно извртена смисла за хумор, туку поради факот што гробовите претставуваат непроценливо богат извор за една цела палета на информации. Така по некој специфичен предмет и прилог може да укажат на потеклото на умрениот, неговата професија, а меѓу другото и социјалниот статус.

DSC00074
Саркофази од Скупи пред Музеј на град Скопје, откопани при градење на ТЦ Лептокарија

Во нашето секојдневие луѓето кога умирааат се погребуваат според своите адети. Исто било и во минатото. Секој човек со себе си носел магија на културата, печат на времето и симбол од местото од каде што доаѓал. Ако уште во гробот се наоѓала и монета (а во минатото било вообичаено во секој гроб на починатиот да се остава монета), тоа претставува несоборлив доказ за прецизно датирање на археолошките наоди.

Така секој гроб во Скупи, прави приказна за себе. Провејуваат неодоливо мистериозните тајни прикаски за еден почитуван писар, за една незнајна кафеанска танчерка, за една еврејка необично погребана во оловен саркофаг, за еден учен скупски хирург…

Во гробната архитектура на Скупи, како кај ниеден град на територијата на Балканот од тоа време, може да се сретне несекојдневен склоп на различни елементи и погребни обичаи со огромен временски дијапазон. Со изградба на претходно споменатата населба Злокуќани, а особено со неконтролираното подигање на дивоградби врз и околу неа, оштетен е поголем дел од локалитетот, а некои делови од градот се неповратно загубени.

Наместо заклучок

Нашите сенки се без почит. Дали навистина заслужуваат такво нешто? Ние не сме карпи, неми набљудувачи, странци во својата сопствена земја. Се уште во нашата потствест живеат традицијата и културата кои ги оставиле дамнешните луѓе на ова мало парче тло. Во моментов сме принудени да се бориме за своето културно наследство кое изчезнува пред нашите очи како ткаеното платно на животот. Можеме ли ние самите да се спознаеме без нашите корени да ги дознаеме? Или можеби на нив треба да сме горди и да се навикнеме да ги носиме во мислите исто како што сме се навикнале да ја носиме својата сопствена облека?

И како за крај – Мислам дека Скупи конечно заслужува еден добар, прецизен, интерактивен и фино стокмен веб сајт.

Напомена: Би сакала да обрнам внимание (како и во случајот со Стоби) на архитектонските зданија кои денеска може да се видат на самиот локалитет. Не треба да се заборави фактот дека градот живеел пет века и во ниту еден момент од своето постоење не изгледал вака како што го гледаме сега. Овa се должи пред се на повеќегодишните неконтинуирани археолошки ископувања, заштита и конзервирање на објектите.

п.с. Првобитната верзија на овој текст беше отпечатена во списанието Мој Дом во 2003 година.

Дополнителни текстови: Изгледот на римската куќа (1)

Изгледот на римската куќа (2)

На нероден Херкулес храм му изградиле!?

Изложба на монети за минатото на Скопје Парите сведочат за Скопје (PDF)

Погрешни археолошки впечатоци – Римскиот форум во Стоби

САРКОФАЗИТЕ ОД КАРПОШ 3

Литература: Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, Скопје.

ЦД-РОМ ,,Македонски Древности”, 1999, Скопје.

Јованова Л., Скупи-Западна некропола, МАА 13, 1993, Скопје, 191-201.

Микулчиќ И., Скопје со околните тврдини, 1982, Скопје.

Микулчиќ И., Средновековни градови и тврдини во Македонија, 1996, Скопје.

Микулчиќ И., Антички градови во Македонија, 1999, Скопје.

Музеј на Град Скопје, Прошетка низ минатотот (каталог за поставката), 2001, Скопје.

Ончевска Тодоровска М., Доцноантичка грнчарија од Скупи, 2004. Скопје.

Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

9 КОМЕНТАРИ

  1. […] Мистериите на древниот град Скупи Упатство број 343 – како да го уништите сопственото културно наследство (случајот со Бразда) САРКОФАЗИТЕ ОД КАРПОШ 3 Промашени туристички проекти – Скопје – град на седумте порти Големите Мајки Богинки – култ или… Турбето во Алаџa-џамија – Скопје Семантичка архитектура Розовиот столб на киното “Култура” Сте биле ли некогаш во амам – a во чифт или во тек? Есенска симфонија во топли бои Денес стартува ископувањето на локалитетот Таор Пикасо, Вазарели, Калдер………во Скопје ФЕУДАЛНАТА КУЛА ВО СКОПЈЕ Старо Скопје во ново руво – промоција на web site По трагите на ,,Изгубениот град – Iustiniana Prima ” ? Синтезис -> Матка -> Made in Macedonia Параклисот на Св Константин и Елена vs. Порталот на Учителската школа Метаморфозите на Скопското Кале Серијал: Аквадуктот во Скопје Скопско кале – галерија на наоди – И предметите зборуваат зар не? Негрижата на властите продолжува – Камениот мост неосветлен  […]

  2. […] Мистериите на древниот град Скупи Упатство број 343 – како да го уништите сопственото културно наследство (случајот со Бразда) САРКОФАЗИТЕ ОД КАРПОШ 3 Промашени туристички проекти – Скопје – град на седумте порти Големите Мајки Богинки – култ или… Турбето во Алаџa-џамија – Скопје Семантичка архитектура Розовиот столб на киното “Култура” Сте биле ли некогаш во амам – a во чифт или во тек? Есенска симфонија во топли бои Денес стартува ископувањето на локалитетот Таор Пикасо, Вазарели, Калдер………во Скопје ФЕУДАЛНАТА КУЛА ВО СКОПЈЕ Старо Скопје во ново руво – промоција на web site По трагите на ,,Изгубениот град – Iustiniana Prima ” ? Синтезис -> Матка -> Made in Macedonia Параклисот на Св Константин и Елена vs. Порталот на Учителската школа Метаморфозите на Скопското Кале Серијал: Аквадуктот во Скопје Скопско кале – галерија на наоди – И предметите зборуваат зар не? Негрижата на властите продолжува – Камениот мост неосветлен […]

  3. […] Мистериите на древниот град Скупи Упатство број 343 – како да го уништите сопственото културно наследство (случајот со Бразда) САРКОФАЗИТЕ ОД КАРПОШ 3 Промашени туристички проекти – Скопје – град на седумте порти Големите Мајки Богинки – култ или… Турбето во Алаџa-џамија – Скопје Семантичка архитектура Розовиот столб на киното “Култура” Сте биле ли некогаш во амам – a во чифт или во тек? Есенска симфонија во топли бои Денес стартува ископувањето на локалитетот Таор Пикасо, Вазарели, Калдер………во Скопје ФЕУДАЛНАТА КУЛА ВО СКОПЈЕ Старо Скопје во ново руво – промоција на web site По трагите на ,,Изгубениот град – Iustiniana Prima ” ? Синтезис -> Матка -> Made in Macedonia Параклисот на Св Константин и Елена vs. Порталот на Учителската школа Метаморфозите на Скопското Кале Серијал: Аквадуктот во Скопје Скопско кале – галерија на наоди – И предметите зборуваат зар не? Негрижата на властите продолжува – Камениот мост неосветлен […]

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име