Home Археологија Најава за промоција на книгата ,,Археoлошки дневник” во издание на Аквариус

Најава за промоција на книгата ,,Археoлошки дневник” во издание на Аквариус

17,560 views
0

 

Не ми личи да бидам скромна кај мене на блог, па само ќе кажам дека пред вистински да се случи печатењето на оваа книга, јас веќе еднашка го посакав тоа. Свесна сум за своите предности и за своите мани. Но најмногу од се сум свесна за квалитетите кои ги поседувам како човек и како археолог. Беше само прашање на време кога еден дел од Археоблогот ќе се укоричи. Некогаш и некаде. Иако тој виртуелно ќе продолжи да постои се додека постои и Интернетот. 🙂

Мислам дека успешно ја одбегнав замката сите овие години да бидам само уште една репликација на македонските весници и секојдневието кое не опкружува. Се надевам успеав барем делумно во обидот на сите вас да ви ја пренесам идејата дека археологијата не е само наука за минатото и мртвите луѓе. Дека е присутна помеѓу нас во секое време и во секаков облик. Всушност с(ветот)е околу нас е археологија. Е сега доста е со хвалоспеви за мојот блог, туку…

Би сакала да напоменам дека во овој случај се работи за своевиден културен фeномен веројатно во светски размери, бидејќи заедно со ,,Археолошки дневник” од печат треба да излезат уште 13 книги на 13 македонски блогери во Едицијата – Блог-записи, зад кои стои издавачката куќа ,,Аквариус” од Скопје. Според издавачот – Блоговите кои влегуваат во оваа едиција се внимателно одбирани, ја презентираат разноликоста на нашиот блогерај: раскази, поезија во проза, лични видувања на теми од политика, секојдневие, општество, археологија, патувања… Сите книги се во Б6 формат, а бројот на страници варира од 60 – 120.

Последниот македонски хакер Патот на душите Од Cabaret до Oz Мисли на празно срце

Пуфлините коцкички Не е сè како што изгледа Антиблог за Филип Петровски Мајмунска стапица

Светлата страна на готиката Кога нема ништо

Морам да кажам едно големо браво за храброста на еден издавач ,,да верува” дека нешто што е напишано во виртуелниот свет, ќе им се допадне и ќе ги заинтересира луѓето од реалниот свет.

Благодарам што сум дел од оваа едиција.

За точниот датум на промоцијата, ќе бидете дополнително известени.

 

п.с. А честитки примам во секое време. 🙂

Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.