Најава за промоција на книгата ,,Археoлошки дневник” во издание на Аквариус » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
Сајтот е во изработка. Препорачливо е да се гледа со Mozilla Firefox

Креативна археолошка работилница - нова филијала на Археоблог

Од печат излезе книгата ,,Археолошки дневник” во издание на Аквариус
18th March 2008

Најава за промоција на книгата ,,Археoлошки дневник” во издание на Аквариус

напишано во Археологија, Книги и литература |

 

Не ми личи да бидам скромна кај мене на блог, па само ќе кажам дека пред вистински да се случи печатењето на оваа книга, јас веќе еднашка го посакав тоа. Свесна сум за своите предности и за своите мани. Но најмногу од се сум свесна за квалитетите кои ги поседувам како човек и како археолог. Беше само прашање на време кога еден дел од Археоблогот ќе се укоричи. Некогаш и некаде. Иако тој виртуелно ќе продолжи да постои се додека постои и Интернетот. :)

Мислам дека успешно ја одбегнав замката сите овие години да бидам само уште една репликација на македонските весници и секојдневието кое не опкружува. Се надевам успеав барем делумно во обидот на сите вас да ви ја пренесам идејата дека археологијата не е само наука за минатото и мртвите луѓе. Дека е присутна помеѓу нас во секое време и во секаков облик. Всушност с(ветот)е околу нас е археологија. Е сега доста е со хвалоспеви за мојот блог, туку…

Би сакала да напоменам дека во овој случај се работи за своевиден културен фeномен веројатно во светски размери, бидејќи заедно со ,,Археолошки дневник” од печат треба да излезат уште 13 книги на 13 македонски блогери во Едицијата - Блог-записи, зад кои стои издавачката куќа ,,Аквариус” од Скопје. Според издавачот - Блоговите кои влегуваат во оваа едиција се внимателно одбирани, ја презентираат разноликоста на нашиот блогерај: раскази, поезија во проза, лични видувања на теми од политика, секојдневие, општество, археологија, патувања… Сите книги се во Б6 формат, а бројот на страници варира од 60 - 120.

Последниот македонски хакер Патот на душите Од Cabaret до Oz Мисли на празно срце

Пуфлините коцкички Не е сè како што изгледа Антиблог за Филип Петровски Мајмунска стапица

Светлата страна на готиката Кога нема ништо

Морам да кажам едно големо браво за храброста на еден издавач ,,да верува” дека нешто што е напишано во виртуелниот свет, ќе им се допадне и ќе ги заинтересира луѓето од реалниот свет.

Благодарам што сум дел од оваа едиција.

За точниот датум на промоцијата, ќе бидете дополнително известени.

 

п.с. А честитки примам во секое време. :)

Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

 



Моментално се14 одговори to “Најава за промоција на книгата ,,Археoлошки дневник” во издание на Аквариус”

Ако сакаш да го знам твоето размислување за оваа тема, тогаш остави го преку коментар! Твоето мислење е важно исто како и секое друго.

  1. 1 На March 18th, 2008, виолетова Напиша:

    без твојот блог, преставувањето на блогосферата никако немаше да биде целосен
    драго ми е што те имаме меѓу нас :)

  2. 2 На March 18th, 2008, strumjan Напиша:

    Е па, честито артефакт, да ти се множат!

  3. 3 На March 18th, 2008, Археоблог Напиша:

    Виолетова, ти благодарам што веруваше во нас сите овие месеци и што те имаме како заеднички издавач.

  4. 4 На March 18th, 2008, Археоблог Напиша:

    Струмјан, сега е вистинското прашање. Дали е блогот само виртуелен артефакт или нешто повеќе од тоа?

    Инаку фала на двајцата за подршката и за честитките. :)

  5. 5 На March 19th, 2008, seelenluft Напиша:

    Честитам Арвена. Посебно ми е мило, затоа што во изборот учествуваат блогери кои редовно ги следам. Се гледаме на промоција. (Што би рекла ти, самата себе си се поканувам ;) )

  6. 6 На March 19th, 2008, Најава за промоција на книгата ,,Архелошки дневник” во издание на Аквариус Напиша:

    […] А честитки примам во секое време. […]

  7. 7 На March 19th, 2008, ribaro Напиша:

    Дури ни јас вака немаше да те испофалам. ;)

  8. 8 На March 19th, 2008, oksimoron Напиша:

    Вистински избор!
    Честито мила :)

  9. 9 На March 19th, 2008, sead93 Напиша:

    Срдечни и најискрени честитки :)Нека ти се множат успесите (со геометриска прогресија)!

  10. 10 На March 19th, 2008, Kliker Напиша:

    Браво Арвена што се најде во групата блог култура. Ќе настојувам да дојдам на промоцијата, ќе ми биде задоволство. Честитки и поздрав.

  11. 11 На March 20th, 2008, Археоблог Напиша:

    Seelenluft мила, ова е јавна промоција и може да дојде секој кој сака. Се надевам дека ќе најдеш време да поминеш.

    Се зезаш Ribar ама ако, ако, ајде и на твоја глава. :)

    Окси darling, од тебе честитката ми е посебно драга бидејќи и самата знаеш какво е чувството да се издаде книга.

    Сеад, благодарам за срдечноста. Мислам дека и ти треба да се пофалиш за твоите две книги. Да не си помисли дека можеби не сме ги прочитале. :)

    Кликер, ако најдеш време и простор повели дојди на промоцијата. Ќе ми биде чест да бидеш дел од овој настан.

  12. 12 На March 21st, 2008, Филип Стојановски Напиша:

    Дали се знае во кој тираж ќе бидат печатени книгите? Каде ќе се продаваат?

  13. 13 На March 21st, 2008, Археоблог Напиша:

    Здраво Филип, благодарам на интересот за книгата. Колку што сум запознаена, според издавачката куќа ,,Аквариус” секоја од блог-книгите во првиот тираж брои по 300 примероци, а би требало да се продава во книжарниците низ Скопје. Како за почеток. Потоа веројатно и низ Mакедонија. Исто така книгите ќе можат да се купат и на престојниот Саем на книгата. Сепак, по промоцијата сите ќе имаме подетални информации.

  14. 14 На April 15th, 2008, Блогерите и Саемот на книгата » Археолошки дневник vol.2 © Напиша:

    […] FOR PAPPERS - International aerial archaeology conference — AARG 2008 LJUBLJANAОд печат излезе книгата ,,Археолошки дневник” во издание на […]

Коментирајте