2008 March 29 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
29th March 2008

Добиена првата битка во игрите без граници на војните без солзи

 

Kонечно се случи најглавното убиство во блогосферата. Tекстовите на одредени блогери пишувани исклучиво он лајн, се заробија засекогаш помеѓу двете корици на една книга, умирајќи достојно за простветлувањето на сите оние кои мислат дека се тоа дела на некоja чудна асоцијална интернет секта.

Публиката бројна, достојна за еден оваков настан, пријатно расположена и љубопитна околу идентитетот на одредени блогери. Домаќинот на ниво. Не удостои со организиран простор, освежување на крајот од промоцијата и малку утнато осветлување. Газдарицата на издавачката куќа Аквариус Пет беше волшебна, а морам да напоменам дека како за промоција на еден ,,мртов Археолошки дневник” промотерите беа некако многу ,,тремаџиски” расположени.

Не снимаа со камера кога ги пишувавме посветите. Добив прекрасни комплименти од моите колеги со-блогери. Ми падна еден кактус боцкаво распостилајќи се по подот на библиотеката, па морав да се правдам дека земјата е моја природна работна околина. Дававме интервјуа, ама мене тоа ми беше малку па подоцна во неофицијалното афтерпарти ги ,,тероризирав” присутните со 15 минутен хвалоспев за мојот блог. Вечерта на журката си ги скинав хулахопките како последица на блиц шоуто што ни го приреди еден колега блогер. Kолатералната штета на тој настан е што ,,привремено ослепев” и првите пола саат од забавата ми се избришани од сеќавање. :)

Но најмногу од се, повеќе дури и од самата промоција, ме израдуваа моите пријатели и роднини. Нивното физичко присуство ми беше поважно од овој настан. Поклонетите розите кои ги добив, топлите зборови, нивните бакнежи и гушки не можат да заменат никаква ,,привидна популарност” од било каква промоција.

Темплум, Ѓурѓа и Аквариус го повлекоа првиот потег со публикување на блогови во вид на книги. Прашање на време е кога другите издавачки куќи …Повеќе »

напишано во Археологија, Книги и литература | 6 Коментари

29th March 2008

(К)ултурно (У)метнички (Р)аботници

 

Конечно, овој концерт решив тие да ми платат карта и да ми поклонат ЦД. Како компензација што толку години ,,ја трпам” нивната музика и одам по свирките што ги организира оваа супер културна мега-хит група.

Се прашувате зошто нивните настапи се како фешта и добра забава со атмосвера во публиката? И вие да дојдевте еден петок за време на Рок Фестот во МКЦ, кога по повод промоцијата на вториот албум Amore Bene Tutti Prego - (К)ултурно (У)метничките (Р)аботници направија свирка, веројатно ќе ви станеа некои работи појасни.

дел од атмосверата во МКЦ на 21.03.2008

Не дека требаа да остарат за да станат славни. Не дека ми се некои од членовите на бендот пријатели и ги знам повеќе од половина живот. Ниту дека помеѓу нив имам и роднини. Туку најмногу поради фактот што е многу тешко да свириш панк-рок со песни во кои се опишани луѓето од нашето секојдневие или медиумите, а притоа да успееш да си и жесток и позитивен, и еуфоричен и забавен, со шармантни текстови на кои не им недостасува доза сарказам, иронија и хумор.

Мислам дека написот од Време ,,Дваесет и две песни, туркање и поезија” најдобро може да ја долови атмосверата на оваа свирка. А постов е само мала благодарност до членовите од групата што ми развеселија една мартовска вечер. Овој напис секако треба да послужи за нивна промоција, и не е предвиден да се користи во ,,комерцијални” или било какви други цели. :D

Културно уметничките работници се еден од трите потенцијални бендови кои веројатно ќе свират на журката од прославата на мојата магистратура. Иакo они се уште не го знаат тоа. :)

Профил на myspace
Уметниците на Македонска Википедија

напишано во My 3.0 music box, Разно | 0 Коментари

29th March 2008

Праисториските дами од Македонија

 

Во последниве неколку дена весниците го иступеа со информацијата дека Буш при својата посета на Загреб ќе ја видел изложбата ,,Праисториските дами од Македонија” моментално на гостување во овој град (1,2). Ама кога пред 2 години ,,Дамите” беа поставени во Музеј на Македонија, со месеци не најдоа за сходно континуирано да пишуваат за оваа поставка со што би ги привлекле нивните читатели, а потенцијални домашни посетители да ја видат. Лесно е да се китиш со туѓи перја, додека сопствените ти отпаѓаат.

Затоа во оваа прилика го препостирам текстот кој своевремено одеше како рецензија на оваа изложбата. Што е подолготрајно, ние да сме свесни за сопствената култура или некој само со поглед да помине низ неа.

Праисториските дами од Македонија

Од жената - мајка произлегло се - од човекот до светот. Под нејзина моќ се сите космички елементи и категории. Од неа се се создава и во неа се завршува, за повторно од неа се да се препороди. Мајката - земја повторно го оживува и го пораѓа покојникот. Таа е самата куќа. Садот е нејзината утроба, земјата (теракотата) е нејзината карактеристика. Во дамнешните времиња жената била заштитничка на биолошката репродукција и како таква била љубена, обожувана и почитувана. Така е денес, а така било и во далечното минато.

Доказ за тоа ни претставуваат праисториски антропоморфни фигурини кои се обично пониски од 10 см., обликувани во вид на стилизирана човечка фигура, која (со ретки исклучоци) прикажува - жена. Правени од керамика можеби се наоѓале во светиот дел од куќата и во нивна чест се вршеле религиозни обреди. Персонификацијата во представата на жена не е нималку случајна. Овие фигурини се обидуваат да ни представат концепција на еден се уште недоволно објаснет сегмент од спиритуалниот живот на праисторискиот човек.

Впечатливите и убави Неолитските дами (6500 - 4800 год. пред. н.е.) се во стоечка или седечка положба, претставени столбовидно, но и како цилиндрични фигурини поставени на модел од куќа. Честопати имаат препотенцирани колкови, стомак, бедра и гради, за сметка на рацете, подколениците и главата кои можат (но не мораат) да бидат упростени или изоставени. Рацете често им стојат во пределот на стомакот и гениталиите акцентирајќи го нивното значење, а главата и лицето се упростени, при што најдоминантен е носот. На археолошките локалитети, откривани секогаш во просторот на куќата ни рефлектираат духовна димензија поврзана со нивните верувања која поминала низ разни видови на метаморфози, и посебно кај неолитскиот човек како ненадминат мајстор на своето време, успеала да создаде и олицетвори еден можеби наизглед симпатичен модел на своите верувања.

…Повеќе »

напишано во Археологија | 0 Коментари