Home Археологија А што по ѓаволите сега да правиме со Кокино?

А што по ѓаволите сега да правиме со Кокино?

3,981 views
3

Читам и не ми се верува на информацијата дека се дадени само 3000 евра за ископување на археолошкиот локалитет Кокино. Мислам дека нема потреба да кажувам колку чинеше ископувањето на Скопско Кале, колкави ни беа дневниците и во какви ,,холивидски” услови работевме, во споредба со некои други археолошки локалитети. Посебно едно ,,башка” за сите колеги кои извољеваа на секакви други можни начини. А тоа дали Скопското Кале требаше воопшто да се ископува ќе биде тема со која ќе се позанимавам на место соодветно за таа намена. Постојат законски пропозииции како и зошто еден археолошки локалитет е потребно да почне да се ископува или да се заштити и какви мерки се превземаат во тој случај.

Од друга страна остатокот од 5000 незаштитени македонските археолошки локалитети (од кои некои почнати па отфрлени бидејќи не биле доволно сензационални со наодите) скапуваат под забот на времето кое не само што перманентно ги уништува, туку овозможува непречен развој за организација на дивите копачи.

[slideshare id=304253&doc=10-simple-steps-to-better-archaeological-management-1205356730359788-3&w=425]

Бидејќи не сме способни веќе 8 години од Кокино да направиме светски бренд како праисториска обсерваторија, тогаш треба да се направи долготраен план како овој локалитет да се заштити од временските и од материјалните уништувачи. Не може за една државичка како Македонија веста дека Кокино е праисториска обсерваторија во моментов да биде поприоритетна од тоа дека Кокино е археолошки локалитет. Згора на се со наоди кои нема каде да се складираат. Не е проблемот во лошата координација помеѓу кумановските институции, иако и тоа држи. Проблемот е на генерално ниво кога не се увидела потребата да се едуцираат луѓе кои адекватно ќе се занимаваат со менаџмент во археологијата, ќе менаџираат одредени археолошки локалитети и тоа ќе им биде основна работа. Овој хијатус е се уште присутен и најтрагично е што воопшто нема иницијатива да се пополни со соодветно обучен кадар.

Абе мрско ми е да пишувам за овие работи. Кокино е археолошки локалитет за кој знаеме дека нема да се повтори во историјата на човештвото, бидејќи секој локалитет било каде во светот сам по себе е уникатен и оригинален. Свесни ли сме што имаме пред нашиот хоризонт?

Текстови со слична тематика:

Праисториската опсерваторија во Кокино
Менхири, трилити, кромлиња, долмени, хенџови…
Блогерите одат за Куклица, Цоцев камен и Кокино
Поштенски марки со мотиви од Кокино
Време на хенџови

Дополнителни линкови:

Кокино (локалитет) – Википедија
Oфицијалната веб страница на археолошкиот локалитет Кокино
Megalithic observatory Kokino – Project by CDNH


Појаснување: Во текстот се употребени фотографии од официјалниот сајт за Кокино и вметнато е слајд шоуто од археологот Martin Locock кој е автор на блогот 10 simple steps to better archaeological management. Ова слајд шоу тој го презентира деновиве на Annual Conference for Archaeologists in Swansea во рамките на IFA (The Institute of Field Archaeologists) as part of the Managing Archaeology session sponsored by English Heritage.


3 COMMENTS

  1. Ех, а што да се каже на ова. Студии по археологија во македонија постојат веќе подолго време, имаме стручни кадри, имаме богатства, и пак ништо, и пак пропаѓаат локалитети. Кокино е посебна приказна. Астрономските мерења колку што знам беа изведени со помош на Бугарски астрономи. Затоа што тогаш (кога се утврдуваше природата на локалитетот) немаше студии по астрономија, а ни кадри. Сега има студии кои немаат соодветни услови, а и никој нема да се сети да ги помогне. Што ќе и е астрономија на Македонија? Само си реков да го споменам ова, за да се знае дека во Македонија изгледа просперираат само модерните општествени науки. И за сопственичката на блогот да не се чувствува осамена во третманот од државата. Астрономите се на самото дно.

  2. […] иницијалната каписла е моментот кога не се увидела потребата да се едуцираат луѓе кои адекватно ќе се зан…, ќе менаџираат одредени археолошки локалитети и тоа […]

  3. […] Праисториската опсерваторија во Кокино Менхири, трилити, кромлиња, долмени, хенџови… Блогерите одат за Куклица, Цоцев камен и Кокино Поштенски марки со мотиви од Кокино Време на хенџови А што по ѓаволите сега да правиме со Кокино? […]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here