Дома Археологија Најава за промоција на книгата ,,Археoлошки дневник” во издание на Аквариус

Најава за промоција на книгата ,,Археoлошки дневник” во издание на Аквариус

17,050 views
19

 

Не ми личи да бидам скромна кај мене на блог, па само ќе кажам дека пред вистински да се случи печатењето на оваа книга, јас веќе еднашка го посакав тоа. Свесна сум за своите предности и за своите мани. Но најмногу од се сум свесна за квалитетите кои ги поседувам како човек и како археолог. Беше само прашање на време кога еден дел од Археоблогот ќе се укоричи. Некогаш и некаде. Иако тој виртуелно ќе продолжи да постои се додека постои и Интернетот. 🙂

Мислам дека успешно ја одбегнав замката сите овие години да бидам само уште една репликација на македонските весници и секојдневието кое не опкружува. Се надевам успеав барем делумно во обидот на сите вас да ви ја пренесам идејата дека археологијата не е само наука за минатото и мртвите луѓе. Дека е присутна помеѓу нас во секое време и во секаков облик. Всушност с(ветот)е околу нас е археологија. Е сега доста е со хвалоспеви за мојот блог, туку…

Би сакала да напоменам дека во овој случај се работи за своевиден културен фeномен веројатно во светски размери, бидејќи заедно со ,,Археолошки дневник” од печат треба да излезат уште 13 книги на 13 македонски блогери во Едицијата – Блог-записи, зад кои стои издавачката куќа ,,Аквариус” од Скопје. Според издавачот – Блоговите кои влегуваат во оваа едиција се внимателно одбирани, ја презентираат разноликоста на нашиот блогерај: раскази, поезија во проза, лични видувања на теми од политика, секојдневие, општество, археологија, патувања… Сите книги се во Б6 формат, а бројот на страници варира од 60 – 120.

Последниот македонски хакер Патот на душите Од Cabaret до Oz Мисли на празно срце

Пуфлините коцкички Не е сè како што изгледа Антиблог за Филип Петровски Мајмунска стапица

Светлата страна на готиката Кога нема ништо

Морам да кажам едно големо браво за храброста на еден издавач ,,да верува” дека нешто што е напишано во виртуелниот свет, ќе им се допадне и ќе ги заинтересира луѓето од реалниот свет.

Благодарам што сум дел од оваа едиција.

За точниот датум на промоцијата, ќе бидете дополнително известени.

 

п.с. А честитки примам во секое време. 🙂

Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

 

19 КОМЕНТАРИ

  1. без твојот блог, преставувањето на блогосферата никако немаше да биде целосен
    драго ми е што те имаме меѓу нас 🙂

  2. Виолетова, ти благодарам што веруваше во нас сите овие месеци и што те имаме како заеднички издавач.

  3. Честитам Арвена. Посебно ми е мило, затоа што во изборот учествуваат блогери кои редовно ги следам. Се гледаме на промоција. (Што би рекла ти, самата себе си се поканувам 😉 )

  4. Срдечни и најискрени честитки :)Нека ти се множат успесите (со геометриска прогресија)!

  5. Браво Арвена што се најде во групата блог култура. Ќе настојувам да дојдам на промоцијата, ќе ми биде задоволство. Честитки и поздрав.

  6. Seelenluft мила, ова е јавна промоција и може да дојде секој кој сака. Се надевам дека ќе најдеш време да поминеш.

    Се зезаш Ribar ама ако, ако, ајде и на твоја глава. 🙂

    Окси darling, од тебе честитката ми е посебно драга бидејќи и самата знаеш какво е чувството да се издаде книга.

    Сеад, благодарам за срдечноста. Мислам дека и ти треба да се пофалиш за твоите две книги. Да не си помисли дека можеби не сме ги прочитале. 🙂

    Кликер, ако најдеш време и простор повели дојди на промоцијата. Ќе ми биде чест да бидеш дел од овој настан.

  7. Здраво Филип, благодарам на интересот за книгата. Колку што сум запознаена, според издавачката куќа ,,Аквариус” секоја од блог-книгите во првиот тираж брои по 300 примероци, а би требало да се продава во книжарниците низ Скопје. Како за почеток. Потоа веројатно и низ Mакедонија. Исто така книгите ќе можат да се купат и на престојниот Саем на книгата. Сепак, по промоцијата сите ќе имаме подетални информации.

Leave a Reply to Археоблог

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име