web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Пребарувај по сајтот
My pages and blogs
Blog in english
Архео-креатива

Verba volant scripta manent

Video|Channels|Community
Категории
Архива

PostHeaderIcon Добиена првата битка во игрите без граници на војните без солзи

 

Kонечно се случи најглавното убиство во блогосферата. Tекстовите на одредени блогери пишувани исклучиво он лајн, се заробија засекогаш помеѓу двете корици на една книга, умирајќи достојно за простветлувањето на сите оние кои мислат дека се тоа дела на некоja чудна асоцијална интернет секта.

Публиката бројна, достојна за еден оваков настан, пријатно расположена и љубопитна околу идентитетот на одредени блогери. Домаќинот на ниво. Не удостои со организиран простор, освежување на крајот од промоцијата и малку утнато осветлување. Газдарицата на издавачката куќа Аквариус Пет беше волшебна, а морам да напоменам дека како за промоција на еден ,,мртов Археолошки дневник” промотерите беа некако многу ,,тремаџиски” расположени.

Не снимаа со камера кога ги пишувавме посветите. Добив прекрасни комплименти од моите колеги со-блогери. Ми падна еден кактус боцкаво распостилајќи се по подот на библиотеката, па морав да се правдам дека земјата е моја природна работна околина. Дававме интервјуа, ама мене тоа ми беше малку па подоцна во неофицијалното афтерпарти ги ,,тероризирав” присутните со 15 минутен хвалоспев за мојот блог. Вечерта на журката си ги скинав хулахопките како последица на блиц шоуто што ни го приреди еден колега блогер. Kолатералната штета на тој настан е што ,,привремено ослепев” и првите пола саат од забавата ми се избришани од сеќавање. :)

Но најмногу од се, повеќе дури и од самата промоција, ме израдуваа моите пријатели и роднини. Нивното физичко присуство ми беше поважно од овој настан. Поклонетите розите кои ги добив, топлите зборови, нивните бакнежи и гушки не можат да заменат никаква ,,привидна популарност” од било каква промоција.

Темплум, Ѓурѓа и Аквариус го повлекоа првиот потег со публикување на блогови во вид на книги. Прашање на време е кога другите издавачки куќи во Македонија (а богами и медиуми) ќе го следат нивниот пример и ќе земат под своја закрила некој од стотиците квалитетни блогери. Да не се случи нив да ги превземат од соседните земји, што воопшто не би ме зачудило.

Кога некој друг (освен нас самите) ќе процени дека вашиот труд вреди да биде публикуван и да го прочитаат другите луѓе, самиот смисол на овие блог-книги добива на тежина. Ова не е ниту убиство на блогот, ниту крај на книгите. Ниту е пораз за издаваштвото, ниту е победа за блогосферата. Ова е војна без солзи, во едни игри без граници. Да се надеваме дека овие ,,битки” и понатаму ќе продолжат оставајќи како последица зад себе многу мртви дела, на големо задоволство на читателите.

Има толку многу добри написи по блогосферата, но блог-книгите се такви какви што с(м)е. Со сите пропратни печатни и граматики грешки нормално е дека имаат мани, но верувам дека се исто толку човечни и блиски како што се и самите автори. Впрочем, поголем дел од постовите се напишани во афект, бидејќи никој од нас не ни помислувал дека еден ден ќе влезат како траен запис во некоја книга. Каков и да е изборот… и да не беше публикуван Археолошки дневник, јас пак ќе се радував на овој настан како многупати пред тоа (1,2,3). Бидејќи најважната работа по мене не е да убиеш еден блог и засекогаш да му ја замрзнеш душата на рамна и по малку рапава копија. Туку да им покажеш на останатите кои имат отпор или не читаат блогови, дека постои уште едно поле за раменување на културни вредности каде автоматски се ставаш на мапата од светот.

Слики од промоцијата на книгите

Што се однесува конкретно до мене, ова никогаш не сум го изјавила досега но Мојот археолошкиот дневник многу одамна требаше да биде сeријал од написи поврзани со археологијата, нарачани за потребите на еден медиум. Проектот се изјалови и како негова последица останаа напишани голем број на текстови кои и ден денес ги постирам повремено. Лека-полека почнав да ги ставам на Интернет и така започна моето археолошко виртуелно патешествие кое се уште трае. Понекогаш дури и ми е драго што тој проект пропадна бидејќи никогаш немаше да го откријам блогот како медиум на кој можам да си ги пласирам своите текстови и размислувања достапни за другите луѓе. Се надевам дека после ова, блогирањето ќе се свати посериозно, посебно кога се знае фактот дека талентот и креативноста во виртуелниот може да донесе одредена предност во аналогниот свет.

Официјалното лого на Археоблог made by
Panta Rei

п.с. Бидејќи одамна сум се изјаснила за ставот околу публикувањето книги на хартија, како што веќе најавив ,,Археолошки дневник” е одамна спремен со рецензија, но ќе причека малку по погодно време да ја доживее својата промоција под лиценцата на Криејтив Комонс. Како напомена морам да кажам дека оваа верзија концепциски сосема ќе се разликува од печатеното издание. И ќе биде официјално мојата втора книга, бидејќи е уредно заверена во НУБ со CIP и ISBN бројче.

Човекот не е она што е, туку она кое ќе го остави зад себе.
Зошто: Незапишано – неслучено.


p.s.2

И благодарам на Снежана Штрковска а.к.а. Виолетова што храбро издржа во оваа борба. Што веруваше во сите нас и не подржуваше изминатите месеци. Ова е проект кој дефинитивно ќе ја промени перцепцијата како на читателите, така и на издавачите.

Толку долго се борев и трудев да ја донесам археологијата во секој дом. Да не биде само сон. Да бидат тоа приказни на кои сите ќе се навикнат како на своја облека.

Од мене Жане имаш бескрајна благодарност и како блогер и како човек.

Blog-book promotion and (after) party

10 Responses to “Добиена првата битка во игрите без граници на војните без солзи”

  • oksimoron says:

    Супер се сликиве, ја доловуваат атмосферата и се добива впечаток за присувство (ова за нас, кои не бевме во можност да присувствуваме, де) :)
    Сеа, пост промотивно (тоа телефонското беше предпромотивно) – Честитам мила за твоето укоричено првенче! Ти посакувам уште многу книги и многу изданија на нив :)
    Се радувам за тебе. Прегратки и бакнежи :)

  • многу убав текст! вкусно одбрани слики како илустрација на пост-промотивните впечатоци!
    ти посакувам `Археолошкиот дневник` да доживее голема читаност која си ја заслужува :)

  • femgerila says:

    абе боља беше сликава со гушка у темница коа ја глеавме ;) Нејсе,… честитки!

  • Археоблог says:

    Фала мила Окси за честитките. Настанот беше навистина посебен и се надевам дека барем дел од сликиве ја доловуваат атмосверата со која бевме опкружени. :)

    Имаш големо искуство за овие работи. Впрочем ти си првата која многу одамна својата поезија ја ставаше на интернет, за подоцна да ја публикуваш во книга. Инаку во право си ова е моето првенче, а втората книга е одамна спремна и ќе оди исклучиво во електронска верзија. Само да се погоди тајмингот.

  • Археоблог says:

    Виолетова,

    Археолошкиот дневник благодарение на тебе го здогледа светлото на денот како книга. Независно од тоа каква ќе биде читаноста, јас сум среќна.

    Во секој случај ако се потроши првиот тираж, до печатењето на вториот, читателите знаат каде можат во секое време да ги пронајдат текстовите. :)

  • Археоблог says:

    Фала Фем, да ти се врати сто струко бидејќи си заслужила.

    Ај ти не се секирај, пак ќе падне гушкање за твојата промоција :)

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање на интернет.

Василка Димитровска магистер по археологија

UNESCO Club HAEMUS
SCUPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Visits
View My Stats