Home Археологија Protect the heritage of Republic of Macedonia … write or blog about...

Protect the heritage of Republic of Macedonia … write or blog about it

1,584 views
2

 

Зарем е потребно да се каже дека со секој оставен напис за културното наследство кое потекнува од Македонија, вие истовремено оставате траен запис дека постои. Тоа е најлесниот пат да се ставиме на културната мапа од светот, притоа создавајќи една огромна дигитална архива која може да послужи како појдовна точка за многу проучувања.

На овој начин освен материјалното, може да се заштити на пример уникатното духовното наследството при што се овозможува постојан пристап на секој кој е заинтересиран да го проучува истото. Можеме трајно да го осигураме сопствениот идентитет, во исто време креирајќи јавно добро препознатливо за секого.

 

Во недостаток на други колеги, за жал до сега мислам дека сум единствената на интернет која редовно пишува за археологијата и културното наследство на Република Македонија. Секако постојат написи и на други блогови, но тоа воопшто не е доволно да се отслика ситуацијата која вистински ја имаме на терен.

Затоа заштитете го културното наследство на Република Македонија – пишувајте или блогирајте за него. Блогирајте на повеќе јазици, што е особено важно за вашето препознавање во однос на јазикот, националноста, етникумот итн. Ставајте ги вашите проекти на интернет, направете го достапно за сите. Дигиталниот свет е само еден од можните начини кои ни го покажуваат патот кон нашиот идентитет. Имаме што да научиме од сопственото минато, а се надевам, имаме на што да ги подучиме и другите.

 

Blog for Your Cultural Recognition

Настанот кој го потикна овој блог-пост

2 COMMENTS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here