Дома Лично Jас, лиценцата на Криејтив Комонс и една книга

Jас, лиценцата на Криејтив Комонс и една книга

3,251 views
7

Треба да се знае дека „КК“ не е правна лиценца и не обезбедува правна заштита. Во случај некој да ја злоупотреби, одговорноста паѓа на авторот, сам да си ги оствари своите права преку суд.

Ова е дел од една подолга изјава која ја спремив за весникот Шпиц, а излезе во нивното денешно издание. Дури кога ја пратив ми текна дека тие како весник (барем во печатените броеви) немаат да отстапат толку простор колку што имаме ние на блоговите и сајтовите. Иако тоа можеле да го сторат на нивната веб страница која според Блогот Комуникации е само копија на печатеното издание, што впрочем се однесува и за сите други дневни весници.

Со лиценцата на Кријетив Kомонс за прв пат се сретнав во моментот кога почнав своите написи да ги ставам на интернет. На секој автор кој објавува на интернет свое дело, независно од каков тип е тоа, по автоматизам му се заштитени авторските права сеедно дали е излезен со свои име и презиме или пак под псевдоним. Непобитен факт е дека штом едно дело се стави он лајн, многу е тешко технички да се спречи неговото даунлодирање, преработување или плагирање. Кријетив Kомонс лиценцата е токму во врска со копирањето и размножувањето, но под определени услови. Затоа постојат неколку типа на лиценци, а логото оди под името ,,Некои права задржани“. Можете и вака да го поставите прашањето – Дали е подобро вашето дело самите да го ставите под лиценца на Кријетив Kомонс, ако е на пример книга, или некој да ви ја скенира истата и да ја постави без ваша дозвола анонимно на интернет?

Лично само еднашка сум имала проблем со кршењето на моите авторски права од еден печатен медиум, но сепак треба да се знае дека Кријетив Kомонс не е правна лиценца и не обезбедува правна заштита. Така во случај доколку некој ја злоупотреби, тогаш одговорноста паѓа на авторот сам да си ги оствари своите права преку суд.

Во борбата за што поголем и подобар пристап на информации, ставањето на едно дело под лиценца на Кријетив Kомонс може да биде одлична можност за промоција во светски рамки. Слабиот пробив на оваа лиценца најмногу се должи за малата интернет пенетрација во Република Македонија, но и слабата информираност на самите уметниците кои сепак треба да бидат запознаени со глобализациските придобивки од оваа лиценца. Идејата на Кријетив Kомонс под мотото ,,Сподели знаење” е навистина благородна и сметам дека нејзините претставници во Македонија (во случајот фондацијата ,,Метаморфозис”) би требало да започнат една малку поагресивна кампања. Со тоа веројатно би се зголемилo нашето присуство на мапата на светот, a многу македонски дела би станале подостапни за сите.

Што се однесува конкретно до мене, во припрема е мојата прва електронска книга која ќе биде ставена под лиценцата на Кријетив Kомонс. Ова книга е првенствено наменета за интернет популацијата со цел за поголема популаризација на археологијата во Македонија и светското културното наследство како општоцивилизациска придобивка. Нејзиното пуштање во оптек на интернет не е спорно, само е прашање на време кое зависи од неколку фактори. Секако, доколку некоја од издавачките куќи изрази желба и е заинтересирана да ги публикува моите текстови во печатено издание, со задоволство ќе им отстапам дел од своите авторски права. 🙂

И во овој случај, исто како и со постот за Идентитетот, луѓето едноставно мора да се навикнат дека постои и друго мислење освен она нивното. Затоа скоро секогаш има потреба од вакви јавни изјави.

7 КОМЕНТАРИ

  1. […] но под определени услови. Тоа значи дека секој може да преработи мое дело – но мора да наведе извор – да е то…. Јас се борам за еден подобар свет преку споделување […]

Leave a Reply to Мојот текст е само мој – реакција на соопштението од претставниците на медиумите » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име