Home Археологија Покана за предавање – Aleksandar Durman, Department of Archaeology, University of Zagreb

Покана за предавање – Aleksandar Durman, Department of Archaeology, University of Zagreb

1,745 views
1

 

Во рамките на размената на професори започната минатата година со Институтот за Археологија при истоимената катедра од Загреб, ќе се одржат две предавањата на проф. д-р. Александар Дурман со наслов:

Најраната металургија во Европа – почеток и развој – Среда (12.03.2008)

Небескиот симболизам во Вучедолската култура – Четврток (13.03.2008)

Предавањата почнуваат во 12, 00 часот во салата за седници на Филозофскиот факултет.

Оваа возвратна посета од Загреб доаѓа по повод предавањата кои минатата година таму ги одржаа проф. д-р. Никос Чаусидис и проф. д-р. Драги Митревски од Катедрата по историја на уметност со археологија, Филозофски факултет, Скопје.

Професорот Александар Дурман досега бил раководител на многу археолошки истражувања, претежно од периодите на праисторијата и антиката, а негов топик на истражување се археометалургија, проблемите на апсолутно датирање во археологијата, комуникации и населување. На неколку локалитети ја има истражувано познатата Вучедолска култура која како припадник на балканските култури од металното доба, покрај својата керамика, позната е уште по правоаголниот облик на своите куќи и по тоа што леела бакарни предмети со повеќеделни калапи.

 

Сепак оваа култура (која се протегала од Чешка и Словачка на север па се до Босна, Шумадија и Јадранскиот брег на југ; и од Славонија на запад се до романскиот дел на Банат на исток) се има прочуено благодарејќи на еден сад пронајден при едно ископување во Винковци 1978 година, познат како Вучедолскиот календар. На него се гледаат четири хоризонтални појаси со врежани симболи карактеристични за ѕвездите, кои директно се однесуваат на промената на поединечни годишни времиња. Притоа не смееме да го заборавиме фактот дека оваа енеолитска култура создавала во периодот помеѓу 3000 и 2000 год. п.н.е. и завршила пред воопшто и да почне животот на археолошкиот локалитет Кокино.

 

За информацијата му благодарам
на проф. д-р. Никос Чаусидис

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here